Кајгана ФИЛМ Ви Претставува

Дали е можно од форум да произлезе краток филм?


  • Вкупно гласачи
    49
Член од
14 јуни 2011
Мислења
73
Поени од реакции
9
Креативноста со време затупува. Барем повеќето луѓе на моменти се чувствуваат инспирирани дека можат да осмислат некоја сцена, реклама, па дури и приказна за некој филм. Доста се коментира трудот на другите, тоа е лесно.
Секоја добра идеја вреди пари.
Дозволете да вашата субјективна мисла или изработка добие објективна критика.
 
G

_Ghost_

Гостин
Дали е можно од форум да произлезе краток филм?
Другар, Се е можно ако се потруди човек. Треба детерминација, желба и време за нештото, другото е решлив проблем.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Да, форумот е како виртуелно општество, така да сѐ е можно додека се има желба и доволно луѓе за да го сторат тоа.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Креативноста со време затупува. Барем повеќето луѓе на моменти се чувствуваат инспирирани дека можат да осмислат некоја сцена, реклама, па дури и приказна за некој филм. Доста се коментира трудот на другите, тоа е лесно.
Секоја добра идеја вреди пари.
Дозволете да вашата субјективна мисла или изработка добие објективна критика.
Еве една од мене...

Полн автобус оди по автопат. Мажи, жени, деца, старци се враќаат уморни од работа, од факултет, од лекар...
Во автобусот дечиштата седат, а возрасните стојат и се држат за шипките.
Жените се испотени и баздат на мешавина на пот и парфем, карминот им е размачкан а косата неуредна.
Мажите цапкаат со нозете и тие баздат на пот но не и на парфем, зборуваат за тоа како можат кога сакаат на шефот да му викнат и тој да се потпрцка... толку гласно што ги слуша цел автобус.
Старите пафкаат со модрите усни, под око гледајќи во поседнатите деришта. Под едната рака држат здравствена книшка, а во другата имаат најлон со кромид купен ефтино од пазар.
Дечиштата слушаат музика на својот мобилен. Се преправаат дека дремат, а всушност не сакаат да го станат својот газ од местата на кои што седнале кои претходно како фурија ги зазеле. Двајца сомнителни типчиња во позадина гласно разговараат за тоа да запалат цигара во автобусот а шоферот да не ги примети. И да ги примети, нели, тие се заебани типови.

Низ прозорот луѓето гледаа како одеднаш како куршум ги премина црн мерцедес. За секнда се изгуби од нивниот видик далеку низ патот со своите затемнети стакла.

Да беа малку повнимателни, луѓето во автобусот ќе приметеа дека мерцедесот немаше регистарски таблички...
 
Член од
14 јуни 2011
Мислења
73
Поени од реакции
9
Ми се допадна тоа што апстахираш на крајот од приказната. Често пати тоа може да ја направи приказната многу поавтентична. Се надевам дека е твоја оригинална идеја. :)
--- надополнето: Aug 12, 2011 2:31 AM ---
Идеја - афирмација и препознавање на Македонија како држава. Верувајте во многу држави низ светот луѓето не се ни свесни дека постоеме како нација. Пред месец дена преку некој проект дете од Англија беше сместено кај мене.. креирање на партнерства помеѓу општини. Го раздумав малку, а во муабет тој ми кажа дека во повеќето краеви тамо не знаат за нас. Исто така имам и братучед во друга странска земја. Истата работа и таму. Појма немаат за тоа кои всушност се Македонците.
Моментално работам на некоја кратка приказна но како и повекето работи и ова е комплицирано.
Во исчекување... :) Иначе засега доволно е да го запомтат името без она FYROM.
 
M

MagisterLudi

Гостин
Добар трип ме мава имам размислувано на оваа тема и верувајте не ми е цел да позајмам елементи од претходните два поста. И јас би сакал да ја претставам нашата најпрекрасна земја преку филмче во кое главниот протагонист ќе биде автостопер и ќе си шетка низ македонија.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Е ајде де што напраивте, титаник од ко го најавија до коа го извадија траеше пократко отколку вашиов.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Дали е можно од форум да произлезе краток филм?
Другар, Се е можно ако се потруди човек. Треба детерминација, желба и време за нештото, другото е решлив проблем.
Си се запрашал некогаш дека некој треба тоа да го финансира?Точно е тоа дека не секогаш е во парите..ние знјме дкеа ако некој изнесе идеја све тоа ќе премине кон ремет.Ајде прво да видиме реклама од организатор...
Има тука дечки(најверојатно модераторите дечките од подфорунмот ФИЛМ имаат диплома од драмски факултет)обучебни за таква една офанзива;)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
Има тука дечки(најверојатно модераторите дечките од подфорунмот ФИЛМ имаат диплома од драмски факултет)обучебни за таква една офанзива;)
We meet again, my son.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom