"Брза Помош" - колку е "брза"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување
па прилично е брза ако за 2 секунди се најдеш на шофершајбната од комбето.
 
Доволно брза за кога ќе стигнат само да можат да констатираат смрт на несреќникот. Последниот пат кога ја викав и требаа пола саат за да извозат 3.78 километри (ТОЧНО ТОЛКУ). Ебати тимот што го имаат, кафето да не им избега, мора да го допијат.
 
Моментално ја чекаме веќе 15 минути брзата помош.... на прабабами не и арно а неподвижна е, ај сеа не се нервирај.
 
tetka mi minatata godina dobi srcev udar (normalno vo momentot nikoj od nas neznaese za sto stanuva zbor pa probuvavme da i go izvadime jazikot i da ja osvestime mislevme deka i se slosilo od previsokite temperaturi),zatoa vreme zvonevme na brza pomos ,isto i na mojot postar brat koj bese vo gradot,i veruvale ili ne ,brat mi pobrzo stigna od brzata pomos ...koga dojdoa proglasija samo smrt ... se bese prekasno .. pa zamislete ja nasata reakcija ...
 
tetka mi minatata godina dobi srcev udar (normalno vo momentot nikoj od nas neznaese za sto stanuva zbor pa probuvavme da i go izvadime jazikot i da ja osvestime mislevme deka i se slosilo od previsokite temperaturi),zatoa vreme zvonevme na brza pomos ,isto i na mojot postar brat koj bese vo gradot,i veruvale ili ne ,brat mi pobrzo stigna od brzata pomos ...koga dojdoa proglasija samo smrt ... se bese prekasno .. pa zamislete ja nasata reakcija ...
Ако е срцев удар и да пристигнеле навреме, пак е џабе.
 
да се согласувам,но ние од кај да знаеме предвреме ? Можеби во друг случај ќе станува збор за друго нешто.. пр.епилептичен напад или било што,што има полза од нив .. така да во овој случај ај можеби не би биле во корист,но сепак мислам дека треба да бидат побрзи ..
 
да се тркаат со желка сигурно желката ке ги победи :) а плус и ние сме многу несовесни и ретко кога некој им прави место да поминат што побрзо, мн пати сум бил сведок на идиоти од шофери кои ја игнорираат сирената и наместо да направат пат тие уште толку ги блокираат и кога ке видиш работава е ....
кај киша па и град ги утепал
 
Ако имате дома болен човек на кој му треба брза помош? прво што треба да направите е да најдете луѓе кои ќе можат да го однесат на носилка до брза помош. :)

Шала на страна ова е чиста вистина. На мој братучед му се слоши и пред 2-3 год. кога дојде брзата помош дојде само 2 лекарки и еден возач кога требаше во носилка да го однесат прво што ни рекоа дали има други тука кои ќе можат да помогнат да го кренат и да го однесат во амбулатно возило. Од оваа случка а и видов седна друга случка сватив дека брзата помош повеќе е како транстпортно средство до болница со кои ќе мораш да наоѓаш дополнителни луѓе да кренат човеќ бидејки самите не можат? Што мислите колку е добра Брзата помош. бидејќи и онака до Автокоманда и требаа 15 минути да дојдат. еве едена случка.
68-годишен пациент од Скопје, кој пред неколку дена имал лошо искуство со екипата на Службата за итна медицинска помош. Тој си ги кажа маките како се пробивал низ здравствените лавиринти за да дојде до помошта која му значела живот.

„Ми беше многу лошо и изгубив свест неколку минути. Иако брза помош беше повикана дојде дури по половина час. Да не беа моите блиски, сега сигурно ќе ме немаше“, раскажува за своето патешествие овој пензионер кој имал тешки проблеми со срцето.

Брза помош повикала неговата внука која живеела близу до нив. Изгубиле повеќе време додека со диспечерката од Итната служба се убедувале зошто не се јавил некој од домот на пациентот. Објаснувањето од Итната служба било дека треба да се осигурат да не манипулира некој со нив, зашто имало случаи кога оделе на лажни повици и губеле драгоцено време. Внуката на пациентот стасала побрзо од медицинскиот тим, иако пункт на Итна помош има само на два чекора од зградата каде што живее пациентот.

„Кога стасаа, веќе бев свесен, само со здрвена вилица и се' уште ми се вртеше. Ми измерија притисок. Веднаш констатираа дека срцето ми работи многу слабо и дека сум за болница. И друг пат ми се случувало да ми се слоши, па си реков дека ќе ми мине и одбив да ме носат во болница. И за нив заврши работата. Не ми дадоа никаква терапија“, раскажува пациентот, додавајќи дека не сакал да оди во болница бидејќи стравувал дека ќе нема пари да го плати лекувањето, оти живее со пензија од 5.000 денари.

Но, за еден час повторно му се влошила состојбата и пак изгубил свест, но овој пат малку подолго од првиот пат. Неговата внука повторно повикала брза помош, која сега стасала за нецели десет минути. „Уште на телефон ни рекоа да си најдеме луѓе за носење. Каква е оваа итна помош ако не може болните да ги подигне од домот и да ги однесе до болница“, прашува болниот кој живее на трети кат, а зградата нема лифт.

Лекарката уште од врата делела совети да се најдат комшии или други луѓе за да се крене пациентот.

„Објаснувањето беше дека носилката е тешка и нема кој да ја подигне, зашто во возилото се само сестрата, лекарката и возачот. Па докторката предложи да се побараат комшии кои во ќебе ќе ме симнат по скалите. Ќерка ми, како што ми вели, се растрчала по становите да бара луѓе да помогнат. На крај морала да повика и работници од соседната зграда кои заедно со соседите ме изнесоа од дома на столче“, со гнев објаснува болниот и вели дека маките не му завршиле тука, бидејќи додека го симнувале по скалите, уште неколку пати се онесвестил оти бил во исправена положба.

Кога го сместиле во возилото лекарката му дала инфузија. „Откако ми вклучија инфузија, заедно со ќерка ми не' оставија сами одзади, а екипата се смести на предното седиште до возачот. По пат на секое трускање ми беше се' потешко. За волја на вистината возачот гледаше да стаса за пократко време“, тешко се навраќа на лошите моменти болниот.

Врвот на патешествието на овој пациент било кога стасале пред Клиниката за кардиологија. Место да се повика персонал од клиниката, возачот му рекол сам да се префрли од количката на возилото на количката од клиниката.

„Не знаев каде сум од тоа што ми се вртеше и се губев, а тој ме тераше сам да се симнам и да се префрлам на друга количка. Внуката кога ме виде, се развика: Зар не се јавивте дека носите итен случај за некого да го пречека. Лекарката и' рече дека тоа не им е практика“, вели пациентот.

Во ургентната амбуланта на Кардиологија на дежурната лекарка само и' било пренесено каков проблем има болниот и што му дале како терапија и си заминале. „Персоналот во амбулантата се насмеа за дадената терапија и само рекоа - атропин во инфузија, бог да чува“.

На Кардиологија веднаш му било утврдено на пациентот дека има голем проблем со срцето и за пет минути бил пренесен на интензивна нега, каде што за половина час му било поставено апаратче кое ќе му помага да работи срцето, бидејќи имал пулс од 20 отчукувања во минута. По два дена, му поставиле пејсмејкер.

„Се зачудив како за толку брзо ми го решија проблемот и за три дена откако бев примен, ме пуштија дома. Зборуваат дека во јавното здравство не се експедитивни и немаат материјали, а овде беше се' е како под конец“, додава пациентот.

Како што налагаат правилата во здравството, за да си замине од клиника на болниот му била издадена потврда со која матичниот лекар ќе може да издаде болнички упат. Во целата несреќа, пациентот имал среќа што бил ургентен случај, па ги прескокнал сите чекори предвидени со новото упатување и дирекно стасал на клиника.

9C1987748BFA8445BAD18521F0F21898.jpg

Што мислите за сето ова?
 
Чиста вистина, ми се има случено два пати случено да се најдам во ситуација каде што треба некој да го сместат во амбулантното возило, па сестрите бараа помош од минувачи :tapp:
 
Уф, во мојот град ептен е брза 3 пати ќе умреш и ќе воскреснеш додека да дојде треба да се преименува во Супер спора помош, а тие диспеџерките што работат може да се случи да пијат кафе во дворот, да се шеткаа све зависи од времето надвор и ако по некоја случајност ти одговорат на повикот додека се разбереш и по 4 пат ке умреш и воскреснеш ...
 
Абе не прајте вака леле.. министерон ако ве сумит... ќе им ојт на контрола препраен во прегазен пешак...
 
Моето искуство е од пред една година,а верувам дека ништо не е сменето од тогаш.
Тогаш ја изгубив мајка ми од лекарска негрижа,10-тина дена мака мачев со брза помош.Не беше проблем само брзината,него и тоа додека ги намолиш на телефон,јас цела упаничена плачејки ги молам да дојдат им викам мајка ми ке ми умре дома,да дојдат побрзо,тој од тамо ми вика сакаш во болница да умре...страшно беше тоа,се бориш за родител а некој си прави вицови на мојата мака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom