Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Би сакал ли некој да ми даде линк да ја симнам играта и да симнам се што треба за да почнам да ја играм? фала мноооогу :)

Прв прв пост во 100 страна :)
 
Имаш играно со нив? Запознаен си со нивните правила при трансфер политиката? Јас не викам дека се слаби ама треба да имаш многу среќа за да ја освоиш лигата.
Запознаен сум со нивните правила .. имаат солиден тим ..
 
Предизвик е да ги симнеш Барса и Реал од првите две позиции , поготово Барса .
Па така почнав со Виљареал . Има мало стадионче со 23000 , долг према банка од 600 илјади евра секој месец до 2018 и не така лоши играчи .
Првата сезона се едно - две засилувања стигнав до 4 место ( Валенсија ме помина во последно коло за 3) ЛШ после групи изгуби од Марсеј и го осовоив купот на среќа зашо Реал испадна а Барса во финале ми играше со втор состав . До полусезона ми идеше топ , меѓутоа на 28 јануари ми се деси најголемиот малер што сум го имал досега во моето играње . Ми се повредија Нилмар и Роси на 6 односно 5 месеци на иста утакмица а пари за трансфери 0 . И така позјмив тиња играчи и изгурав некако до 4 место .
Вторава сезона има шанси да завршам 3 . Куп играм сега со Реал ( ако играат со втор состав може ќе ги поминам ) и ЛШ поминав групи и играм со Милан .
Направив нколку интересни трансфери . Ги донесов Вилиан , Бокети , Витцел од Бенфика , Нианг , Рондон и еве сега преговарам за Инлер .
Ќе ми требаат неколку сезони да се средам со оглед на буџетот за трансфер од 15 милиони оваа година . Продавав играчи , некој ги земав на рати .
Се надевам и дека за некое време ако не изградам стадион барем ќе го надоградам постоечкиов . И да се средам со финансииве малку . Терените за тренинг ги надоградувам зашо се тиња . За првиот тим сега го праам и ме чинеше 7 мил .

Поз па како ќе напредувам ќе пишам

Нианг е можеби најдобриот напаѓач во играва :eek:
 
Запознаен сум со нивните правила .. имаат солиден тим ..
Знам дека е добар ама за да освоиш шпанска лига пред Реал и Барса треба нешто повеќе.
 
Знам дека е добар ама за да освоиш шпанска лига пред Реал и Барса треба нешто повеќе.
Абе аман сега со австрија до 19 години играм и се мислам да ја избришам играва почна да ме нервира .. немаат лев бек , само 2ца напаѓачи ужас е ..
 
Конечно во четвртата сезона успех со Сабадел. Откако во втората сезона ги внесов во Примера, во третата успеав да се изборам за опстанок, стигна и успех во четвртата сезона. Финале во Копа Дел Реј. Имав голема среќа што до финалето не ми се падна еден од Реал, Барселона, Валенсија, Валенсија може да ги добијам во еден натпревар меѓутоа во два нема теоретски шанси. Сега баш со Валенсија ќе играм во финалето, па зошто да не освојам и титула, мада не ми е ни толку важно, важно е што играм финале, автоматски со тоа и квалификации за Куп Уефа, што би донело многу поголем приход понатаму. Оваа сезона во првенството добро ми оди, 12то место со овој тим и неможе да очекувам нешто повеќе, здравје за десетина години може ќе се борам со Реал и Барса за титулата. :D

Еве го и патот до финалето:

TpPs.jpg
 
некој ако може да ми каже шо да напраам, за да играм со македонски тимови.
 
Започнав нова игра со Нотингем Форест. Време е овој клуб да се врати таму каде што припаѓа....на врвот на фудбалскиот свет!

Потпишав за клубот. Ветив дека ќе бидам во горниот дел на табелата во втората англиска лига. Со буџет од 2 милиони евра немав многу избор. Ги направив следниве трансфери:

transfers20112012.png


Сезоната беше доста интересна. Ни јас не очекував но се најдов во позиција да се борам за првото место. Борбата беше со Вест Хем.
И во куповите добро ми одеше. Во Карлинг Купот стигнав до полуфинале, каде изгубив од Челзи.
А во ФА купот имав повеќе среќа, не наидов на англиските титани па го освоив купот.

nottinghamforestfacupwi.png



На крајот на сезоната завршив и прв на табелата. Ја освоив втората лига а воедно си осигурав место во Лига Европа.

npowerchampionshipnottm.png



Да се пофалам дека нападот работи беспрекорно, но имам проблем со одбраната, примам многу голови.

Сега сум на средина на новата сезона. Моментално сум 9-ти во Премиер Лигата. Ветив дека ќе избегнам испаѓање, а добро ми оди.
За тоа каков тим изградив, какви резултати постигнав...на крај на сезоната ќе кажам!

Значи продолжувам од претходно!

Откако влегов во Премиер Лигата тоа значеше и повеќе пари, така да управата ми даде буџет од 20 милиони евра, а моја работа беше да избегнам испаѓање!

Сепак тие 20 милиони ги искористив до максимум, тотален ремонт на тимот а повеќето трансфери ги плаќам на рати. Ете ги трансферите за 2012 / 2013.

transfers20122013.png



Како освојувач на ФА купот требаше да играм Комјунити Шилд со шампионот т.е Манчестер Јунајтед.
Ги добив со 2-0 бидејќи ми играа со комбиниран состав.

communityshieldwinners.png



Првиот дел од сезоната очекувано беше лош бидејќи имав многу нови играчи во тимот и требаше време да се вклопат, но затоа вториот дел ми беше многу добар.
Во текот на сезоната успеав да победам неколку фаворити. Сити ги добив дома, а на гости играв нерешено. Арсенал ги добив дома, Тотенхем ги победив на гости единствено од Ман Јунајтед ги изгубив и двата натпревари.
Вреди да се спомне дека имам многу добар напад. После Сити и Јунајтед имам најмногу постигнати голови ама за жал одбраната ми беше лоша до полусезона кога го зедов Shawcross!
На крајот на сезоната завршив 7-ми, што беше над сите очекувања.

barclayspremierleague7t.png



Значи претходно како победник на ФА купот требаше да играм во Лига Европа. Откако влегов во групната фаза терав многу далеку, неочекувано ама дома немаше кој да ме победи.
Стигнав до финалето! За да стигнам до таму ги елиминирав Леверкузен, Наполи, Милан. А во финалето играв со Манчестер Јунајтед! И ете го исходот:

leagueeuropawin.png


Успеав да им направам пресврт! Добро и среќата беше на моја страна нормално ама може да се каже дека Нотингем Форест полека се враќа на врвот !

To be continued....
 
Пол Погба, Шокрос и Бертранд ти се многу добри транфери. Мене Бертранд ми беше прв избор лев бек за Англија како и Шокрос стопер. А и Погба супер се развива на играва.
 
уфф ми олесна .. се оттарасив од репрезентацијата на австрија у19 .... никаков тим . играчите немаа професионални договори освен еден .. и само он можеше да се мотивира .. друго све тапа . само ако водев прво полувреме и тогаш се мотивираа и другите .. сега го раскинав договорот со австрија и ги водам алжир се надевам после оваа репрезентација на понуда од некој клуб ...
 
оh the reality...

H6dE.jpg


Го отпуштија Ташак, конкурирав ја за местото ме одбија, и си реков па океј, ја моментално сум со само освоена Сегунда, ќе земат некој поафрирмиран, тие запослија некојси Дејан Колев, со бланко историја... :tapp:

Инаку, отидов на одмор 1 месец, и у тек на тоа стигнала понуда од Чиле да им бидам селектор и сум ја прифатил... да беше уз игра ќе ја одбиев, али ај, имаат солиден тим вака од прва, али не ги поминале јужноамеричките квалификации... :eek:

Плус на 8ката или 9ката, незнам која беше точно ги играв и станав светски шампион со нив, го открив Алексис Санчез тогаш, па ќе видиме... :D
 
Конечно во четвртата сезона успех со Сабадел. Откако во втората сезона ги внесов во Примера, во третата успеав да се изборам за опстанок, стигна и успех во четвртата сезона. Финале во Копа Дел Реј. Имав голема среќа што до финалето не ми се падна еден од Реал, Барселона, Валенсија, Валенсија може да ги добијам во еден натпревар меѓутоа во два нема теоретски шанси. Сега баш со Валенсија ќе играм во финалето, па зошто да не освојам и титула, мада не ми е ни толку важно, важно е што играм финале, автоматски со тоа и квалификации за Куп Уефа, што би донело многу поголем приход понатаму. Оваа сезона во првенството добро ми оди, 12то место со овој тим и неможе да очекувам нешто повеќе, здравје за десетина години може ќе се борам со Реал и Барса за титулата. :D

Еве го и патот до финалето:

TpPs.jpg

Стигна и првиот трофеј:

mBPAr.jpg


Какво финале.. :cuc:
 
Му се десило на некој ова? Играм со Реал Овидео против некои Пумарин и наеднаш...

dcIXD.jpg


Ролан Гарос! Прв пат ваков терен да видам...
 
^ WTF!! Хах првпат гледам ваков терен. Сум играл на катастрофални терени ама како овој не...:eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom