off: Па добро бре.. Како може на секоја тема каде што сте вие тројца, матер да и расплачете. Постојани препукувања, провокации, навреди, мерење на кој му е поголем ... Со вашите невкусни постови, темата е отидена оф топик. Само не ми е јасно што постигнавте. Сите знаете за опцијата Игнорирај, но сепак не труете овде со вашите „размислувања“ (како вистината на светот да ја докажувате додека се расправате).
Пријателски совет: Петар - твоето пишување најмалце наликува на „академски граѓанин“, па се сомневам и дали всушност си еден. Или пак немаш на кој друг да си ги искажеш фрустрациите па ајде удри по македонската „проста“ маса.
Ипси - па мајке ми, немора постојано да го хранеш егото на Петар, со тоа што на секоја провокација ќе му вратиш. Со тоа се спушташ на негово ниво, и во постојаната битка што си ја водите овде на форумот, баш поради твоето одговарање на неговите навреди, тој победува.
Хепта - ти си арен, Те љуби Неса
on: Религиозните кампови постојат уште многу одамна. Единствена цел е да направат профит, на сметка на верниците. Жално е што верниците не го сфаќаат тоа на таков начин, бидејќи мислат дека со учество во тие храмови Бог ќе им напише +. Мики1 еднаш кажа дека сите пастири, попови, религиски водичи, ќе одговаарат пред Бог за тоа што погрешно ја шират верата и што намамуваат верници за нивен профит. Но што станува со душите на тие што се лажно наведени на такво верување, зошто и тие да одговаарат со иста цена за сторените дела. Тие верници и онака не знаеле подобро, така им кажал некој попросветлен од нив, така направиле.
Во една средина каде таков камп е најголемото религиско достигнување за заедницата, доколку некое семејство не го посетува ќе биде презирано и „напаѓано“ од останатите следбеници. Значи крајна цел на верските кампови е „контрола на широката маса“, да им се забрани на луѓето да размислуваат.