Откако ги знанемариме нациите, светот ќе биде поубаво место за живеење.
If we were to wake up some morning and find that everyone was the same race, creed and color, we would find some other causes for prejudice by noon.
People are people the world over. Some are good, some bad, some greedy and some generous. Nations are like people and act the same way.
-George Aiken
Огромна грешка си. Модерните нации и модерниот национализам како таков се појавува 18-19 век. Пред тоа луѓето живееле во хармонија, слога и љубов? Апсолутно нема врска, уште пострашни терори имало и пред создавањето на нациите какви што ги познаваме денес.
Не може за се да се обвинува структурата на концептот на нација. Апсолутно не може.
Проблемот е во човекот и неговата желба за превласт, слава, глорификција и секако моќ. Политичарите прават се за апсолутна доминација, најпрво во својата држава, а оние светските лидери се борат за светска доминација. Ретко ги прашуваат своите народи што всушност сакаат. Поголемиот дел од обичните луѓе се против војни како такви и одбиваат да земаат учество во истите, а во исто време се гордеат со својата нација, националност и држава. Моќта корумпира, апсолутната моќ апсолутно корумпира, ова политичарите најдобро го знаат и затоа ги користат сите средства како би можеле да ги остварат своите цели. Мешањето на нацијата како таква во овој муабет е неповрзана на ниеден начин.
Проблемот лежи во сржта на човекот и неговото “незаситно око“, а не во нациите.
Можеш да бидеш горд припадник на одредена нација, без да ги провоцираш, навредуваш и повредуваш другите.
Кога си горд припадник на одредена нација и плус си опасен иредентенист и ксенофоб, тогаш настанува проблемот и избиваат куршлуси.
Демек ако нема нации, од утре сите ќе се сакаме, нема да постои омраза и сл. А оние сериски убици и силувачи кои убиваат и силуваат луѓе кои се по националност исти со нив? Постоењето на нациите е криво и за овие девијантни појави?
Не може човек да ги обвинуваа нациите, само затоа што човештвото е расипано и труло. Тоа е како да го обвинуваш дрвото, затоа што едно јаболко влегол црв.