Без Првородената и Уникатна Мудрост БОЖЈА - Христос - навистина никој и никогаш неможел (нити пак некогаш ќе може) да го спознае Совршениот БОГ и Неговата Совршена Волја!
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
(Ев. Матеј 11:25 ...)
Од непроценлива важност за сите нас е со детско срце да веруваме во Љубовта БОЖЈА ... и да не престанеме да благодариме кога невозможното за нас - поради Милоста БОЖЈА - постанува возможно!
Нема друг бог освен יהוה БОГА!
Во ИСУС како човек Тој Ја отелотвори
Својата Совршена ВОЛЈА, Совршена Мудрост, Совршено Слово
Тоа е Негово Семе, Негова Рака, Негова Нога!
Секој може да биде спасен во Името и Срцето Христово !