Прв приватен универзитет - Европски универзитет

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Блонди ај бе не туку збори глупости. И на државни ако ти е за пари ќе си завршиш. Мислиш некој ако е на државен интелект е одма или па нема шанси да заврши ако е глуп?

Еве ти споредба - и јас сум на електро и сум еве од тие што имаат гз според тебе да студираат на тој факултет ама знаеш, со мене у прва у група беше внук на професорка, 3 пати дали го видов во годината и све положи човекот. Мераци бе, на исто рамниште ставен со тие што идеа на предавања и киснеа на факултет. А цела година си го ладеше типот.

Дај веќе сфатете дека дипломата не е битна ако умот ти е празен и немаш акл, ко баба ми да ја слушам ви се постовите на повеќето.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Не се секирај ти за мене. :) Јас сум дипломиран професор (тие што ме имаат на фб и што ме познаваат, знаат по што сум професор)...
Имам јас на УКИМ дипломирано и во цел свет ми е призната дипломата.
Многу изгубени нерви, непроспиени ноќи, жртвување на приватниот живот, стесови и сл - 6 ипол години така...Но вреди...Станав професор во реномирана образовна институција, а не во вечерно школо за полуписмени мамини и татини синчиња...
Поздрав!
Ај бе немој молимте. Немој барем ти, професор во РЕНОМИРАНА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА, да ми објаснуваш за квалитет, и како тој испливува на површина. Немој барем ТИ, пресно вработена во ПРОСВЕТА да солиш памет овде. Јасно е ко ден како се станува професор во РЕНОМИРАНА ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА.
А јас, мерач на маси во бифина, се нафаќам уште УТРЕ да појдиме во ЕУРМ, да ги земиме сите мој тестови што сум ги полагал, да ги копираме во три примероци, и да ги дадеме на професори од државни РЕНОМИРАНИ факултети, да ги прегледаат. На ЕДЕН ако паднам, јас ветувам дека ќе си ја искинам дипломата.
Плус, професорите сите до еден што ми предаваа беа угледни професори од државните РЕНОМИРАНИ факултети.
Одговорно тврдам, дека ако се запишев во Прилеп на факултет, далеку полесно ќе го завршев одколку во ЕУРМ. Овде од 20 професори, минимум 10 ќе ги фатев со врски, и само ќе се појавував на испит. Таму буквално НИКОЈ немав. Јас си знам како пред и во колоквиумски недели не сум излегувал од соба, натупан со нескафина, кока коли и кетонали ко че ме заболеше глава.
А како за пример, цимер имав од реномираниот државен правен факултет, смер политички науки, кој одеше на испит/колоквиум, без да знај што полага, и се враќаше дома со 32 од 35 можни поени. Како?-го прашувам. - Еми брат со заокружување, околу мене 10 души, глуп да бидиш, че препишиш.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785

Цел свет !!!???Професор !!!!???6 и пол години ??!!!!WOOOW.
Watch out, we got a genius over here!
Ги жалам децата со ваква професорка.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Аман бе смири се, интернет доба е ова и сите имаме другари на Европски, кого ќе залажеш? :)

Имам и јас другари на тие факултети, па вадеа муабети дека асистентката им помагала на колоквиуми и прашањата им ги давале предтоа, на други предмети ваделе дел од материјата да се учи или 30 прашања па научете, 10 паѓаат. Немој жити мене, пошто дури и да ми докажеш дека си во право за "тешкотијата", ти ќе испаднеш наивен што воопшто си се запишал таму. :)
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Каков црн професор, какви бакрачи! Јас се кладам дека нема ни П од професор ( сигурен сум дека тоа и е неостварена желба), и тука нашла да дроби т.е. да сере за Европски. Она да е професор нема да го напише тоа верувај.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 20:02 ---
Каков црн професор, какви бакрачи! Јас се кладам дека нема ни П од професор ( сигурен сум дека тоа и е неостварена желба), и тука нашла да дроби т.е. да сере за Европски. Она да е професор нема да го напише тоа верувај.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 20:05 ---
Аман бе смири се, интернет доба е ова и сите имаме другари на Европски, кого ќе залажеш? :)

Имам и јас другари на тие факултети, па вадеа муабети дека асистентката им помагала на колоквиуми и прашањата им ги давале предтоа, на други предмети ваделе дел од материјата да се учи или 30 прашања па научете, 10 паѓаат. Немој жити мене, пошто дури и да ми докажеш дека си во право за "тешкотијата", ти ќе испаднеш наивен што воопшто си се запишал таму. :)
А на државен да се запишел ќе испаднел наивен?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Блонди ај бе не туку збори глупости. И на државни ако ти е за пари ќе си завршиш. Мислиш некој ако е на државен интелект е одма или па нема шанси да заврши ако е глуп?

Еве ти споредба - и јас сум на електро и сум еве од тие што имаат гз според тебе да студираат на тој факултет ама знаеш, со мене у прва у група беше внук на професорка, 3 пати дали го видов во годината и све положи човекот. Мераци бе, на исто рамниште ставен со тие што идеа на предавања и киснеа на факултет. А цела година си го ладеше типот.

Дај веќе сфатете дека дипломата не е битна ако умот ти е празен и немаш акл, ко баба ми да ја слушам ви се постовите на повеќето.
Да имаше во Македонија универзитет како Шефилд или Сорбона, ние ќе бевме прави среќници, па уште и да си дозволевме да студираме таму ќе беше супер, но тука е тоа што е...Од ова што ни се нуди кај нас сепак УКИМ е најреномиран универзитет. И тоа што јас го мислам за Европски, го мислам и за ФОН и за оној т.н Универзитет во Тетово, Штулов или како и да се вика...Па и за оние од внатрешноста факулетти кадешто професорите ракија пијат на предавањата...Ги отворија само Грујо да се рекламира, а повторно доаѓаат во Скопје да студираат (секоја со различна причина нели?)
Од она што го напишав погоре за вашиов т.н факултет стварно го мислам, но јас до сега не сум сретнала исклучок (што не значи дека не постои)...А за професорите што предаваат, односно прават трансфери тоа е заради поголема плата и ништо друго...
И не реков јас никаде сум вработена, туку мислев дека со ова звање се здобив на еден факултетите на УКИМ - не сакам сега да именувам на кој факс и што како,,,(тие од форумов што ме имаат на фб знаат подетално...) :)
Иначе секаде има такви срања како што кажуваш...И ние свашта сме се изнагледале и изнаслушале и истрпеле ама тоа е...
Јас немав пишувано квадрат, ама бев 2 ипол години апсолвент, а се прашувам да бев на вашиот Европски - Кој ќе се осмели мене година да ми бутне кога јас давам толку пари за да учам таму и го финансирам оној лоповон Бојо Андреевски ? Впрочем вие сте пишале ли квадрат некад на приватен факултет? Сте бркале ли услов? - Жими мајка :tapp: ...И сте имале ли ситуација буквално за една 6-ка тортури да трпите и да се утепувате од учење? Впрочем дали некој воопшто 6-ки добива на овие квази факултетти?
И доколку навредив некој се извинувам, но тоа е моето мислење во врска со ова и нема никогаш да го променам...Можеби некој ден ќе сретнам некој исклучок...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дечки има време, ќе почнете да трчкарате по интервјуа за работа. Ќе видите како пазарот за труд ја прави разликата. Не еднаш првото прашање кое ми го поставиле било: На кој факултет имаш завршено. Еден човек дури и отворено ми рече дека нема никогаш да вработи правник во својата канцеларија од приватен универзитет. Воопшто не е ни битно на крај краева што мислам, јас, блонди или ди џеј, битно е што мисли работодавач, а јас барем од искуство, значи не зборам на памет, знам дека се третирани како класа подолу. А работодавачот го има последниот збор.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Или со една мисла, има живот и после факултетот и не е многу сјаен :)
Инаку да и на државен има некои што поминуваат со пари, ама ако седниш и научиш, никој нема да ти побара ако сам не се понудиш, главната разлика е што вие на приватен ќе ги соголите родителите за нешто над 8.000Е, додека ние на државен околу 1000Е, зависи што факултет некои може повеќе некој може помалку, со услов да се зема година за година. Е сега кога ќе почнете работа да барате, ако сте среќни да ве примат, тој од државен ќе ги поврати парите за помалку од година, додека за тој од приватен многу повеќе. Што значи врз база на парите што ќе ги фрлиш, поисплатлива инвестиција ти е државен отколку приватен, бидејќи во Македонија и нема некоја голема висина на плати, кои би се мереле во милиони, после факултет најголем број потегнуваат врски за да ги вработат децата, значи не зборуваме за некое натпросечен интелигентен човек, што значи во рамките на просечноста поисплатлива варијанта ти е државен.
Некој ги рамни нашите со америчките, ама таму на приватните ако си одличен студент, уште првата година ја вадиш школарината, иако морам да признаам прилично се високи тие школарини од 25-35 илјади долари на годишно ниво, а ако си на некои од престижните приватни (да не ги редам), после неколку години во бизнисот ти си човек кој сигурно ќе заработува по некој милион годишно.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
На 22 години си дипломиран, на 23 си магистер и ако немаат твоите некоја приватна фирма оди слободно барај некој да ти даде менаџерска позиција некаде.....
Само на ова ќе ти реплицирам, затоа што јас дипломирав на 21, еве ќе полнам уште малку 23 и кај и да е ќе земам тема за магистерска, а дипломирав на државен факултет, и мастер студиите ми се исто така на државен. Сакам да ти кажам дека нема врска тоа кога ќе ги завршиш студиите и на колку години. Моето искуство на државен ми покажа дека и таму ги има таквите од болдираниот муабет. И тоа премногу. Деца на угледни семејства без разлика дали се газди на фирми или имаат јаки врски во македонското општество и се однесуваат како да се најпривилегирани на светов, а уште од прва година знаат каде ќе работат, без трошка почит спрема професори кои навистина заслужуваат почит.

За останатиот дел од муабетот нема да реплицирам, затоа што во суштина немам ништо против приватни факултети, секој си го бира својот пат, јас сум одбрала да одам на државен, а што другите ќе одберат е нивен проблем и нивен живот, затоа и не навлегувам во оваа дискусија, чисто само за цитираниот пасус сакав да ти реплицирам дека годините кога ќе се дипломира не се пресудни за квалитетот. :)

Поздрав и секое добро. :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Јас завршив на ЕУРМ, како студент од внатрешноста исто ми се фаќаше дали ќе студирам на државен Скопје или на ЕУРМ во Охрид. Ме фати околу 7000 евра за 3 години, Скопје ми идеше по пресметките за стан и одвоен живот дури и поскапо за 4 години.

Завршив информатика и работам самостојно пошто каде што живеам нема развиена ИТ индустрија. Среќен сум со заработката и можам да кажам дека познанствата што ги направив на ЕУРМ ме донесоа таму каде што сум сега и нормално трудот вложен во тоа што го работам.

Поентата ми е, факултетот не ве прави човек туку ви е само билет за понатака. Можете и без него, но полесно е со него. Се е до вас, колку труд ќе вложите толку и ќе добиете. Дали билетот ќе го купите од реномирана продавница или уличен препродавач сеедно е ако не знаете да го искористите.

Јас имам доста пофални зборови за ЕУРМ каков што беше пред 4-5 години, денес незнам што се дешава но имам и доста критки кои највеќето се однесуваат кон политиката за полабави критериуми во оценувањето. Го сфакам тоа дека е привлчено за студентие со подлабок џеб но ствара лоша реклама.

Ако имаш желба за учење дефинитивно ЕУРМ е подобро место за студирање. Сите услови што може да ги понуди еден универзитет ти се достапни како професори, асистенти, студирање во мали групи и опрема. Тоа на државен сеуште е сајнс фикшн.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Море што туку напинате,секој со среќата и чао.Ако мислите вие од на државен дека со дипломата сте многу јаки сте се зезнале.Потребно е надоградување после дипломата.Факултетот е ништо во денешно време.Јас како прво никој не би примил само брз основа на диплома од било кој факултет,денес секој може да земе.
Ви се чудам на умот што се надевате дека врз основа на дипломата ќе се вработите.На интерјуто како што спомнавте погоре,потребно е да се докажиш како личност,а не да се потпираш на дипломата.Од 1000 апликанти ево нека се од државен факултет,како ќе ја оцениш најдобрата личност?Според дипломата?.Така да не летајте многу државњаци.Квалитет се бара денес.А квалитетот не се стекнува само од факултетот.Прво прочитајте илјадници страни стручна литература која стварно ќе ви треба,а не оние ваши уцебници од по 600 страни од кои само 200 требаат.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
И тоа што јас го мислам за Европски, го мислам и за ФОН и за оној т.н Универзитет во Тетово, Штулов или како и да се вика...
Впрочем вие сте пишале ли квадрат некад на приватен факултет? Сте бркале ли услов? - Жими мајка :tapp: ...И сте имале ли ситуација буквално за една 6-ка тортури да трпите и да се утепувате од учење? Впрочем дали некој воопшто 6-ки добива на овие квази факултетти?
И доколку навредив некој се извинувам, но тоа е моето мислење во врска со ова и нема никогаш да го променам...Можеби некој ден ќе сретнам некој исклучок...
Ах, фрустрации, фрустрации...
Тој "т.н. Универзитет" во Тетово (меѓу народот познат како Штулов, патем се вика Универзитет на Југоисточна Европа) има факултети кои се десет пати подобро организирани отколку државните и од таму излегува способен кадар. Универзитетот е правен по американска програма, професорите имаат знаење и стручна подготовка и единствен недостаток му е што се наоѓа во Тетово, па луѓето си создаваат предрасуди заради тоа.
И, да, на приватните факултети и те како има луѓе што пишале квадрат или плаќале по 400 евра казни за неположени испити. Ни останале предрасудите од периодот кога се отворија приватните универзитети дека само со пари се поминува таму. Сега се бара и учење. И, имам блиска роднина која работи во една од најпознатите маркетинг агенции во Македонија, и погоди што? 90% од вработените во агенцијата имаат завршено на Штулов.
Ти може да не го менуваш мислењето и да мислиш дека си добила којзнае што со студирањето на УКИМ, но не си добила ништо повеќе отколку некој кој студирал на Европскиот Универзитет, ФОН, ЈИЕ или било кој од факултетите. На приватен факултет го добиваш истото што го добиваш и на државен, минус малтретирањето по ладни/претопли амфитеатри, групи од 200 луѓе, немање компјутери, принудно купување книги од професорите, трчкање по нив по ходници, полагање кога ќе благоизволат да се појават... Да не заборавив нешто? А, да, и изигравање полубогови на пола од нив. Нека ме дополни некој ако заборавив нешто од радостите на УКИМ.
За студентите, факт е дека има лешпери и на државните и на приватните факултети. Кој сака да научи, ќе научи и ваму, и таму. Имам другар кој заврши економија на ЕУРМ и доби стипендија за постдипломски на LSE, кој е врвен факултет за економија. Друг кој заврши информатика и се вработи во SEAVUS. Другарка која заврши економија, исто така, сега работи во Стопанска Банка како директор на експозитура.
И не треба да се гордееш што си била две и пол години апсолвент. Soooooooo hardcore! Не те направило тоа највечи фраер во маало (или највеча фраерка, да не речеш сум го згрешила родот). Си била апсолвент толку време зашто не си учела. Или не, некој професор бил безобразен? Или асистентот не те сакал, не си му била симпатична? Освен ако не ти се случило нешто што те спречило на време да ги полагаш испитите, друг изговор нема. Ако ти се случило, се извинувам за осудата.
Што сакаш кажи, познавам еден куп луѓе на СИТЕ државни факултети (економски, правен, филозофски, филолошки, електро, машински) кои учеле и завршиле на време, да, да, на 21 или 22 години, кога впрочем и е логично еден човек да заврши факултет кој по програмата трае 3 или 4 години, а не е спречен во тоа од виша сила.
Инаку, таа легенда со интервјуата "не примаме од приватни факултети" одамна замина во неповрат. Не прашуваат веќе "од кај ти е дипломата" туку "што знаеш да направиш". Така што, ви паѓа во вода и тој муабет.
Извини ако можеби постов зазвучи непријатно, ама па и мене некако непријатно и закоравено ми зазвучеа твоите предрасуди.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да имаше во Македонија универзитет како Шефилд или Сорбона, ние ќе бевме прави среќници, па уште и да си дозволевме да студираме таму ќе беше супер, но тука е тоа што е...Од ова што ни се нуди кај нас сепак УКИМ е најреномиран универзитет. И тоа што јас го мислам за Европски, го мислам и за ФОН и за оној т.н Универзитет во Тетово, Штулов или како и да се вика...Па и за оние од внатрешноста факулетти кадешто професорите ракија пијат на предавањата...Ги отворија само Грујо да се рекламира, а повторно доаѓаат во Скопје да студираат (секоја со различна причина нели?)
Од она што го напишав погоре за вашиов т.н факултет стварно го мислам, но јас до сега не сум сретнала исклучок (што не значи дека не постои)...А за професорите што предаваат, односно прават трансфери тоа е заради поголема плата и ништо друго...
И не реков јас никаде сум вработена, туку мислев дека со ова звање се здобив на еден факултетите на УКИМ - не сакам сега да именувам на кој факс и што како,,,(тие од форумов што ме имаат на фб знаат подетално...) :)
Иначе секаде има такви срања како што кажуваш...И ние свашта сме се изнагледале и изнаслушале и истрпеле ама тоа е...
Јас немав пишувано квадрат, ама бев 2 ипол години апсолвент, а се прашувам да бев на вашиот Европски - Кој ќе се осмели мене година да ми бутне кога јас давам толку пари за да учам таму и го финансирам оној лоповон Бојо Андреевски ? Впрочем вие сте пишале ли квадрат некад на приватен факултет? Сте бркале ли услов? - Жими мајка :tapp: ...И сте имале ли ситуација буквално за една 6-ка тортури да трпите и да се утепувате од учење? Впрочем дали некој воопшто 6-ки добива на овие квази факултетти?
И доколку навредив некој се извинувам, но тоа е моето мислење во врска со ова и нема никогаш да го променам...Можеби некој ден ќе сретнам некој исклучок...
Дека има најмногу за учење и најкомплетни студии да кажам да, најреномиран. Ама кога некој ќе каже дека секој што завршил од УКИМ може да се мери од некој што завршил на приватен ми се повраќа. Значи познавам луѓе што завршиле на ЕУРМ и на ФОН информатика (еве да зборам за мојата сфера) кои се махери за компјутери и можат некој што студира на електро да му го свртат умот. Еден член на форумов што го познавам заврши на ЕУРМ а е Господ за компјутери за едно 70% од асистентите што се кај мене на факултет.

Да, знам дека можеби е полабаво за вадење оцени на ЕУРМ. Ама еве ти кажувам дека ако познаваш некој што се знае со некој и го знае некој можеш да извадиш оценка и на државен (знаеш што сакам да ти кажам со ова).

И трето, поготово за овие природниве науки, ако не си се заинтересираш сам да си работиш, да си чепкаш дома платформи, програми, кодови и да оставиш на факултетот, и од електро на УКИМ дупка ќе искочиш. Се форсираат математики и предмети кои можеш да ги научиш напамет а сепак кога ќе завршиш да не знаеш да ги именуваш деловите на компјутерот. Имам еден во група скоро се му се десетки а пред некој ден ме прашуваше што е тоа сервер? Сервер...сервер...сервер!!!!! Ај кај што е програмата од четрспета неревидирана и непроменета, туку те дупат асистенти кои завршиле демек со висок просек а една иста задача не може да ја реши на табла без да препише и на два часа различни дава различно решение за неа. Ма немој молимте.

Заклучок - имам просек од негде 7 кома нешо, имам неположена физика од прва година што ми влече предмети заради тоа што професорката сака напамет све да и набубаш од А до Ш. Е тие што имаат 10 по овој предмет не знаат сервер што е а се веќе втора или трета година на студии.

И пак ќе кажам дека не велам дека од ЕУРМ и ФОН искачаат виртуози и големи умови. Туку дека како ќе си ја сфатиш работата и колку ќе си се заинтересираш за струката, толку потоа ќе вредиш. Ако се запишеш на државен со мисла „факултетот ќе ме научи“, ништо не правиш. Програмите од нашите факултети се од четрспета негде, ко што напоменав.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Најдобар унивирзитет работнички ни УКИМ ни приватни :icon_lol:.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Море што туку напинате,секој со среќата и чао.Ако мислите вие од на државен дека со дипломата сте многу јаки сте се зезнале.Потребно е надоградување после дипломата.Факултетот е ништо во денешно време.Јас како прво никој не би примил само брз основа на диплома од било кој факултет,денес секој може да земе.
Ви се чудам на умот што се надевате дека врз основа на дипломата ќе се вработите.На интерјуто како што спомнавте погоре,потребно е да се докажиш како личност,а не да се потпираш на дипломата.Од 1000 апликанти ево нека се од државен факултет,како ќе ја оцениш најдобрата личност?Според дипломата?.Така да не летајте многу државњаци.Квалитет се бара денес.А квалитетот не се стекнува само од факултетот.Прво прочитајте илјадници страни стручна литература која стварно ќе ви треба,а не оние ваши уцебници од по 600 страни од кои само 200 требаат.
Убаво ти пиша девојката, на интервју на многу места, а и во огласи, поинаку те гледаат ако си од приватен. На пример во огласи се бараат дипломирани економисти и во заграда пишува: само од Државен.

Кога јас бев на пракса во банка (небитно која), баш сите вработени таму имаа многу негативно мислење за приватњаците - доаѓаат на пракса, ништо не праат, си праат паузи од по 2 саати, не идат некои денови и се вадат...затоа кога им кажав дека сум од УКИМ, ме пречекаа со отворени раце и добро помина праксата. Не дека сите од приватни се кретени и сите од државни се фини, ама тоа е генералното мислење од лични искуства.

Друго што ми е многу, како да кажам, "сам себе убил" ситуација е кога некој од приватен ме убедува дека им е исто тешко, па дури и потешко него на државниве. Еве и да ме убеди, да речеме дека е така, може?

Зашто тогаш да фрла 2000 евра годишно (освен случаи како Декстерче и на него одамна му ја знам приказната и го почитувам за неговата одлука) и пак исто да се мачи како ние што плаќаме 400/600 евра?
На крај мојата и неговата диплома ќе бидат исто, па неговата дури и помалце ценета во очите на некои работодавци. Ако плаќал 2000 евра и не прошол полесно, зашто ги плаќал тогаш?

За подобро образование? Ако сакаш поефективно учење, ќе си читаш на нет додатни материјали, не мора на твоите да им ги "спичкаш" парите.
За врски и за иднината демек? Да, на 17 години ти тоа ќе го мислиш.

Не е ништо лошо што некои плаќаат 2000 евра за да пројдат полесно, баш е логично. Дали после ќе најдат работа или не, мање-више битно, не е тоа муабетот. Ама некој да ме убедува дека плаќал 2000 само за "поквалитетно" образование, тогаш знам дека не си ги цени парите што неговите мачно ги вадат секој месец и ми продава бајки на мене, а и на сите нас.

И дај не ме заебавајте, имаме сите фејсбук, идете кај тие двојкашите и кецашите од основно/средно што ви се во пријатели и видете на кои факултети се запишани/завршиле. Крај на муабетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom