И тоа што јас го мислам за Европски, го мислам и за ФОН и за оној т.н Универзитет во Тетово, Штулов или како и да се вика...
Впрочем вие сте пишале ли квадрат некад на приватен факултет? Сте бркале ли услов? - Жими мајка
...И сте имале ли ситуација буквално за една 6-ка тортури да трпите и да се утепувате од учење? Впрочем дали некој воопшто 6-ки добива на овие квази факултетти?
И доколку навредив некој се извинувам, но тоа е моето мислење во врска со ова и нема никогаш да го променам...Можеби некој ден ќе сретнам некој исклучок...
Ах, фрустрации, фрустрации...
Тој "т.н. Универзитет" во Тетово (меѓу народот познат како Штулов, патем се вика Универзитет на Југоисточна Европа) има факултети кои се десет пати подобро организирани отколку државните и од таму излегува способен кадар. Универзитетот е правен по американска програма, професорите имаат знаење и стручна подготовка и единствен недостаток му е што се наоѓа во Тетово, па луѓето си создаваат предрасуди заради тоа.
И, да, на приватните факултети и те како има луѓе што пишале квадрат или плаќале по 400 евра казни за неположени испити. Ни останале предрасудите од периодот кога се отворија приватните универзитети дека само со пари се поминува таму. Сега се бара и учење. И, имам блиска роднина која работи во една од најпознатите маркетинг агенции во Македонија, и погоди што? 90% од вработените во агенцијата имаат завршено на Штулов.
Ти може да не го менуваш мислењето и да мислиш дека си добила којзнае што со студирањето на УКИМ, но не си добила ништо повеќе отколку некој кој студирал на Европскиот Универзитет, ФОН, ЈИЕ или било кој од факултетите. На приватен факултет го добиваш истото што го добиваш и на државен, минус малтретирањето по ладни/претопли амфитеатри, групи од 200 луѓе, немање компјутери, принудно купување книги од професорите, трчкање по нив по ходници, полагање кога ќе благоизволат да се појават... Да не заборавив нешто? А, да, и изигравање полубогови на пола од нив. Нека ме дополни некој ако заборавив нешто од радостите на УКИМ.
За студентите, факт е дека има лешпери и на државните и на приватните факултети. Кој сака да научи, ќе научи и ваму, и таму. Имам другар кој заврши економија на ЕУРМ и доби стипендија за постдипломски на LSE, кој е врвен факултет за економија. Друг кој заврши информатика и се вработи во SEAVUS. Другарка која заврши економија, исто така, сега работи во Стопанска Банка како директор на експозитура.
И не треба да се гордееш што си била две и пол години апсолвент. Soooooooo hardcore! Не те направило тоа највечи фраер во маало (или највеча фраерка, да не речеш сум го згрешила родот). Си била апсолвент толку време зашто не си учела. Или не, некој професор бил безобразен? Или асистентот не те сакал, не си му била симпатична? Освен ако не ти се случило нешто што те спречило на време да ги полагаш испитите, друг изговор нема. Ако ти се случило, се извинувам за осудата.
Што сакаш кажи, познавам еден куп луѓе на СИТЕ државни факултети (економски, правен, филозофски, филолошки, електро, машински) кои учеле и завршиле на време, да, да, на 21 или 22 години, кога впрочем и е логично еден човек да заврши факултет кој по програмата трае 3 или 4 години, а не е спречен во тоа од виша сила.
Инаку, таа легенда со интервјуата "не примаме од приватни факултети" одамна замина во неповрат. Не прашуваат веќе "од кај ти е дипломата" туку "што знаеш да направиш". Така што, ви паѓа во вода и тој муабет.
Извини ако можеби постов зазвучи непријатно, ама па и мене некако непријатно и закоравено ми зазвучеа твоите предрасуди.