Прв приватен универзитет - Европски универзитет

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Не е првпат ЕУРМ да има потреси, пред 3-4 години цел кадар од информатика замина на ФОН. Значи околу 4-5 професори и некој асистент. Тоа се деси исто вака во зимски спрема летен семестар. Па ајде крпеа кадар од други универзитети ама не е тоа тоа. Исто имаше потреси кога се делеа со ФОН. Патешествија цели.

Бојо 100% ќе рикне (финансиски) порано или подоцна пошто е "тиииит" од човек. Самобендисан нарцисоид. Моментално дише само ради што е врзан со портокаловиве, ама ќе им згреши кога тогаш или па нема да им биде веќе од корист, е тогаш...
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Дечко , извини вака ...со 2000еур годишно - купуваш учење а со 400еур годишно купуваш диплома ? (така му доаѓа ова ? )

бахаха
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 00:17 ---

Дечко , извини вака ...со 2000еур годишно - купуваш учење а со 400еур годишно купуваш диплома ? (така му доаѓа ова ? )

бахаха
Не прам муабет за тие 400 евра,туку за тоа дека ак заглавиш кај некој професор на државните ти пушта професорот жиро сметка и си уплаќаш(зависно колку ти гори под нозе толку повисока цена).Си знаеш кој професори се такви.Можи ти не си таков ама мн ги има на државниот вака што поминуваат и доста се правите ангели.Барем кај нас немат такви дешавања.Сите мислат ако плаќаме 2000 евра и дипломата е земена.Да ги споредиме тие што имаат 6ки на Европски со 6ките на државниот ќе видиш кој ќе има поголемо знаење.Дека на Европски со сигурност ти кажвам дека никој нема поминато со празен лист,а на државен не е исти случај.Доволен е кешот само,на жиро сметка,преку дете или слични глупости,ланецот го знаеш.А за деца што имаат на 9 просек јас гарантирам дека тие оцени се поткрепени со знаење,бидејќи на приватниве ти ја даваат таа оцена што ја заслужуваш а не ко на државнине да изигравет џекови.И плус сите сте полни со комплекси дека односон на професорите на Европски е мн добар,иам број од секој професор,секогаш кога ќе ми затреба некој му звонам на телефон,никој не ме одбил или правел проблем за нешто,дека најбитно му е детето да научи.Па сеа ти види кој за што плаќа.
И плус кај нас ако го полагаш еден предмет после 4 пат(мислам дека после 4ти пат беше) ,се плаќа 200 евра после 400,па 600 евра,па сеа ти види кој будала нема да седни и да научи барем за 6ка.А дека така ќе го пушти професорот се лажиш.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 02:24 ---
Не е првпат ЕУРМ да има потреси, пред 3-4 години цел кадар од информатика замина на ФОН. Значи околу 4-5 професори и некој асистент. Тоа се деси исто вака во зимски спрема летен семестар. Па ајде крпеа кадар од други универзитети ама не е тоа тоа. Исто имаше потреси кога се делеа со ФОН. Патешествија цели.

Бојо 100% ќе рикне (финансиски) порано или подоцна пошто е "тиииит" од човек. Самобендисан нарцисоид. Моментално дише само ради што е врзан со портокаловиве, ама ќе им згреши кога тогаш или па нема да им биде веќе од корист, е тогаш...
А дали си го анализирал државниот факултет?Сите професори се самобендисани,мислат дека само тие имаат завршено факултет,полни со комплекси,земаат мали плати па сакаат преку децата да се збогатат,ама тоа ви одговарат вас кои не учите дека со пари ќе земите диплома.За тоа не се буните така?После во амфитеатар сте 500 души,која е концентрацијата?Професорите ги гледате како богови,дека нешто ако згрешите ојде богатството или факултетот,женските што се на државен само се лижат по професорите и асистентите.А факултетов Европски неможе да пропадне,може само газдата да се смени ама нас тоа не ни менува ништо.Може само уште подобро да дојде,за разлика од кај вас што подобро не може да биде.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Дечко , извини вака ...со 2000еур годишно - купуваш учење а со 400еур годишно купуваш диплома ? (така му доаѓа ова ? )

бахаха
--- надополнето: Feb 11, 2012 11:17 PM ---

Дечко , извини вака ...со 2000еур годишно - купуваш учење а со 400еур годишно купуваш диплома ? (така му доаѓа ова ? )

бахаха
Aj не се прај на будала! До пред да излеза приватниве факултети, за СЕКОЈ професор на државен се знаеше баждарината....
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
ШТО ВРЕДИ ПОВЕЌЕ – ИДНИНАТА НА СТУДЕНТИТЕ ИЛИ ЗГРАДИТЕ И „МАЈБАХОТ“ НА БОЈО АНДРЕСКИ!?
Љупчо Зиков

Капитал Медиа Гроуп ќе покрене тужба против лицето Бојо Андрески за изнесената клевета на прес-конференција - дека сопствениците и уредниците го наместиле нашиот уредник Петре Димитров со темата за Европски универзитет!? Потоа, за создавање атмосфера на јавен линч против нашиот уредник на прес-конференција свикана од Андрески! Нашиот уредник беше вознемирен, и видно во стрес, по прес-конференцијата, на која во еден момент Бојо Андрески настапи и од позиција на лидер на партија, коалиционен партнер во власта! Капитал најавува и иницијатива за покренување истрага за потеклото на имотот на Андрески, со кој тој, наводно, купува згради во Чикаго, Лондон и во Оксфорд, а најавува уривање на оваа во Скопје!? А го повикуваме Советот за радиодифузија да покрене истрага за законитоста во фактот дека Бојо Андрески е лидер на партија и сопственик на телевизија!? Напоменуваме дека двете снимки, во суров материјал, од среда ќе бидат на располагање на јавноста, и на судовите, преку страницата www.kapital.mk! Нека судат и студентите...!?

Нашиот уредник Петре Димитров во петокот беше на специјална прес-конференција, посветена на написот во Капитал за работењето на универзитетот на Бојо Андрески. Се најде во „вкрстен оган” на напади и притисоци! И пред прес-конференцијата и за време на прес-конференцијата.
Врз колегата Димитров беше извршен притисок од Бојо Андрески, ректор и претседател на Европскиот универзитет, како и претседател на политичка партија коалиционен партнер во власта! Тој најави кривична пријава против Капитал за нешто што не сме го напишале во весникот!? Иако, мора да признаам, го мислиме!?

Тврди дека сме напишале дека универзитетот му бил „пред затворање...”! Скраја да е... Оти ако е така, познавам еден родител чиј син студира таму за кој со двете раце потпишувам „дека жив ќе го запали Бојо”, под Триумфалната капија, ако такво нешто се случи!?

Значи, Капитал не напиша дека „универзитетот е пред затворање”!?

Капитал напиша: „Проблем на Европскиот универзитет!? Бојо Андрески ќе се сели во Чикаго, професорите и студентите на Европски универзитет во паника”!? Исто така, напишавме дека преселбата во Америка е заради развивање на нов универзитет или проширување на постојниот!? Па објавивме изјави на Бојо за Капитал, дадени специјално еден ден пред прес-конференцијата. Снимката во неговиот кабинет трае повеќе од еден час и петнаесет минути.
Му благодарам на Петре Димитров, мојот почитуван колега, на покажаната присебност на прес-конференцијата и во моментите кога ректорот ги повика да сведочат своите професори за тоа дали имаат проблем на универзитетот, обраќајки му се на мојот колега со зборовите „...еве, прашај ги..., што, тие да не се ретардирани...”! Алооо, ректоре! Што душа носат вашите професори!?

Најстрашно во сè е што наодите и ставовите на „Капитал“ наидуваат на молчење кај медиумите, кај професорите и кај надлежните институции. Кај интелектуалците! Сите молчат! За нив главната вест беше дека Бојо ќе го тужел Капитал! Страшно! Е па, ако за нив тужбата за Капитал е врвот, и крајот на приказната, за нас, секако, тоа е почетокот на оваа тема! Еве зошто.
Прво. Станува збор за јавниот интерес на студентите! Па и Владата треба да биде заинтересирана како и се одвива проектот – „Знаењето е сила, знаењето е моќ”! Оти се работи за студенти во прва, втора и во трета година. И оти плаќаат од 2.000 до 3.000, па и 4.000 евра по година?! Сега Бојо најавува плус по 500 евра за втора странска диплома – „...бирај што ти душа више воли...” - Чикаго, Лондон или Оксворд! Заштитени ли се студентите? И како? Има ли депонирано гаранција Бојо Андрески?! Колку?!

Второ. Во исто време со промоцијата на оваа таканаречена развојна програма на универзитетот, Бојо Андрески јавно признава дека во последните две-три години бројот на студентите рапидно му опаднал – ЗА ЧЕТИРИ ПАТИ! Некогаш имал и по 4.000 студенти, а денес нешто над илјада (тоа го кажува тој, а не Капитал). Но, факт е дека додека кај него се намалуваат студентите, на други универзитети се зголемува бројот! Значи...?!

Трето. Јавно на прес-конференцијата, а и еден ден пред тоа во разговор за Капитал, признава дека повеќе професори од Европски универзитет си работат на други места, а дека овде само му течело осигурување. Тој вели дека тие прашале, а демек, тој им дозволил!? Молам?

Четврто. Бојо Андрески јавно сведочи. Му се намалил „инкамот” („приходот” сака да каже ...). И затоа морало да штеди, да рационализира. Така де, тоа така треба да биде, ректоре. Ама не ти е Капитал виновен што бројот на студенти ти се намалил, а што ратите по кредити на крајот на месецот ти се зголемуваат! Да, тоа прави проблем, оти не можеш да ги вратиш парите поради тоа што ти се намалил „инкамот”! Што е тука виновен Капитал. Сакаш да ти позајмиме, можеби! Е, не може... Продај го „мајбахот“ и едната од зградите во Чикаго, Лондон и во Оксфорд, за кои, видиш, не знаеш и дали си ги купил воопшто!? „Ми јавија дека е готово...” - „Шушмули”!

Петто. Не видов дека Бојо Андрески не потврдува дека ги продава АБ ТВ-канал и весникот „Вечер“! За телевизијата призна дека е негова, а за весникот има амнезија – замислете, ниту знае чиј е, ниту знае кај се печати!? Иако се сети дека не се печати во неговата печатница Цетис, откако му е затворена поради, како што јавно кажува – спор со Словенците!!! Значи, и медиумите ги продава!?

Шесто. Бојо Андрески јавно најави дека размислува да ја урне зградата на Европски универзитет и да изгради нова!? Токму на ова се задржаа и најмногу ги плаши студентите и професорите со кои разговаравме. Тие први ни го кажаа ова, но Капитал сакаше да го слушне од Бојо! И го слушна! Го имаме снимено. Но, како ќе го направи тоа без да ја праша банката каде е заложена зградата само тој знае! Ние тоа ќе го следиме, секако.

Но, тука трагедијата е што тој најавува селење на студентите во Ченто (на влезот на Скопје), во старите простории кои ги делеше со тогашниот ортак Фијат Цановски, сега сопственик на ФОН, и кој деновиве почна да пушта огласи за прибирање студенти кои сакаат трансфер од еден универзитет во друг!!?? Студентите кои ги анкетиравме се уплашени поради најавите за селење!
А замислете кога ги селеше оттаму во зградата на сегашниот Европски универзитет во центарот на градот (поранешна Нова Македонија), главната кампања која одеше во сите негови медиуми беше под мотото „Студирајте во центар”! А сега видете го ова.

Седмо. Бојо Андрески, кој за себе вели дека е „глава на семејството” (што би било нормално, оти да не е така ќе му беа девалвирани сите титули со кои се накитил – претседател, ректор, професор-доктор, лидер на партија!), тврди дека со семејството заседавал и како глава разгледувал опции - неколку ката од Европски универзитет во Скопје да ги направи хотел!!!??? И тоа јавно го призна, иако ние во Капитал го слушнавме од студентите и од професори во нашето истражување!? Но, не го напишавме, оти сакавме од Бојо да го слушнеме! И го слушнавме!

Значи, на горните катови ќе се спие, и други работи ќе се прават, а долу ќе се учи!? Нејасно. Но, станува појасно ако се има предвид дека ратите по кредитите во банката на први стигнуваат немилосрдно! И јас би играл така, господине ректоре. Упс... се извинувам, претседателе! Но, како ем хотел, ем ќе се урива зградата!? Ем во исто време ќе купува три згради во Чикаго, Оксфорд и во Лондон! Ах бре, ректоре!?

Осмо. Врв над сите врвови. Сега Бојо ќе извезува знаење во Чикаго (според неговиот професор Живко Андревски, ни помалку ни повеќе), на Оксфорд и во Лондон! Имал имоти и фирми во повеќе земји - не открива во кои земји, а на нашиот уредник во еден момент му вели „...и „мајбахот“, најскапата кола на светот, ми е на фирма во странство... Јас имам имот! Камо да се сите богати како мене!”. Просто да пукнеш...

Деветто. Бојо Андрески во овие мегалополиси ќе го ширел својот бизнис и затоа долго ќе престојувал таму.
Оттука, Капитал отворено алармира во стилот на „системите за рано предупредување”! Не заборавајте дека и Зоран Даневски (ЗИК Џумајлија) е надвор од земјата да го шири својот бизнис! И Оскарсон од Сведмилк шири бизниси надвор од Македонија, како и Ала Ал Кафаги!? И Тамбурковски одамна е професор на други универзитети да го шири своето знаење! И Владо Димовски оперира во странски болници, а и Даравелски шири бизнис по светот!

Дали му верувам сега на Бојо?! Му верувам исто колку и на овие шестмина!? Дали студентите му веруваат? Ете, тоа е темата која ја отвора Капитал! Тоа е наше право... а медиумска професионална обврска! Заштита на јавниот интерес, а не на „мајбахот“ на Бојо!

Оттука, почитувани читатели на Капитал, по сè што прочитавте од еден до девет – што мислите? Бојо, со овој концепт преточен во најпримитивен бизнис-план - да оди во банка, да бара кредит за да ги отвори овие универзитети – како ќе помине? Ајде, „Осмелете се”, бидете банкари само еден момент! Ќе му дадете ли кредит!?

Неговите финансиски проблеми, за кои самиот зборува и ги признава, како и неговите „некредибилни намери” ги знаат одамна и студентите (тие за сето тоа ни зборуваат и затоа се загрижени за иднината на своето студирање и за буџетите на своите родители!!!!!), кои годишно треба да издвојат по 2.000 до 3.000 евра, што значи за три или четири години и до 12.000 евра! Тоа се многу пари за едно сиромашно семејство, за еден родител, кој во јагмата на „сеопштата катарза - студирање на сè и сешто, не сака неговото дете да остане без тоа слатко задоволство да држи диплома во раце”. Каква таква! Само да не биде фрустрирано дека во ова време останал без диплома – а можел до неа „док си реко пиксла”!

Капитал, во духот на вистинскиот капитализам, ја отвори оваа тема. Ние објавивме нешто што е јавна тајна (точките од еден до девет). Тие не се јавно признание, туку вистински состојби во наведениот универзитет. Бојо ги потврди. Но, ние го заштитивме јавниот интерс предизвикувајќи прес-конференција, што ни беше и целта! Ова остана во архива!

Овој пат ги заштитивме родителите на студентите кои решиле да ИНВЕСТИРААТ во своите деца, одбирајќи го токму Европски универзитет. Оти му верувале на кредибилитетот на професорите, пред сè, и на наставните програми таму! Затоа, самиот универзитет и иднината на младите луѓе што студираат таму, како и професорите кои таму го вадат лебот, не може да биде спакувана и заложена под хипотека „во сефот на нивниот претседател со илјада намери”! А сега иднината им е заложена како што нему му се заложени зградите! Што вреди повеќе – иднината на студентите или зградите и „мајбахот“ на Бојо!?
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Глава на племето ахахахахах, пусти комплекси :)

Не ми е јасно само КАКО УСПЕА да направи толку пари...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Глава на племето ахахахахах, пусти комплекси :)

Не ми е јасно само КАКО УСПЕА да направи толку пари...
А јасно ли е како направија пари Штерјо, Љубчо, оној-чие-презиме-не-се-пишува-на-интернет, Даравелски... Со крадење од народот, како. Со шверц, лаги и криминал.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
А јасно ли е како направија пари Штерјо, Љубчо, оној-чие-презиме-не-се-пишува-на-интернет, Даравелски... Со крадење од народот, како. Со шверц, лаги и криминал.
Абе тие барем се интелигентни...ама овој :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе тие барем се интелигентни...ама овој :)
Па затоа ќе гние у затвор ко Љубе ако не кидне со време. А како што гледам, Бојо пакува куфери... ваљда ќе стигне да кидне да не се мучиме и ние да го гледаме по телевизии тоа судењето...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Европски Универзитет??? Прв приватен универзитет??? - Хммм добар виц... :tapp:
Јас лично ова не го сметам ни за вечерно школо за неписмени, ама камоли за високообразовна институција...На 22 години си дипломиран, на 23 си магистер и ако немаат твоите некоја приватна фирма оди слободно барај некој да ти даде менаџерска позиција некаде...Само тапоглав може да вработи некој на ваков квази факултет што завршил...Јас да сум работодавец не би им дала метла да чистат на овие квази магистри...
Ако имаш интелегинција и ако имаш газ оди студирај право на Јустинијан Први или изучувај информатика на ПМФ или заврши оди на Електро и стани инженер, а не да се курчиш облечен во некоја униформа со кравата и само од редовност да земаш прелазни оцени и да ги мериш масите во студентското бифе, а не те бива магаре да водиш...
Ова е лично мое мислење, можда има исклучоци (доколку постојат секоја им чест) ама јас не сум видела таков...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249

Многу вицкаста си бе моме. Браво. Од такви како тебе полни со интелегенција и со г‘з има колку сакаш.

Дури не си видела не кажувај вицови молимТе.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Европски Универзитет??? Прв приватен универзитет??? - Хммм добар виц... :tapp:
Јас лично ова не го сметам ни за вечерно школо за неписмени, ама камоли за високообразовна институција...На 22 години си дипломиран, на 23 си магистер и ако немаат твоите некоја приватна фирма оди слободно барај некој да ти даде менаџерска позиција некаде...Само тапоглав може да вработи некој на ваков квази факултет што завршил...Јас да сум работодавец не би им дала метла да чистат на овие квази магистри...
Ако имаш интелегинција и ако имаш газ оди студирај право на Јустинијан Први или изучувај информатика на ПМФ или заврши оди на Електро и стани инженер, а не да се курчиш облечен во некоја униформа со кравата и само од редовност да земаш прелазни оцени и да ги мериш масите во студентското бифе, а не те бива магаре да водиш...
Ова е лично мое мислење, можда има исклучоци (доколку постојат секоја им чест) ама јас не сум видела таков...
Ги имаш сите предиспозиции да станеш секретарка,ем шефот на раат ем ти платичка ќе си земаш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ги имаш сите предиспозиции да станеш секретарка,ем шефот на раат ем ти платичка ќе си земаш.
Не се секирај ти за мене. :) Јас сум дипломиран професор (тие што ме имаат на фб и што ме познаваат, знаат по што сум професор)...
Имам јас на УКИМ дипломирано и во цел свет ми е призната дипломата.
Многу изгубени нерви, непроспиени ноќи, жртвување на приватниот живот, стесови и сл - 6 ипол години така...Но вреди...Станав професор во реномирана образовна институција, а не во вечерно школо за полуписмени мамини и татини синчиња...
Поздрав!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Европски Универзитет??? Прв приватен универзитет??? - Хммм добар виц... :tapp:
Јас лично ова не го сметам ни за вечерно школо за неписмени, ама камоли за високообразовна институција...На 22 години си дипломиран, на 23 си магистер и ако немаат твоите некоја приватна фирма оди слободно барај некој да ти даде менаџерска позиција некаде...Само тапоглав може да вработи некој на ваков квази факултет што завршил...Јас да сум работодавец не би им дала метла да чистат на овие квази магистри...
Ако имаш интелегинција и ако имаш газ оди студирај право на Јустинијан Први или изучувај информатика на ПМФ или заврши оди на Електро и стани инженер, а не да се курчиш облечен во некоја униформа со кравата и само од редовност да земаш прелазни оцени и да ги мериш масите во студентското бифе, а не те бива магаре да водиш...
Ова е лично мое мислење, можда има исклучоци (доколку постојат секоја им чест) ама јас не сум видела таков...
Ај да не почнувам одма да враќам со навреди ( во иста мера како ти мене што ме вреѓаш со постов), објасни на што го темелиш размислувањево ако можи да образложиш. На која основа ЕУРМ го поистовети со вечерно?
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249
Не се секирај ти за мене. :) Јас сум дипломиран професор (тие што ме имаат на фб и што ме познаваат, знаат по што сум професор)...
Имам јас на УКИМ дипломирано и во цел свет ми е призната дипломата.
Многу изгубени нерви, непроспиени ноќи, жртвување на приватниот живот, стесови и сл - 6 ипол години така...Но вреди...Станав професор во реномирана образовна институција, а не во вечерно школо за полуписмени мамини и татини синчиња...
Поздрав!
А ти што се секираш за оние кој завршиле на Европски. Ме заболи што си професор, голем стап.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom