Загина Македонски студент во Чикаго

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Во сообраќајна несреќа со мотор во Чикаго животот го загуби 23-годишниот Македонец Дарко Миленковски

Од Министерството за надворешни работи информираат дека момчето веќе неколку денови било во кома, а во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.

Неговото семејство веќе неколку денови се обидувало да добие виза за да го посети додека бил на болнички престој.

Од МНР јавуваат и организиран транспорт на починатиот Миленковски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=3132

Бог да го прости!
 
Моторчето му е јако ама јако и се паѓа .

Нека му е вечна слава.
 
RIP... Inaku interesno e kako se izvrtuvaat rabotite od tipot...Pecalbata i siromastijata gi ubiva mladite po stranstvo..
 
RIP проклета е оваа америка изгледа! :(
За жал, изгледа си во право...:(

Македонска студентка пронајдена мртва во стан во Чикаго

Дваесет и едногодишната Ирена Накова од Валандово во неделата наутро е пронајдена мртва во стан во Чикаго.

Накова ја пронашло нејзиното момче, државјанин на Македонија, без знаци на живот, со модрици на главата.
Министерството за надворешни работи било информирано за случајот од македонскиот Конзулат во Чикаго.
Според првичните информации, Накова починала од мозочен удар. Таа во изминатиот период се жалела на здравствени проблеми, но поради тоа што немала здравствено осигурување не побарала лекарска помош. Ирена Накова во Чикаго пристигнала минатата година со студентска виза.
Ова е втор смртен случај на македонски државјанин оваа недела во Чикаго. Во четвртокот животот го загуби дваесет и тригодишниот Дарко Миленковски од Делчево.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonska-studentka-pronajdena-mrtva-vo-stan-vo-chikago
 
Се знае тоа одамна дека е проклета америка. RIP Ирена :(
 
Проклета е Македонија што ги брка младите , а не Америка.
 
Според информациите што ги добило министерството од македонскиот конзулат во Чикаго, телото на младата девојка го пронашло нејзиното момче околу 4 часот наутро кога се вратил од работа. На нејзината глава имало модрица и не покажувала знаци на живот. По извршената обдукција полицијата од Чикаго утврдила дека причина за смртта е излив на мозокот, а Накова починала нешто по 21 часот во саботата. Нејзиното момче е задржано во полиција.

Ирена Накова во Чикаго пристигнала минатата пролет каде престојувала со работна и студентска виза.

Семејството на Ирена Накова тврди дека нивната ќерка немала здравствени проблеми и апелира за финансиска помош за да се врати дома телото на младата девојка. Сите хумани луѓе можат да донираат пари на следниот начин:

Bank of America. Account Number:237023631766

Routing Numbers:053000196 (paper & electronic) 026009593 (wires)

или преку PayPal (само од САД)
https://www.paypal.com/cgi-bin/webscr?cmd=_s-xclick&hosted_button_id=RE7VJZAQ53CNW
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom