Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Нацијата не е природен начин на припаѓање. Што има заедничко со мене некој што живее во кавадарци а ни го знам ни го познавам, и некој на пример во америка, со кој контактирам секој ден, имам исти погледи на светот и слични интереси?

Да од мешан брак сум - Мајка ми е женско а татко ми машко. :)
За тебе очигледно нема ништо заедничко, бидејќи не чувствуваш дека припаѓаш на некоја нација, барем не цврсто. За тебе тоа е формалност, за мене е трагедија ама твоја работа :) Ти гледаш индивидуалистички, твои лични интереси и одбиваш да гледаш пошироко. Ама и тоа е твоја работа. Среќа спаѓаш во малцинската група, мислам среќа од национален аспект. А за мешаниот брак мислев во национална смисла.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Врз основа на тоа чувство на национална поврзаност осакатената Германија од банкрот држава станала светска економска и воена сила, постигнала успеси на научно ниво за кои на другите им требале години и години истражувања, а граѓаните живееле комотен живот (барем неколку години пред да стапат на сцена воените планови на Хитлер).
Мислам дека премногу се задржуваш на националноста и генетската поврзаност меѓу луѓето.
Поентата на патриотизамот е да се чувствува единство и солидарност со луѓето кои живеат на територијата како тебе, поткрепени од идејата што сакаат да ја постигнат твоите лидери во име на народот во државата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, но за среќа или несреќа така се создава и опстојува државата. Опстојува со чувство на единство помеѓу луѓето. Тоа се прави со подигање на националната свест и патриотизамот. Точно изобличено е од луѓето, но сепак е тоа истото чувство што го имаме сите во нас, како ќе се манифестира зависи од човекот и околината. Затоа реков дека патриотизмот потекнува од вродените чувства и потреби на луѓето.
За среќа ништо не е вечно па ни општественото уредување.
Трендот да обединување на човештвото кога тогаш ќе се случи, и ќе го надмине национализмот.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Мислам дека премногу се задржуваш на националноста и генетската поврзаност меѓу луѓето.
Поентата на патриотизамот е да се чувствува единство и солидарност со луѓето кои живеат на територијата како тебе, поткрепени од идејата што сакаат да ја постигнат твоите лидери во име на народот во државата.
Ја ставам нацијата пред државата, особено во вакви историски периоди кога државното уредување против волјата на мнозинскиот народ е такво какво што е (прилагодено за едно малцинство). Тоа е мој став. Не можам да бидам само патриот без да бидам и националист особено знаејќи колку наши сонародници има во соседството и во какви услови живеат (во поглед на националното изразување).
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
За среќа ништо не е вечно па ни општественото уредување.
Трендот да обединување на човештвото кога тогаш ќе се случи, и ќе го надмине национализмот.
Да. Јас споменав во претходниве постови. Она чувство на солидарност, припадност еволуира заедно со човештвото и го следи. Моралната етикета на народ на една територија чекори заедно со развитокот на луѓето. Како што еволуираат луѓето во нивните концепции за уредувањето така еволуираат и чувствата и нивниот морал, она вроденото. Нормално, манифестирањето на патриотизамот во првобитните заедници и денес не е ист, нема да биде ист ни во иднина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Како што кажав, национализмот е "опиумот" или алатката со која луѓе како Хитлер успеваат просечниот човек, во чии раце бил гласот, да го искористат за свој цели.
Можеби, ама многу корисна алатка. Секогаш можеш да ја искористиш, за на одредена група на луѓе им ги разбудиш нагоните што природно ги имаат. Нагоните тешко дека некогаш ќе изумрат, па така и национализмот. Затоа, од практични причини, е подобро да научиш да го користиш, отколку да се трудиш да го победиш. Ова второво е борба со ветерници.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За тебе очигледно нема ништо заедничко, бидејќи не чувствуваш дека припаѓаш на некоја нација, барем не цврсто. За тебе тоа е формалност, за мене е трагедија ама твоја работа :) Ти гледаш индивидуалистички, твои лични интереси и одбиваш да гледаш пошироко. Ама и тоа е твоја работа. Среќа спаѓаш во малцинската група, мислам среќа од национален аспект. А за мешаниот брак мислев во национална смисла.
Баш напротив! За мене се е заедничко, јас не ги делам луѓето на национална база, за мене има само една раса - човечката! Ако тоа не е заедничко за сите, тогаш незнам дали е трагедија што јас сум спаѓал во малцинска група, или што мнозинството размислува со спротивна насока.

Јас одбивам да гледам пошироко?! Па сите мој постови се во насока која е над националните и патриотски погледи и гледишта на светот! :)

П.С. За мешаниот брак, знам што мислеше но понекогаш сарказмот е најсоодветен одговор.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Ја ставам нацијата пред државата, особено во вакви историски периоди кога државното уредување против волјата на мнозинскиот народ е такво какво што е (прилагодено за едно малцинство). Тоа е мој став. Не можам да бидам само патриот без да бидам и националист особено знаејќи колку наши сонародници има во соседството и во какви услови живеат (во поглед на националното изразување).
Националните држави оддамна умреа. Во правото, суверенитетот кај национална држава лежи во нацијата како единство, суверенитетот е недделив и е истиот од поранешните генерации, денешните и идните. Денес имаме нова концепција по која се водат државите. Имаме народ, суверенитетот лежи во секој поединец, и тој е делив на онолку делови колку што луѓе има во државата.
Националното единство е невозможно во денешни услови на измешани држави. Националното единство создава омраза во внатрешноста на државата и е невозможно државата да просперира на план на заштита на човекови права ако не ги почитува другите националности во внатрешноста на државата.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Баш напротив! За мене се е заедничко, јас не ги делам луѓето на национална база, за мене има само една раса - човечката! Ако тоа не е заедничко за сите, тогаш незнам дали е трагедија што јас сум спаѓал во малцинска група, или што мнозинството размислува со спротивна насока.

Јас одбивам да гледам пошироко?! Па сите мој постови се во насока која е над националните и патриотски погледио и гледишта на светот! :)

П.С. За мешаниот брак, знам што мислеше но понекогаш сарказмот е најсоодветен одговор.
Да немаше нешто да не врзува како на пример нацијата, светот ќе беше многу поназад. Ако секој си гледаше за себе и своите интереси ќе бевме многу поназад.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Да немаше нешто да не врзува како на пример нацијата, светот ќе беше многу поназад. Ако секој си гледаше за себе и своите интереси ќе бевме многу поназад.
Баш обратно. Денес се притиска да се гледа кон напредок на сите народи во склоп на држава за заеднички просперитет и заштита од омраза меѓу националностите во една држава.
Националните држави подржуваат просперитет на една нација, а таа држава создава омраза која е невозможно со неа да се оди напред. Тие национални држави ги создадоа најголемите трагедии во светот.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Националните држави оддамна умреа. Во правото, суверенитетот кај национална држава лежи во нацијата како единство, суверенитетот е недделив и е истиот од поранешните генерации, денешните и идните. Денес имаме нова концепција по која се водат државите. Имаме народ, суверенитетот лежи во секој поединец, и тој е делив на онолку делови колку што луѓе има во државата.
Националното единство е невозможно во денешни услови на измешани држави. Националното единство создава омраза во внатрешноста на државата и е невозможно државата да просперира на план на заштита на човекови права ако не ги почитува другите националности во внатрешноста на државата.
Еј тоа што умрело не значи дека не може пак да оживее (зборувам за општествени појави) :) Викаш дека национално единство не е можно, па приметуваш ли кон што се движат сите општества од запад па и нашето? Со овој насилен мултикултурализам, позитивни дискриминации и тн. се случува само застој во општеството. Поентата е јасна во едно општество/држава мора да постои доминантна култура/нација која го води главниот збор. Тоа не значи дека другите култури се исклучуваат туку дека истите можат да се применуваат приватно или па јавно во помал обем. Национализмот ќе се врати на голема врата како неоправдано жигосан концепт, овојпат ќе биде исчистен од шовинизам, изграден врз основа на искуство.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 02:02 ---
Баш обратно. Денес се притиска да се гледа кон напредок на сите народи во склоп на држава за заеднички просперитет и заштита од омраза меѓу националностите во една држава.
Националните држави подржуваат просперитет на една нација, а таа држава создава омраза која е невозможно со неа да се оди напред. Тие национални држави ги создадоа најголемите трагедии во светот.
Ако не се лажам ние живееме во декларирана граѓанска држава? Како се чувствуваш ти како Македонец во неа? Какво мислење имаш за Албанците и нивните права? нема веќе омраза или таа тлее уште повеќе? Мислам дека делиме исти мислења само ти се повикуваш на некакви теории произлезени од кабинети или на нешто што си го научил од книга или си се информирал од некој "либерален" весник :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да немаше нешто да не врзува како на пример нацијата, светот ќе беше многу поназад. Ако секој си гледаше за себе и своите интереси ќе бевме многу поназад.
Е да, многу поназад ќе бевме на пример ако главна мака ни беше да ја решиме енергетската зависност наместо да си исправаме влакна за тоа дали пред 2000 години Александар бил Македонец или Грк!
Да биде иронијата поголема, целта на освојувачкиот поход на Александар било токму спротивното! Да го обедини човештвото, тој самиот ги поттикнувал своите генерали да се женат со припаднички на освоените народи. И самиот го сторил тоа, земајќи персијка за жена.
Ептен назад ќе бевме и ако секој за себе гледаше да си направи кариера, да стане успешен, и да биде среќен на свој начин, наместо да се жртвува за идеали од кој единствено неговата имагинација и суета ќе бидат полни.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Е да, многу поназад ќе бевме на пример ако главна мака ни беше да ја решиме енергетската зависност наместо да си исправаме влакна за тоа дали пред 2000 години Александар бил Македонец или Грк!
Да биде иронијата поголема, целта на освојувачкиот поход на Александар било токму спротивното! Да го обедини човештвото, тој самиот ги поттикнувал своите генерали да се женат со припаднички на освоените народи. И самиот го сторил тоа, земајќи персијка за жена.
Ептен назад ќе бевме и ако секој за себе гледаше да си направи кариера, да стане успешен, и да биде среќен на свој начин, наместо да се жртвува за идеали од кој единствено неговата имагинација и суета ќе бидат полни.
Па ти си бил анархист! :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ептен назад ќе бевме и ако секој за себе гледаше да си направи кариера, да стане успешен, и да биде среќен на свој начин, наместо да се жртвува за идеали од кој единствено неговата имагинација и суета ќе бидат полни.
Не е борбата за човештвото имагинарен идеал?
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Еј тоа што умрело не значи дека не може пак да оживее (зборувам за општествени појави) :) Викаш дека национално единство не е можно, па приметуваш ли кон што се движат сите општества од запад па и нашето? Со овој насилен мултикултурализам, позитивни дискриминации и тн. се случува само застој во општеството. Поентата е јасна во едно општество/држава мора да постои доминантна култура/нација која го води главниот збор. Тоа не значи дека другите култури се исклучуваат туку дека истите можат да се применуваат приватно или па јавно во помал обем. Национализмот ќе се врати на голема врата како неоправдано жигосан концепт, овојпат ќе биде исчистен од шовинизам, изграден врз основа на искуство.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 02:02 ---

Ако не се лажам ние живееме во декларирана граѓанска држава? Како се чувствуваш ти како Македонец во неа? Какво мислење имаш за Албанците и нивните права? нема веќе омраза или таа тлее уште повеќе? Мислам дека делиме исти мислења само ти се повикуваш на некакви теории произлезени од кабинети или на нешто што си го научил од книга или си се информирал од некој "либерален" весник :)
Не може никогаш да се врати концептот на национални држави. Тие се дури неповолни и за доминантната етничка заедница. Во моментов владее капитализмот и не е возможно со меѓуетничка омраза поради доманинација на една заедница, да опстои капитализмот, демократијата и сите човекови права кон кои се води светот денес. Се што велиш е спротивно на човековите права и насоката кон која се движи меѓународното право и заедница и целата глобализација. Глобализацијата е отидена предалеку за да се врати на такво нешто како што велиш. Нема ни потреба од создавање повторно национални држави. Денес дури и ќе биде потешко да се воспостават таков вид држави кои ќе треба да ги одземат веќе дадените права на помалите етнички заедници, замисли ја појава и процедурата. Светот ќе се запали.
Тоа како се јас осеќам како македонец во Македонија е друго. Нашата состојба во државата може да се реши и на друг начин освен тој што го предлагаш и што мислиш дека е правилен.
Теориите кои ги излагам се теории во кои верувам и кои мислам дека се правилни и нормално е тоа со тоа што сум правник. Тоа се концепции и теории општоприфатени во правото и политиката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom