Еј тоа што умрело не значи дека не може пак да оживее (зборувам за општествени појави)
Викаш дека национално единство не е можно, па приметуваш ли кон што се движат сите општества од запад па и нашето? Со овој насилен мултикултурализам, позитивни дискриминации и тн. се случува само застој во општеството. Поентата е јасна во едно општество/држава мора да постои доминантна култура/нација која го води главниот збор. Тоа не значи дека другите култури се исклучуваат туку дека истите можат да се применуваат приватно или па јавно во помал обем. Национализмот ќе се врати на голема врата како неоправдано жигосан концепт, овојпат ќе биде исчистен од шовинизам, изграден врз основа на искуство.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 02:02 ---
Ако не се лажам ние живееме во декларирана граѓанска држава? Како се чувствуваш ти како Македонец во неа? Какво мислење имаш за Албанците и нивните права? нема веќе омраза или таа тлее уште повеќе? Мислам дека делиме исти мислења само ти се повикуваш на некакви теории произлезени од кабинети или на нешто што си го научил од книга или си се информирал од некој "либерален" весник