Mike Tyson
Never,never,NEVER GIVE UP!
- Член од
- 20 август 2007
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 156
Прав си дека влогот е огромен но детето се гледа дека има “муда“ да направи подвиг.Те разбирам јас што сакаш да кажеш ама многу играчи имаат ‘‘изгорено‘‘ на ваков начин.Јас сигурно нема да бидам разочаран од неговата игра па макар и топка не примил цела утакмица ама него тоа ќе го уништи психички.Многу поголеми играчи се соочуваат со таков проблем а за еден играч што има едвај 5 цели утакмици во Серија А да не правиме муабет.Алегри нека одлучи за тоа а ако јас се прашувам тогаш би сакал да почнеме со Боатенг и Робињо позади Ибра без разлика на тоа колку слаби партии прикажува Бразилецов.Има многу брзина и дриблинг во него па со еден потег може да создаде идеална шанса за Х играч.Немам ништо против Шарави во стартни 11 ама влогот е огромен.
Чекај едно видео ке ти кажам од која година е тоа и ти пресметај,умен си:
2005-2006
Натпреваров е игран пред точно 6 години а тогаш Меси имаше само 18 години.Но таков играч со таков квалитет ставен на толку битна утакмица решава многу работи.Тогаш играчите на Челзи не беа сконцентрирани на неговиот квалитет туку на квалитетите на Роналдињо,Деко,Ето,Чави и Иниеста.
Муабетот ми е дека твоето размислување е многу слично на сите останати.Зашто да не се проба со нешто ново,лани игравме со Тотенхем со истиот овој состав горе доле и што се случи?Ништо(не дека изигравме слабо али пак искочивме)