Последен гледан филм со кратка рецензија

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
American history X
http://www.imdb.com/title/tt0120586/



Их, инспирачки филм, те тера да се запрашаш што усвари праиш со животот, каде ќе отидеш ако продолжиш да го живееш исто као што си го живееш, каде доколку би сменил нешто или пак малку поче.
Фората е, нео наци скинхед, врска неам што значи тоа нео видов на имдб, оди у затвор и се што усвари праел до тогаш, дека правецот на терање на животот му бил тотална утка. Од тогаш го добива тоа формер нео наци скинхед.
Е сеа фрката е што типот иако заклучи дека грeши но оставил позади него многу па коа ќе се врати ќе види дека брат му го тера истиот живот како и него и ќе тргне на мисија да го извади од тој филм. Не ви кажуам појче.
Нортон е цар, као глуми чоекот, пичвајз прај, кажале и многу пред мене, па и јас еве, типов заслужуа оскар, онака еден хјуман лајф сајз за неговата глума! Не дека тоа ќе биде некакво мерило за тоа дека е екстра актер, него онака, за фалење.
Во филмов фрштат и мрднати сцени кои ќе те остаат со зината уста, ќе си викаш у себе уааат дд...
Како и да е, јебачина од филм, тој што не го глеал (чисто сумљам дека има некој :) ), епа нека го глеа.
Оцена 5-ка со ѕвездичка.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
brace yourself I'm back :)
повторно 3 филмови поради мојата мрза. али сепак филмовите што ќе ги рецензирам ми оставија позитивен почеток :)
одиме број еден
Dale and Tucker vs. evil(2010)


незнам искрено бидејќи немав гледано некое време така чиста комедија и затоа можеби ми е опаднат критериумот или пак филмoв беше навистина смешен, ќе мора да е тоа второто.
две приказни се поврзуваат и се случува една "несакана" кланица би било наедноставно опишување во една реченица за филмов, 2 реднеци против група тинејџери кој заминале на логорување, who won??? just watch it
8/10 поради добрите сцени и од време навреме некој смешен дијалог.

Сега ќе се потрудам малку понашироко да го рецензирам следниов класика филм,за сите што не го гледале еве го за вас
Failing Down(1993)


фановите на foo fighters ќе го препознаете филмов, другиве се надевам дека ќе уживате слатко во ова потценето ремек дело на Џоел Шумахер и самата перфектна глума на Мајкл Даглас исто така џентелментскиот шмек на Господин Роберт Дувал.
филмов прикажува како некој навидум ситни работи можат да те изнервираат и да те натераат да тргнеш на погрешен пат, барем така излгедаше филмот на почетокот, хуморот беше одличен онака англиски кажано twisted а и обработената психа на главниот лик беше одлично опфатена. филмот ќе ви прикажи реалноста во општеството, а и малку ќе погледнете во психата на еден исфрустриран но исклучително интелегентен господин.
9/10 за филмов и препорака за гледање

И последен за овој пост филмот кој го гледале скоро 70 % од машкиве на форумов
Warrior (2011)

реакцијата на луѓе што го гледале филмот беше rockyyy, rockyyy is heere, а јас како хардкор фан на ММА се решив да не гледам филмови поврзани со овој спорт затоа што ми го уништуваат филингот со нереалната кореографија во борбите. и знам ќе речите не е финтата во борбата, филмот има друга порака блабла, ако е така не вметнувајте такви сцени ко да гледам кечери или некој роки дел, факт е тоа што ниеден филм не го отсликал спортот доесга на потребното ниво, на почетокот бев песимист али реков мора да го изгледам филмов и да ми биде последен.
сторијата немам зборови феноменална, сето ова што го пишав погоре е една забелешка на еден фан на ММА, не верувам дека на незаинтересираниот за овој спорт ќе му смета кореографијата. приказната се надмина себеси и те остава до последен момент да навиваш за еден од ликовите, едноставно е малце потешко да ги засакаш двата главни ликови, или ќе навиваш за едниот или за другиот. секоја чест за глумата на Ник Нолти, Том Харди и Џоел Едгертон. се надминаа себеси во овој филм.
како и на сликата погоре ја гледате разликата во причината на двајцата браќа со иста крв ама со различен менталитет и карактер ама пак со иста желба, да станат шампиони.
со нивниот рехабилитиран татко на средина кој пробува да ги исправи своите грешки. инспирирачка приказна дури и покомплексна од роки.
гледам имаат номинација за оскар во некој категорија,стискам Палци :)
П.С. не ги гледајте трејлерите оти можи да ви го расипат филмот.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Grown Ups


Многу ретко гледам комедии затоа што сметам дека денешните комедии се многу големи сра*а. Да, филмот е комедија, го гледате Адам Сендлер и уште четворица други комичари кои сигурно ќе ги препознаете. Неверојатен спој на глумци, а јас иако сум женско морам да признаам дека филмот прифатив да го гледам само поради божицата Селма Хајек.

Сега за содржината: Петте момци во филмот (главните ликови) се најдобри другари од детството и бивши кошаркари т.е играле во училишниот тим, а потоа секој тргнал по својот пат... Смртта на тренерот ќе ги натера овие момци да се зближат и конечно да се соберат после многу години. Веднаш по погребот, одат на викенд во една изнајмена куќа покрај покрај езеро за да поминат некое време заедно. Значи петте момци со своите сопруги и деца ќе ве натераат да се смеете на нивните згоди и незгоди. Филмот трае нешто повеќе од час и половина (значи доволно за да не ти здосади) и иако мене не ми беше ништо посебно, не е лошо да го погледнете и да се расположите малку.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Martha Marcy May Marlene (2011)



"You know death.. is the most beautiful part of life, right? Death is beautiful because we all fear death. And fear is the most amazing emotion of all because it creates a complete awareness. It brings you to now.. and that makes you truly present. And when you're truly present, that's nirvana."

"И кога добро ќе се покопа по потсвеста и ќе се извадат „чудовиштата“, веќе и не се чудовшта, стравот бледее, а волјата и делата добиваат слобода и автентичност. А, тоа скоро никогаш не е пријатен или лесен процес."

Соодветно пласираниот монолог беше еден од поквалитетните муабети кои вредеа да се читаат/слушаат во филмот, беспредметните дијалози беа минимизирани, и како филм од таков карактер секоја емоција, секоја поента беше сведена на глумата, акцијата и интеракцијата со и помеѓу актерите. А Olsen која беше outstanding, delivered.

Имам part-time фотографска меморија, а вториот цитат, извадено малку од контекст, дали дека можеби беше едно од попаметните работи кои ги прочитав на фејсбук неделава, настрана од Витни Хјустон видео клипови слеш преправања дека знаат ДУРИ уште една песна од истава или дека го доловува а воедно и финишира филмов, незнам - ама мозоков на бизарен начин го линкна. I keed. Второто е. Приказната.. и не е баш битна, битното е дека филмот went there. А макар и обид, кај мене е позитивна одлика кога рецензирам. Ама сепак нема да испуштам дека е креативна и баш имаше soothing сценарио и атмосфера за да се одигра сето тоа. Девојка која побегнува од хипи-like култ се справува со пост-трауматични последици од истото и фрекфентно скокање во стравови кои се само во нејзината глава и стравови кои се реални. А тоа резултира со скршен карактер кој веќе незнае како да имплементира базичен одбранбен механизам, толку оштетена иднивидуа без апсолутно никаква контрола врз насоката. И за да биде малце клише муабетот, сестрата и мажот и како најнормални човечки битиа замижуваат пред проблемите, една идиотска игнорантност замаскирана со илузија, демек грижа се додека и тие не сфатат дека воопшто и немале контрола.
Coping is hard, copying is easier. Е моето мото. Ми се дискутира на темава, ама нејќам да потам. 7-ка од мене.
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Hanna (2011)

IMDb оченка 6.9 /10
MV5BNTAzMTg1NjY0NF5BMl5BanBnXkFtZTcwODc3MTgzNA@@._V1.jpg
Кога Леон и Убиј го Бил (првиот дел само затоа што е подобар од вториот) ќе се сретнат на половина пат, би излегло ова кинематографско парче. Сепак, за жал не оди „рамо до рамо“ ниту со едниот ниту со другиот. На приказната и недостасуваат оние луди остри свиоци кои ќе те остават слепен за седиштето. Но, да напоменам дека во Хана сторијата е сосема гледлива, има и добро кореографирани тепачки, иако не е филм што засекогаш ќе ви остане во сеќавање.

Жанр : Мистерија , Акција
Оченката според мене : 7,5/10
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
The Solitude of Prime Numbers

Филм базиран на книгата на Паоло Џордано, филмот го следи животот на Аличе и Матија, од најраната младост... тие се на еден начин жртви на своите одлуки од младоста, го следиме нивниот однос, тие се како простите броеви, блиску еден до друг но секогаш разделени од еден парен број...
би препорачал прво да се прочита книгата пред гледање на филмот, за подобро разбирање

Оцена:9/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Dead Poets Society


Го гледав филмов по препорака и тоа добра. Два саати долг филм обично овие долгите ги прекинувам ако не ме погоди во жичка. Сниман 1989 година со Робин Вилијамс во главна улога кој толкува лик на нековенционален професор по поезија. Во филмов има паради правила структура на приватно училиште, само ликот на Робин Вилијамс е тука да вметне нешто ново и возбудливо во животите на студентите во тоа училиште.
Добра поучна драма е овај филм.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Frozen (2010)

Режија- Адам Грин
Улоги- Ема Бел, Шон Ешмор, Кевин Зегерс



Тројца пријатели одат во елитен ски центар да скијаат и бордаат...Се заглавуваат на жичара, тројцата седнати еден до друг, навечер...Сите светла во ски центарот на планината се гасат, персоналот си заминуваат дома, а овие остануваат заглавени на жичарата на висина од земјата што не им дозволува да скокнат и да се спасат...Започнува снежна вијулица, невреме...Имаат само две опции - да скокнат или да останат на жичарата и тука да умрат од студ...

Драма и трагедија на едно место, трогателни и траорни сцени, кои детално ја прикажуваат голготата на овие млади луѓе. Нискобуџетен филм, од кој можам да изведам само единствен заклучок - понекогаш во животот од играчка станува плачка, а во овој случај "невидена плачка".
Од мене оцена 6/10. Зошто?
Затоа што некои случувања се гледа од авион дека се многу проѕирно намонтирани и дека шансите да се случат во реалниот живот се скоро невозможни...Нема да ги опишувам затоа што со тоа ќе треба да ви го раскажам филмот и како всушност на крајот се заврши оваа приказна...
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.760
Поени од реакции
8.016

Chaplin, the little tramp, and Hitler, leader of Germany, had more in common than a moustache. They were born in the same week of the same month of the same year. Before Chaplin became famous as The Tramp, Hitler was a tramp. Both were outsiders who left their homeland to conquer the world.

They became the best loved and most hated men of their time.

In every country Chaplin was the symbol for laughter. Hitler, the symbol for destruction.

... уште колку само цитати има, ќе треба многу да скролате :P Значи да појаснам, документарец околу сличностите на Чарли и Хитлер вклучувајќи и за филмот The Great Dicatotor (пародија за Хитлер), бидејќи филмот е правен за време на втората светска војна.

Тие што го обожаваат Чаплин, препорачувам да го изгледате... ќе дознаете многу работи.

Оценка: 10/10

PS, The one and only... во боја! :cuc: (сцена од документарецот)

Инаку го качив и на YouTube, така да можете да го изгледате и онлајн:
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Killer Elite

Интересно филмче со интересна содржина, ќелавиот што го глумеше транспортер (не го знам името) главна улога е. Носи титула како елитен платен убиец, ќе му се придружат уште двајца и ќе извршуваат убиства нарачани од еден арап поради што му ги убиле синовите. Мисијата е сите убиства да бидат како случајност и да им се земе изјава од сите дека ги убиле синовите на арапот. Јака акција без шминка од адоб афтер ефектс.
Според мене 7.5

Thor

Добри ефекти но слаба содржина и краток. Нема некоја очекувана акција која се промовираше во трејлерот.
Според мене 5.0
http://www.imdb.com/title/tt1657507/
Colombiana

Колумбијка која пред очи и го убиваат семејството па решава да иде и поход на одмазда, сите убиства што ги прави остава едно цвеќе „каталеја“ кое исто така се презива. Ќе ја стигне целта и ќе се одмазди, филмски ептен запрепастувачки. ПИС ОФ ШИТ!

Special Forces

Ако се повикам на насловот „кратка рецензија“ ке треба само два збора да напишам. Исто така краток филм со глупава позната содржина, војуваат против едни токмаци со шапчиња околу фацата и ептен филмски ќе се кубат еден по еден па ќе дојдат до тројца. Мисија им е да спасат една киднапирана новинарка и после таа ги спасува нив абе кајгана.
Според мене 1.1

Outlander

Добри ефекти исто како тхор но глупава содржина, чоек аутландер доваѓа од друга планета и со себе несакајќи носи некој вид на животно кое при требење на неговата планета останало само тоа. Па си прави дувло у земјава и јаде внатрешни органи на луѓе, па овој ауландеров им дава упатства како да го убијат.

The Forbidden Kingdom

Фантазија, го пишале и акција ама чиста фантазија, се работи за еден одамнешен борец Кинг од Манкис кој изгубил во борба поради губење на неговиот стап. После едно момче го зима и му го врајќа па во патешествието се случуваат некои акциони ситуации кај шо и слеп би видел дека тепање во воздух небива. Стап = магичен стап, не се повикувајте на вашиот валкан мозок.
Според мене 3.0

Kingdom of Heaven

Ваква глупа работа од филм неам видено, цело време се испитува чиј син е ова она го издигнуваат ко демек бил јак борец таткому па има привилегии и на крај тргнува со војска од 10 000 против 200 000 илјади и го брани ерусалив од муслиманите. Па они со 200 000 војници неможат да пробијат абе филмој... после коа ќе остане со 1 000 го предава под услов да си заминат сите без да ги гибнат. Епа јеботе логика шо не го предаде коа имаше 20 000 а знаеше дека нема шанси против нив? Кајгана.
Според мене 5.0
http://www.imdb.com/title/tt0434409/
V for Vendetta

За крај го чував филмот кој ме инспирираа анонимусиве да го глеам. Добра содржина, длабоко повреден и мачен човек трга во одмазда и цел против критериумите на државата. На крај ќе го убијат ама сепак ќе ја оствари целта, као мартин лутер кинг демек, умрев ама ете пак црнец на власт. Добар филм ама не толку задоволителен.
Според мене 7.0

Излегдав на 50 филмови оваа 2012 година. Ама како оди филмскава индустрија све повеќе и повеќе сум незадоволен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Case 39 (2009)

Хорор, мистерија, трилер
Улоги- Рене Зелевегер, Џодел Ферланд



Емили е социјален работник (племенита, добра и чесна млада жена), која добива случај да ја испита семејната ситуација на едно мало девојче, бидејќи сите мислат дека девојчето е малтретирано од своите родители...Емили го посетува нивниот дом и доаѓа до првенствен заклучок дека родителите на девојчето се психички болни и дека нејзиниот живот и го претвориле во пекол...
Емили бара старателство над девојчето и ја згрижува во својата куќа се додека не најдат семејство кое би ја посвоило...Но...Дали станува збор за обично девојче? Всушност дали тоа девојче е вистина така наивно и невино како што изгледа на прв поглед...???

Од мене оцена 4/10...Затоа што овој филм во суштина се поклопува со филмот Orphan http://www.imdb.com/title/tt1148204/ , кој мене лично ми остави голем впечаток и имам претходно пишувано за него...Суштината е во глобала иста, само што тука во Case 39 има помалку или повеќе елементи на научна - фантастика што мене искрено воопшто не ме импресионира...
Се трудев да откријам кој кого копирал во случајов и јасно е по датумите на премиерите на овие два филма дека прв бил снимен и прикажан Orphan , а подоцна Case 39...
Според мене многу пооригинално е да се направи филм за хормонско пореметување на едно женско битие, филмот да изобилува со језиви сцени све до последниот момент (а при тоа знаеш дека има шанси истото и во реален живот да се случи), отколку филм за девојче во кое е влезен демон или сл. и демек сцените со страшна музика на која молњевито од плакарот излегува зомби и го брка главниот лик, треба да не престрашат...
Мое мислење...
А за главната актерка Рене Зелвегер немам зборови - прекарасна е и прекрасно глуми...Скоро сите незјини филмови ги имам гледано...
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.760
Поени од реакции
8.016
Love and Death (1975)

Интересно, изведено како комедија... но доста одлични цитати од философијата и религијата. На кратко, Борис е специфичен човек кој се занимава околу размислувањата на философијата и религијата... па затоа премногу е различен за разлика од оние што се околу него. Па така Борис ќе мора потоа да замине во војна иако е претставен како плашливец и кукавица...

Да не почнам со спојлери... се на се, доста прекрасен филм, кој не го гледал... да го гледа :)

Оценка: 9/10

 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
I spit on your grave (1978)

Џенифер која е писателка на кратки раскази, доаѓа во едно мало градче за да напише роман. Нејзиното пристигнување поттикнува
привлечност кај четворица другари кои потоа ќе ја силуваат. Едниот од нив, треба да се врати во куќата и да ја убие. Нема срце да го стори тоа и ја лажира нејзината смрт. После неколку недели, таа се одмаздува убивајќи ги на брутален начин сите четворица
.

Се на се, нетолку интересен филм. Дејствието е ограничено во мал простор, ликовите се тие 5 плус уште 2-3 кои се појавуваат накратко. А да, многу битно, првпат навивав глупавата жена која бега од злосторниците да успее да избега и евентуално да ги убие.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Immortals


Нешто поглупо од содржината на Иморталс не сте сретнале, очекував големо воооов од филмов ама испадна шит. Човел кој пишано му е да носи некој лак од боговите, ќе го поседува лакот па ќе му го украдат па после со тој лак ќе ги ослободат титаните и тогаш ќе се умешаат и боговите во борбата. Ја очекував титаните да се ајфелови кули, ама ко се ослободија ми изгледааа како тие во американска пита џуџињата :icon_lol:
Ако ви кажам дека филмов го симнав 3 пати и 4 пат тек тогаш добар видео фајл се погоди ќе кажете вај некоја будала, обожавам вакви филмови ама овој е крнтија
Според мене 4
District 9

После Иморталс го глеав овој, филм ипол накај два. Свака му час на режисерот и на тој шо го пишувал сценариото.
Филм кој во 100 минутки владее со докази за тоа колку може да биде силна љубовта и една едноставна слика како би живееле вонземјани со земјани. Филмов ме запрепасти и се покајав што не сум го гледал порано.
Според мене 11
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


The Guard

Таканаречениот жанр buddy-cop крими-комедија е интересен жанр. Понекогаш резултатите од него се добри (Lethal Weapon), понекогаш катастрофални (Showtime). The Guard спаѓа во првата група.

Вниманието ми беше привлечено уште со првата сцена од филмот. Односно, првите зборови на главниот лик: „I don't think your Mammy will be too pleased about that, now“. Првата сцена кажува многу за дејството кое следи, а и за протагонистот. Протагонист во филмот е Гери Бојл (Брендан Глисон), началник на полицијата во малиот град Галвеј. Гери е човек кој попрво би го поминал денот со алкохол и проститутки, отколку да гони криминалци. Неговата дневна рутина се состои од возикање низ градот и повремено крадење од онесвестени возачи. Ваквата идилична работна атмосфера е пореметена кога Гери ќе пронајде убиен човек, вмешан во меѓународен шверц со дрога. На помош во градот пристигнува Вендел, детектив на ФБИ (Дон Чидл) и Гери е принуден да му биде партнер.

Соработката се одвива малку тешко поради расистичките испади на Гери и поради тоа што двајцата партнери се ептен различни. Иако сме навикнати во филмовите да гледаме нешто ви стилот на good cop/ bad cop, сепак овде работите не се така како што изгледаат. Овде дијалогот и ликовите се поразлични од оние кои сме ги гледале досега. Всушност тие се и најголемата предност на овој филм.

Друга работа која ми се допадна во The Guard е што покажува дека понекогаш изгледот и првиот впечаток лажат. На почетокот се прашуваме дали Гери е претерано глуп или претерано паметен. Не само ние, туку и ликот на Чидл се прашува истото со зборовите: I don't know if you're really mutha-fuckin' smart, or really mutha-fuckin' dumb. Кога го слушнав ова си помислив: ми го зеде зборот од уста.

The Guard е интересно освежување во крими жанрот. Иако очекував комедија во стилот на In the Loop, на крај испадна дека гледам трилер сличен на In Bruges, не само поради главниот актер. Што значи дека The Guard е must-see за оние на кои им се допаднал претходнонаведениот филм и за оние кои сакаат да погледнат смешен и нетипичен трилер.

Моја оцена: 7/ 10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom