Мрчаторство за почетници

  • Креатор на темата Креатор на темата burn84
  • Време на започнување Време на започнување

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Локација
40 miles from the sun
Инспирација за темава е шегобијниот осврт на тема мрчење што редовно ја имаме со Sussaro

Прво да ги истакнам мрчаторските пароли за мрчење што ми текнуваат сега:

  • мрчењето е уметност, а јас сум уметник
  • мрчам значи постојам
  • мрчењето е сила, мрчењето е моќ
  • мрчењето е пола здравје
  • кој мрчи зло не мисли
  • кој мрчи рано насабјле мрчи цел ден.....итн
Сега би дал кратко упатство за како правилно треба да се мрчи со цел вашите мрчаторства да имаат тежина и да ја постигнете целта.
  1. Секогаш мрчете на тема релеванта за вас на некаков начин. Не влегувајте во дискусија за нешто кое нити ве тангира, нити ве интересира колку ете само да промрчите.
  2. Секогаш мрчете со факти, аргуемтни и проверени научни и статистички податоци. Не го правете тоа на голо око затоа што кредибилитетот енормно ви опаѓа.
  3. Мрчаторскиот начин на изразување гледајте да ви биде профилозофски и подложен на промени, затоа што работите се менуваат од ден за ден. не би сакале да земете црвст став за нешто и после да испаднете шутрак доколку тоа не е така.
Не заборавајте, мрчењето е вентил, тие што мрчат живеат подолго и поквалитетно...(видете ги политичарите)
Јас љубам да мрчам на тема, музика, луѓе, глупави обичаи. сељачизам и ренесанса, скопски кремци и шмизли...тоест генерално за се затоа што мислам дека луѓево се невероватно глупава и греота појава.
За што вие сакате да мрчите, и како го правите тоа?
Дали мрчите само на нет или и фејс ту фејсубк?
Ако барем една страна има коментари темава, ќе се почастам чоколатце банџи вечер.
 
Јас не мрчам туку мркам :icon_lol:.
 
Јас не мрчам туку мркам :icon_lol:.
и јас [ш]мркам закон е
I-fucking-love-cocaine.jpg
 
Абе оди побарај се... жити темава глупа... - ова на тема ти личи? Демек досадно ти е па ај тема ќе отворам на кајгана...


(како ми оди? xD)
 
Абе оди побарај се... жити темава глупа... - ова на тема ти личи? Демек досадно ти е па ај тема ќе отворам на кајгана...


(како ми оди? xD)
Школски пример за мрчење :pos:
 
Демек сатисфакција и личен успех ќе му биде ако темава ја наполни со постови... небаре златниот ќе го добие ако некој постира. Па и ова снегов сиба мајка истура останавме попретани готово е... бати државата бати наместо да сторат нешто за снегов да го снема тие се занимаваат со шогоде работи.

А и капак на се гледам глупи постови на темава... осет да се немало
 
И сега што значи мрчење?
Добро прашање.

Мрчење е само иницирачки акт на деградирање на туѓиот став (по можност мнозниснкиот) и паралелно и понекогаш инертно истакнување на сопствениот поради слепата егоцентрична причина дека ти си најпаметен а сите други се глупи.
 
-ај не ми мрчи многу,туку стани и фати лопата и да те видам надвор
пред зграда за пет минути ,а ја ќе гледам од тараса и ќе си мрчам,
шо бутур му е на овој доле со лопатана и пак ќе си седнам на комј...
 
поголеми глупости немам прочитано (не се заебавам) хахахаха btw мрчење и тролање исто му доаѓа а?
 
На жените не им треба упатство, си го имаме ние ПиеМеСот. Вроден талент се вика тоа. :icon_mrgr: Да не кажам во крвта ни е да си подмрчуеме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom