„СТОП АКТА“ Протест во Македонија?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2
Поени од реакции
7
Возраст
55
Пост од Dark King:

Зашто првиот пост не беше тоа што беше и само штетеше на каузата за протестиве, ќе го сменам тотално постов.

Еве на кратко што е ACTA:

АКТА (ACTA – Anti Counterfeiting Trade Agreement)е меѓународен договор чии преговори се одвиваа(т) во тајност, и кој има наведена цел да се бори против нарушување на правата од интелектуална сопственост. АКТА е последниот од серијата документи (SOPA, PIPA) донесени во фокус во последниот период кои се воведуваат со „добронамерни“ цели за стимулација на економскиот развој и „заштита на авторите“ на интелектуалните творби, но во својата суштина е договор со сериозни недостатоци, кои намерно или не навлегуваат во и рушат низа човекови права и правни принципи.

http://anerozia.wordpress.com/

Или ако ве мрзи:



Ќе средам насловот и воведниот пост со овие работи.
 
Од кај излезе ова, кога во групата за Анти-Акта нема никакво известување. Денес баш почнаа муабетите за организирање, но ништо не е најавено.

Не знам колку е сигурно ова што го објави членот, немојте да се истрчкате.
 
Друже да не знаеш дали и ако има каде во македонија може да се набави маска анонимус како на аватаров мој?
Потврдено идам :cuc:
 
Има и вработени анонимуси. Не му текна на организаторот во неработен ден да го организира протестот? :)
Just saying, ќе има помалку луѓе...
 
Е да, и јас сакав да го кажам тоа. Кое е ова време 12, кога јас сакам да дојдам ама сум на работа?
Кога нешто се организира се мисли малку, не е колку нешто да се дешава.

Леле, инстант нервоза ме фати од постов по сабајлечки.:)
 
Со еден (мирен) протест ништо не правиме, масовни протести низ целиот свет, кои траат подолг период... е тука би требало да има некаков успех.
 
Ако немам некои посериозни обврски ќе присуствувам на протестот. Ако биде организиран со маски, каде може да се набави маска освен на интернет?
 
Ако немам некои посериозни обврски ќе присуствувам на протестот. Ако биде организиран со маски, каде може да се набави маска освен на интернет?
Ќе си испринташ на бел лист хартија (бидете иновативни :) )
Јас сум на работа, но ќе ја искористам паузата за протестот. Еден саат ќе ве дружам.
 
tumblr_lu81nlCSRI1qdzq7ho1_1280.jpg





Инаку, стварно лош тајминг. Дали некој размислил за протестов и неговата организација, или едноставно на некој му текнало да направи слика и избрал рандом датум кога има најмалку обврски. За да бидеме сфатени сериозно, треба и да се организираме сериозно.
 
Точно. Подобро и да биде една недела подоцна ама да има добра организација и многу луѓе отколку вака од денес за утре.
FAIL ќе биде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom