„СТОП АКТА“ Протест во Македонија?

Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам дали приметувате, ама датумот е 15.03.2012, така да мислам дека е стварно доволно време за да се организира. Месец дена не е од денес за утре.
Инаку жал ми е уште од сега пошто знам дека нема да дојдат задоволителен број на луѓе, премногу игнорантност, особено меѓу македонската младина.
 
Има време до тогаш, но најарно е овој организатор да се искоординира со https://www.facebook.com/groups/226087454143431/, бидејќи има луѓе кои веќе учествувале и организирале протести и знаат што и како да прават. Оваа сега како гром од ведро небо дојде.

Подобро да се организираат двете (fb) групи... нормално, ако STOPACTAmkd е сериозен во своите намери, за на крај да имаме успешен протест, а не да бидат двајца без тројца и да се избрукаат.
 
Ниеден протест не е „брука“, па макар да биде и од 3ца. Поголем ефект и посилна порака ќе пратиме ако е помасовно, затоа треба и повеќе луѓе да излезат и да си го кажат своето незадоволство. Да престанеме да бидеме исплашени јагниња и да се криеме позади нашите политички бенифиции, бидејќи мислам дека ова навистина многу ќе не погоди нас - постојаните корисници на интернет.
 
Да, но нема да бидат сфатени сериозно и ништо нема да се постигне со протест од 3ца, па и десетина луѓе. Тоа ми беше зборот.

За масовност, не се сомневам дека ќе нема... на младинава и е преку глава од се повеќе, а посебно (пошто малку им е тоа што го трпаат во вистинскиот живот) кога се работи за некакво си нивно ограничување, следење и забранување што да се прави на онлајн просторот.

Единствено што ме плаши е протестот да не биде обележат како партиски и некои политички фаци да умешаат прсти, тогаш се губи многу. Но, гледајќи ги кој ќе организираат и познавајќи ги дел од нив лично... мислам дека нема туку-така да нѐ сопрат.
 
Море познавајќи ја нашата младина, подобро и да е партиски протест повеќе народ ќе се собере :) Не шала на страна, треба навистина да разберат што значи АКТА и зошто ќе се протестира. А политичарите ако не не поддржат, подобро да не остават сами да си ја водиме битката.
 
Уште еднаш Ве молам да ја раширете веста што помасовно за да не мислат дека ние Македонците сме отсечени од светот и сме афричко племе кое не слушнало што е тоа интернет и компјутер.

Ќе се протестира против цензурата на интернет или за да му покажеме нешто на светот?

:confused:
 
Не е само до цензурата, оди многу подлабоко. Ќе може да имаат надзор буквално врз секоја содржина што ја споделуваме, без разлика на кој начин, и најлошо можно сценарио е да те сецнат. Не сме обични смртници и поради некои интереси на овие горните да ни биде забранета слободата на интернет.
 
И тука ќе прашам, што ќе промени тој протест кога одлуката треба да биде донесена во Европскиот парламент а Македонија нема никаков удел таму?
 
Па ќе му покажеме на светот дека и кај нас има интернет...

:vozbud:
 
И тука ќе прашам, што ќе промени тој протест кога одлуката треба да биде донесена во Европскиот парламент а Македонија нема никаков удел таму?
Ќе одговориш дека навреме се спремаме да ја алармираме јавноста бидејќи и онака политичарите се спремаат за ЕУ, па за да покажат дека сме поголеми европејци ќе го донесат пред Европскиот Парламент.
А јас не би се спремал за протест бидејќи политичарите и онака ќе го донесат само треба време и некое друго име, јас би се спремал како да го криптирам трансферот на податоци од/во мојот компјутер.
 
Ништо посебно како ни протестите на Вол Стрит, ниту пак добри 90% од некои протести, со претпоставка дека ако ЕУ прдни ние во Македонија ќе се посериме мене ми се излегува лично само за мене.
Не сакам ни да помислам дека ќе има можност да ти затропа полицаец на врата зошто си спуштил една песна од интернет без да ја платиш, додека во позадина се крие некаков реваншизам дали личен или партиски, ептен орвеловско сценарио.
Ако си против овој предложен акт излези чисто само за тебе.
 
Ќе одговориш дека навреме се спремаме да ја алармираме јавноста бидејќи и онака политичарите се спремаат за ЕУ, па за да покажат дека сме поголеми европејци ќе го донесат пред Европскиот Парламент.
А јас не би се спремал за протест бидејќи политичарите и онака ќе го донесат само треба време и некое друго име, јас би се спремал како да го криптирам трансферот на податоци од/во мојот компјутер.
Моментално одлуката не е во наши раце, туку во рацете на граѓаните на ЕУ. А ако помине АКТА во Европскиот парламент, џабе сите протести...
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 12:31 ---
Ако си против овој предложен акт излези чисто само за тебе.
Нормално дека сум против, единствено овој протест ми изгледа како комплетно бесполезен со оглед на тоа што нашиве политичари немаат никаков збор таму каде што треба да се одлучува... Па така и да успее да ги предомислиме (читај исплашиме) со бројни протести, пак исто му доаѓа.
 
Моментално одлуката не е во наши раце, туку во рацете на граѓаните на ЕУ. А ако помине АКТА во Европскиот парламент, џабе сите протести...
Не е во рацете на граѓаните на ЕУ, бидејќи парламентарците во ЕП, се бираат со најмалото можно мнозинство т.е немаат никаков легимитет
Е сега дека ова е почеток на носење на вакви закони да, ама како да се спречи, енкрипција на трансферот на податоците и p2p архитектура за пренос на податоците, ако ти дојдат со налог, тоа значи дека ти го имаат пробиено податоците, а за тоа може и да одговараат за нарушување на приватност и нарушување на човекови права и што знам уште таму, само со енкрипција и p2p делење на податоци може да се спречи ова, a тоа да се спречи е само со гасење на интернетот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom