Се отцепиле тие што се согласуваат со ваквото унапредување или тие што не се согласуваат, не е баш јасна ситуацијата...Ова е неверојатна глупост... UGLE уште одамна го суспендира признанието на ГЛНФ, исто како и многу други Европски ложи. Северно Американските ложи ќе го сторат истото во Март (некои веќе го сторија). Самата UGLE предложи дека ако се формира нова ложа, од ложите кои ќе ја напуштат ГЛНФ, ќе биде сметана за регуларна и ќе биде признаена. Сепак - браќата во Франција, сеуште се обидуваат интерно да го решат проблемот, пред да се стигне до таму. Така да - реагирано е на време, превземени се мерки, се во свое време ќе се доведе во ред. Ништо од тоа што е искористено од страна на Големиот Мајстор на ГЛНФ, нема да остане за него, а за тоа што не може да се поврати - веќе има судска одлука дека треба тој да го врати. Така што - масонеријата во Франција, ќе продолжи со работа, без некои особено големи потреси.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 23:14 ---
Интересно е што тврдиш дека масоните се поткупливи, а при тоа цело време се трудиш да се прикажеш како масон... мошне интересно...
Големиот Секретар на Турција е избран за Голем Мајстор, затоа што Врховниот Совет (на Шкотскиот Ред) нема никакво влијание врз Големата Ложа и и е потчинет на неа, а не обратно. Откако избива скандалот за писмото (интерен скандал, во самата ложа), настанува отцепување на група на масони, кои се нерегуларни и до ден денес продолжуваат да работат (под закрила на ГОФ).
Во ситуацијава - никаде не станува збор за поткуп - а за неправилна постапка од страна на Големиот Секретар. Постапката (откако се разбира за неа) е санкционирана и ложата во Турција работи до ден денес, како една од најсилните, најбројните и најуспешните во регионов.
Од тоа што разбирам испаѓа дека тие што се против ваквата чудна одлука,денес се нерегуларни, нели е чудно?
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 03:01 ---
Мислам дека тука е добар момент да направиме споредба со Србија и нивното признавање.Си ги измешал малку брзините.
Двете ложи во Бугарија се регуларни, и двете имаат регуларно потекло итн. Едната е призната, затоа што ги исполнува условите за признавање, другата не, затоа што не ги исполнува. Регуларност и признавање се два сосема различни поима (имам објаснето за ова, побарај низ форумот). Во Бугарија станува збор за регуларни масони од непризната организација, да преминат во признатата. Сосема различен случај од Србија на пример - каде што има и регуларни ложи од кои може да се премине во признатата, но има и нерегуларни, од кои нема како да се премине во регуларната, односно, апликантот од таква ложа се третира како воопшто никогаш да не бил зачленет.
Ова не е некоја иновација - принципите на регуларноста и признавањето ги има и во Античките правила и ги има и во самиот ритуал.
Еве групата на Чедо Вукиќ: еден дел од групата била дел од регуларната Масонерија на Ненезиќ(кога била комплетно регуларна и по сите правила), дел останале членови и кога Ненезиќ т.е. неговата ложа го загуби признавањето(но сите членови биле веќе регуларни масони со сите постапки) и продолжува понатака да работи без признавање, но другиот дел од групата продолжува да биде член во Регуларната Југословенска ложа... и се така до 2004-2005 година кога делот од регуларната југословенска ложа(незадоволни од водењето на големиот мајстор Петар Костиќ) и делот членови во ложата на Ненезиќ се сплотуваат во ново формирана ложа со име Регуларна Голема Ложа Србија,Београд.
Значи тука при формирањето сите членови веќе поминале низ прописни и регуларни постапки и сите имаат регуларно потекло!
Но сепак ти толку многу ги презираш и ги правиш најголеми крадци,без притоа да земеш и да разгледаш што како се случува...
Во мегувреме ложата на Чедо Вукиќ започнува постапка на суд,заради неправилно регистрирање на Регуларната Голема Ложа Србија(на петар костиќ) според српските закони и непочитување на законите во Србија. Како што веќе спомнав случајот е решен и е во полза на Големата ложа на Чедо Вукиќ, што ме води до заклучок дека Ложата на Петар Костиќ не ги почитувала законите во Државата и со тоа прави отстапки од законите во државата, а со тоа и кршење на масонските правила што тука нашироко ги пропагираат масоните на форумот... што води до заклучок дека треба да ги исклучите целата група на масони подржувачи на петар костиќ...
Запрашај се зашто никој никаде не го негира Чедо Вукиќ со факти. Секаде е површно објаснувањето.
Или е многу моќен и влијателен па усепава да прелаже еден куп образовани и успешни луѓе или некој од регуларната масонерија страшно многу заебал работа и така добро ги измрсил работите што сега нема назад.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 03:28 ---
Нема врска ова,не бил толку лош,само ја чувал жената на братот масон. Ептен братски по сите регуларни прописи.Хувер ќе биде запаметен како директор кој многупати ги пречекорил овластувањата (што е по дефиниција криминално дело) и собирал компромитирачки материјали за политичари, јавни личности, па дури и за лезбејските врски на Елинор Рузвелт, сопругата на Теодор Делано Рузвелт. Која крајна морална беда – хомосексуалец манијачел лезбејка за да може да ја уценува за нејзината сексуална ориентација.