Масони

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Апсолутно не очекувам никаков статус. Се надевам на доволно воспитана комуникација, за да биде полесно комуницирањето и да нема непотребно игнорирање на постови.
Зидарски, твоиве постови заличуваат на увреѓена јунферица. Извини, ама така е. Се набилдаа непријатни примери за твојата организација. Жал ми е, но фактите се тие. Ништо лично. Напротив, имам симпатии и респект кон тебе како личност. Но она што во некои постови го тврдиш не соодветствува со реалната состојба. Ако тоа за тебе е невоспитано, слободно игнорирај го.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Тапетарот - воопшто не зборувам за тие постови и за постирање на било какви напади. Нешто не сме се разбрале...
Зборувам за користење на вулгарности, пцовки, на недолично третирање на членови на форумот (не само кон двајцата масони тука, туку и кон немасони) и слично. Станува напорно самото присуство на такви постови.
Инаку никаков проблем немам со постови кои ја напаѓаат масонеријата, или како што велиш - постирање на непријатни примери за мојата организација.
 
Нешто мене ишарети ми пушташ? Колку што ме држи меморијата не сум употребил такви во комуникацијата со тебе. За било кој друг член ниту се замарам ниту можам да се чувствувам одговорен. Кога некој тресе глупости или навредува без причина, јас ги прескакам таквите постови. Колку што гледам, вулгарностите се санкционираат и тоа доста ажурно. За тресењето глупости, демократско право е да се тресат глупости, како што е демократско право да се воспева масонеријата некритички. Јас ги толерирам и двете.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
На прашањето „Дали мислите дека масоните владеат со светот“ во Центар со Васко Ефтов каде што гостин му беше големиот мајстор на Големата Македонска Ложа, Живко Груевски без ниту секунда двоумење рече „Не мислам, туку сигурен сум.“ Е сега како може толку контрадикторни изјави да има што ги читам тука со изјавата на големиот мајстор во нашата држава.

Нема политика исто така. Врз која основа, ако не главно политиката, масоните или било која организација би владеела со светот?

За клубовите Ротари и слични на нив не ни сакам да дискутирам знаејќи дел од нивните членови и колку тие со нивната „макотрпна“ работа го имаат стекнато тоа богатство со кое сега финансираат се` и сешто.
Ај ќе се цитирам затоа што се уште чекам одговор од страна на еден од масоните?
Мене навистина не ми е сфатливо како може да се владее со светот, и толку многу Живко Груевски да биде уверен во тоа, ако тоа не се прави преку политиката?

Или па масонеријата е нешто слично што и партија на власт, па не ти врши услуги партијата директно, туку услуга ти вршат членовите на партијата кои ги имаш запознаено со текот на времето? Само што масонеријата има уште еден зачин додадено, зачинот мистика.

Да не тупам многу, убедете ме како тоа масоните не разговараат за политика или за настаните во светот кога јас не познавам друг начин со владеење со светот, државата, градот или селото на било кое друго ниво освен политичко.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Се сеќавам дека зидарски пред многу страници тврдеше како имало само 3-4 лоши примери за масонеријата. Статистиката му испадна фалична -- биднаа бајаги повеќе и се`уште се множат. Ќе ја појачам статистиката со уште еден егземплар за толку воспеваната масонска етика.

Џеј Едгар Хувер, првиот директор на ФБИ бил долгогодишен активен масон. Се здобил со мајсторски степен на 26 годишна возраст во Ложата бр.1 во Вашингтон. Во масонеријата членувал 52 год. се` до својата смрт. Бил одликуван со многу масонски одличја и почести, меѓу кои и највисокиот орден во Шкотскиот масонски ред – Големиот Крст на честа (The Grand Cross of Honor). Според масонските одличја, Хувер бил пример-светилник за доблесност, чесност, етика. Тој бил гласен поборник за борба против неморалот, порнографијата и уцените.

Фактите за вистинскиот, заткулисен живот на Џеј Едгар Хувер го тврдат спротивното -- на морален план тој бил вистински гад и невиден хипокрит. Прво, имал огромен апетит за порнографија – неговата приватна колекција на порно филмови е документирана по неговата смрт. Како трансвестит (и активен хомосексуалец) често ги посетувал машките проститутки во Хавана. Се разбира, нема ништо спорно човек да е порнофил, трансвестит или хомосексуалец, или па да иде у курварлук. Не знам дали масоните одобруваат користење на услуги од проститутки, и во каков интензитет и фреквенција, али сигурно имаат некоја добра прича. Како и да е, масонот Хувер бајаги пари потрошил пари на мушки курави.

Одвратна е дволичноста на Хувер и глумењето морална чистота во јавниот живот и масонските кругови. Хувер ќе биде запаметен како директор кој многупати ги пречекорил овластувањата (што е по дефиниција криминално дело) и собирал компромитирачки материјали за политичари, јавни личности, па дури и за лезбејските врски на Елинор Рузвелт, сопругата на Теодор Делано Рузвелт. Која крајна морална беда – хомосексуалец манијачел лезбејка за да може да ја уценува за нејзината сексуална ориентација.

Сигурен сум дека масоните на форумот имаат одлична апологија за животот и делото на овој благороден масон. Јас сум убеден дека кај Хувер немало лажење или незаконски активности,. Се` ова е измислено од клетите душмани, кодоши и хејтери на благородните масони. Како Џеј Едгар Хувер.

Нека биде светлина? Тешко. Далноводските кабли се испокинаа, ама не од ладново.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Која крајна морална беда – хомосексуалец манијачел лезбејка за да може да ја уценува за нејзината сексуална ориентација.
:pos::pos:

Изразот иронија на судбината не го покрива ова...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Секој сам си ги сноси последиците од своите направени дела какви и да се.Масоонеријата не се занимава со следење на свои членови што тоа тие работат надвор во приватниот живот туку правилото е едноставно доколку некој масон направи кривично дело и за истото е осуден автоматски започнува процедура внатре во ложата за негово исфрлјање од неа и со самото тоа престанува да е масон.Имало случаеви кога заради прељуба (на оженети масони) истите биле исфрлани од ложите.Значи ако некој станал масон не значи и дека ке остане до крајот на животот .
Јас до сега немам сретнато браќа кои ме имаат излажано а од друга страна пак во светов постојат повеќе од 6 милиони масони така да го тврдам она за луѓето со кои сум бил заедно.
Точно е дека масоните го владејат светот оти се на највисоките позиции во многу земји во светот но тоа е нивен индивидуален успех(учество во политика и сл) а никако групен успех (како резултат на работата на една или повеќе ложи за остварувањето на таа цел т.е.победа на избори и освојување на власт во една држава).Значи во ложите не се дискутира политика а тоа не го исклучува правото на одредени браќа надвор од ложите да го практикуваат истото.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Секој сам си ги сноси последиците од своите направени дела какви и да се.Масоонеријата не се занимава со следење на свои членови што тоа тие работат надвор во приватниот живот туку правилото е едноставно доколку некој масон направи кривично дело и за истото е осуден автоматски започнува процедура внатре во ложата за негово исфрлјање од неа и со самото тоа престанува да е масон.Имало случаеви кога заради прељуба (на оженети масони) истите биле исфрлани од ложите.Значи ако некој станал масон не значи и дека ке остане до крајот на животот .
Јас до сега немам сретнато браќа кои ме имаат излажано а од друга страна пак во светов постојат повеќе од 6 милиони масони така да го тврдам она за луѓето со кои сум бил заедно.
Дечко, Џеј Едгар Хувер бил масон до крајот на животот. Не само што бил масон, туку во негова чест има и соба во масонскиот храм House of Temple во Вашингтон. Ниту бил исфрлен, ни бутур. Напротив, добил куп масонски почести за кои ти можеш само да сонуваш. И сеа?
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
...Точно е дека масоните го владејат светот оти се на највисоките позиции во многу земји во светот но тоа е нивен индивидуален успех(учество во политика и сл) а никако групен успех (како резултат на работата на една или повеќе ложи за остварувањето на таа цел т.е.победа на избори и освојување на власт во една држава).Значи во ложите не се дискутира политика а тоа не го исклучува правото на одредени браќа надвор од ложите да го практикуваат истото.
Не е точно дека масоните владеат со светот, туку се владеани од оние кои веќе неколкупати ги набројав. Она што ти го кажуваш е плод на масонската пропаганда за примамување на нови жртви во нивните редови. Дека се назначени на позиции незначи дека и раководат со истите. Тоа што баш масоните се назначени за такви позиции и покрај тоа што не е тоа суштествено мото на масоните како да се нарече? Коинциденција? Ете се деси? Неаме објаснување или има план? Одете лажете други, можда е ви поверуваат.
P.S: Која е цената на парата, може да купи се? Или пак која е цената на душата? Може да се купи душа? Колку што знам неможе, ама може многу лесно да се продаде, и тоа за бадава...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Дечко, Џеј Едгар Хувер бил масон до крајот на животот. Не само што бил масон, туку во негова чест има и соба во масонскиот храм House of Temple во Вашингтон. Ниту бил исфрлен, ни бутур. Напротив, добил куп масонски почести за кои ти можеш само да сонуваш. И сеа?
Како прво јас не сум за тебе дечко,а како второ дали има судска завршница каде посоченото лице е осудено?-или ја забораваш премисата која важи во УСА дека никој не е виновен додека не се докаже на суд со судска пресуда.А за тоа дали јас сонувам или не не е твое право да судиш (сем доколку не се јадосуваш самиот дека никогаш нема да го постигнеш тоа што јас го имам постигнато но тоа е твој проблем)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Како прво јас не сум за тебе дечко,а како второ дали има судска завршница каде посоченото лице е осудено?-или ја забораваш премисата која важи во УСА дека никој не е виновен додека не се докаже на суд со судска пресуда.А за тоа дали јас сонувам или не не е твое право да судиш (сем доколку не се јадосуваш самиот дека никогаш нема да го постигнеш тоа што јас го имам постигнато но тоа е твој проблем)
Постојат докази. Цели планини. Глумење лудило за неговиот морален лик е возможно само за такви како тебе. Хувер има направено премногу валкани работи. Инаку, немало пресуда затоа што масонските браќа во полицијата и судството ги криеле доказите и го штителе.

Јас нема што да се јадосувам, дечко, затоа што не сум масон, ниту имам амбиција да станам. Масонските почести ниту ме интересираат ниту ми значат нешто. Нема потреба да дрвиш за твоите високи дострели и благородност -- твојот профил, капацитет и постигања ми се јасни.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
а како второ дали има судска завршница каде посоченото лице е осудено?
Без разлика дали имало судска завршница или не, мене ме интересира една работа. Како е можно личност која што врши врвни политички или врвни раководни функции во војска или полиција може да биде високо одликуван масон или како може да биде масон воопшто? Масонеријата е организација која според вашите кажувања е заснована на беспрекорни хуманистички принципи, додека пак успешните држави функционираат крајно макијавелистички. Како може личност што во текот на своето работно време наредува извршување или извршува егзекуции на личности само заради тоа што се комунисти/демократи/арапи/вехабисти/бунтовници/... откако ќе заврши неговото работно време да биде личност со високи морални вредности и врвен хуманист?
 
Не гледам зошто било кој човек на било каква раководна позиција не би бил масон,каква врска има тоа?-масонеријата е братство во УСА се регистрирани како хуманитарни здруженија коишто на крајот на годината не смејат на својата сметка да имаат повеќе од 2500долари,а тоа што поради овдешното незнаење ги категоризираат масоните како негативни тоа е лично непознавање на нештата.И за крај секој добар човек е воедно и лојален граѓанин на својата држава,патриот и борец за својата држава а тоа значи дека погледите за одредени работи се разликуваат и од тој поглед во зависност од која држава доаѓаме.На пример за нас како Македонци доста сензитивно прашање е името на нашата држава и за нас таа била и ке остане само Република Македонија и крај...од друга страна пак можно е некој грк-масон( поради нивната долгогодишна политика по оваа прашање) да мисли дека ние сакаме да им ја крадеме историјата и терминот Македонија и тоа е нивно право но кај нас ниту ние како Македонци-масони смееме да не го почитуваме нивното право на мислење ниту пак тие имаат право да не оспоруваат да се ословуваме како што се чувствуваме (Македонци ) бидејки слободата на човека е една од основните норми,правила во масонеријата па нели ние сме слободни зидари.
 
Не говорам јас за различни погледи. Зборувам за наредување на ликвидации заради различните погледи. На пример, самиот факт што Хувер бил шеф на ФБИ, повлекува дека ги одобрувал ликвидациите што ги има вршено ФБИ. Ама тоа повторно не било пречка за да биде високо одликуван масон.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Не е точно дека масоните владеат со светот, туку се владеани од оние кои веќе неколкупати ги набројав. Она што ти го кажуваш е плод на масонската пропаганда за примамување на нови жртви во нивните редови. Дека се назначени на позиции незначи дека и раководат со истите. Тоа што баш масоните се назначени за такви позиции и покрај тоа што не е тоа суштествено мото на масоните како да се нарече? Коинциденција? Ете се деси? Неаме објаснување или има план? Одете лажете други, можда е ви поверуваат.
P.S: Која е цената на парата, може да купи се? Или пак која е цената на душата? Може да се купи душа? Колку што знам неможе, ама може многу лесно да се продаде, и тоа за бадава...
mislam deka blisku gi gledame rabotite za deckive
samo sto niskata masa na masoni(taka nareceni) se vlezeni vo drustvoto so druga misla
samo sto pojma nemaat golemiot vrv sto se ne pravi
Ajk ne sere gluposti i mislam deka ima mnogu vistina vo seto toa
samo ke izlezeme od temava
site se isto bratstvo samo so drugo ime
i si imaat svoj Bog -sprotiven on nasiot
znaci kako i site sto imaat religija imaat i oni svoja religija
kako gi vikase???? kabalisti
i gospodinot na forumov im go nosi imeto AMIN sto vikame nie hristijanite
se e cenzurirano se e nasminkano sto obicnite smrtnici i niskorangiranite nemaat pojma kolku dlaboka e verbata za eftino prodavanje na dusata
samo ne e se vo parite i vo mokta
a oni se veke mnooooogu mokni so vladeenje so svetot
na kolku mokni funkcii ima
a kamoli kolku skrieni moknici sto nie nemame pojma deka postojat
samite masoni na forumov go potvrdija seto ova samo sto ne mozat da gi skrijat ostanatite raboti
edno e sigurno
stom ima misticnost za nadvoresniot svet sigurno ne e nesto za dobroto na ovoj svet
 
Kajgana Shop

На врв Bottom