Ако има внатре легитимација ќе го вратам, ако нема ќе си ги земам парите. Ова ќе го направам иако знам дека ако мене ми се случи истото нема никој да ми го врати паричникот.
Досега не сум нашол паричник, но најдов падната на земја лична карта и картица од Стопанска банка за тековна книшка, уште памтам и на чиво име беа. Ова беше пред една година. Си одевме дома со другарот и на земја ги најдовме овие две работи. Јас ги зедов и покасно истиот ден отидов со такси на адресата, го најдов станот и заѕвонив, ми отвори една жена и реакција како да дошол ѓаволот. Ја прашав дали е ова станот на , име и презиме не е битно, таа ми рече да, и ги дадов документите и и реков дека ги најдов изгубени кај Градската црква, таа ми рече само фала и ми затвори вратата. Јас па се вратив со такси и ме одраа 150 денари за такси. Населбата каде што живееја луѓето беше многу подалеку од центарот, но на жената не можеше да и текне да ми даде пари за такси знаејќи дека сум ги нашол документите кај Градската црква, а од таму до местото каде што живееја има околу пет километри, а и потребно е да се вратам назад.
Мислам дека веќе никој не ги цени ваквите гестови.