Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?

  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Јас мислам дека Барселона ќе остане без трофеј оваа сезона, и тоа би било фер. Можеби евентуално купот, али во ЛШ не верувам дека ќе направат нешто повеќе, мислам дека најмногу можат до полуфинале, понатаму не. Освен победите над Реал во купот и во Примера, сезоната на Барселона им е катастрофа. Да ја оставиме на страна мотивацијата и сличните работи, за мене главен кривец, и еден и единствен е Гвардиола.

Гвардиола згреши кога го купи Фабрегас. Алчноста го направи своето и потрошија 50 милиони, на реално играч кој не им требаше, притоа оставајќи кратка клупа со многу тинејџери. Ако ги додадеме тука и фамозните повреди.. Друга грешка на Гвардиола според мене е она модифицирање на формацијата, од 4-3-3- во 3-4-3 и слично, сите тие модификации се правеа само поради Фабрегас, кој секако не може да седи на клупа. Знам дека ќе речете Фабрегас постигна толку гола, толку асистенции, али не е тоа битно, битен е вкупниот резултат, а тој кажува дека без Фабрегас Барселона беше подобра. Екипата не се уигра, не ги увиде очигледните пропусти, до вчера беше на -7, а од денеска можеби и на -10. А што да се каже за неговите мотивациски способности, колку пати се случуваше Барса да одигра слабо прво полувреме, а еднакво лошо може и полошо второ полувреме, а да се потсетиме на Мурињо колку натпревари победи во текот на паузата меѓу двете полувремиња.

Полека но сигурно излегоа сите тренерски мани на Гвардиола. Ја имаше најдобрата екипа во светот, воиграна до совршенство, со добитен систем и само требаше да стои на страна и да "глуми" тренер, али тој глумеше иноватор и ја уништи Барселона со својот миленик Фабрегас, 3-4-3, и останатите пропусти во формацијата и составот. Јас да сум Гвардиола одма би се вратил на 4-3-3, и би се обидел што би можело да се спаси од оваа сезона. Вака, им се заканува сезона без трофеј..

Ова е само едно мое размислување, што не би морало да биде точно, сите си имаме свои мислења..
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078

..
Ок, не ти го цитирав другиот дел зашто ти е тешка бљувотиња. Друго ми е муабетот..
Да стаиме јас и ти кладба тука пред сите дека Барса иде подалеку од Реал у ЛШ ?
У случај ако завршат двете исто никому ништо, а у случај ако Реал иде подалеку јас те частам што сакаш, у случај ако Барса иде подалеку од Реал јас го бирам поклонот, само немој со глупи аватари и слични муабети...ок?
Ти бирај !
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Ајде Реал, денес победа против леванте и лесен пат до титулата!
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237

Без трофеј Барса нема да остане. Барем купот ќе биде наш, иако за мене нема некакво големо значење. Но да не заборавиме оваа сезона го освоивме Светското Клупско Првенство!
Ако Пеп се откажал од Ла Лига, а тоа беше очигледно вчера тогаш очекувајте Барса да удри силно во ЛШ. Манчестер Јунајдет го нема таму, а освен Реал не гледам некој друг тим што може да не победи во двомеч. Секако фудбал е тоа а освен тоа Лига на Шампионите се вика тогаш секој може секого да победи.

Пеп воопшто не згреши со купувањето на Фабрегас. Единствено Пеп може да го кривиме за експериментирањето со формацијата на тешки натпревари и тоа во гости.
Годинава во Барса играат многу играчи кои лани играа многу малку во првиот тим. Тиаго добива многу повеќе време, Куенка исто така, Тељо, па сега овој Серхи Роберто. Повредите не убија тотално. Да изгубиш играч од калибарот на Давид Виља за цела сезона е голем хендикеп.

Во наредните кола во Ла Лига очекувам многу повеќе да играат младинците. А натпреварот со Леверкузен ќе ни даде јасна слика.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Ок, не ти го цитирав другиот дел зашто ти е тешка бљувотиња. Друго ми е муабетот..
Да стаиме јас и ти кладба тука пред сите дека Барса иде подалеку од Реал у ЛШ ?
У случај ако завршат двете исто никому ништо, а у случај ако Реал иде подалеку јас те частам што сакаш, у случај ако Барса иде подалеку од Реал јас го бирам поклонот, само немој со глупи аватари и слични муабети...ок?
Ти бирај !
Ај утре, може ?

Прочитај ја последната реченица од мојот пост. Ни ми е до кладби, ни до нешто слично, само си дадов мое размислување за Барселона, и како што пишав не мора да биде точно, и можеби за тебе е бљувотина, и за некои или за сите фанови на Барселона, али ете има и некој што се сложува со тоа мислење. Ќе видиме на крајот од сезоната дали е точно или не е, ако ја гледаме моменталната ситуација поголемиот дел е точен затоа штосите тие промени сега засега не вродија со плод.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Ај утре, може ?

Прочитај ја последната реченица од мојот пост. Ни ми е до кладби, ни до нешто слично, само си дадов мое размислување за Барселона, и како што пишав не мора да биде точно, и можеби за тебе е бљувотина, и за некои или за сите фанови на Барселона, али ете има и некој што се сложува со тоа мислење. Ќе видиме на крајот од сезоната дали е точно или не е, ако ја гледаме моменталната ситуација поголемиот дел е точен затоа штосите тие промени сега засега не вродија со плод.
Сите пишуваме свои размислувања де.
Не е работата тоа што јас не се согласувам со твоето мислење, муабетот е во твојата сигурност за делот кој те цитирав, сигурност која очигледно највеќе е базирана заради вчерашниот меч кој го одигра Барса.
Не ли е смешно некој да напише Реал ќе остане без титула у сите натпреварувања а аргумент да му е променливата игра у Ла лига со некои деца од Б тимот во составот ?

Ланскиот Реал кој у Ла Лига беше налик на оваа Барса имаше голема шанса да стигне до финалето у ЛШ доколку Барса не му се најдеше на патот, значи ептен малце му фалело за ЛШ иако играл промелниво во Ла Лига. А кога си веќе у финале шансите ти се 50-50.

Очигледно забораваш дека моментално најдобрите 2 тима доаѓаат од Шпанија...и дека првиот на табелата сезонава во вкупно 5 натпревари кои ги одиграа овие два клуба сеуште го нема поразено вториот тим на табелата и дека двата порази дома му се од Барса...
Или сега треба базирано на ова да нашишам ФЕР е Реал ништо да не освои заради овој факт, нешто директно на тоа што си го напишал во првата твоја реченица од постот !?

А за кладбата, не се секирај, ни мене не ми е до кладби, на тој пост друга му беше поентата.....
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.196
Има некоја вистина во постот на навивачот на милиот ни ривал горе. Ако ги оставиме настрана судиите што буквално на секој натпревар каде што загубивме бодови освен оној со Севиља не оштетија дебело (пенали, поништени регуларни голови) а од друга страна му помогнаа на Реал (Мајорка, Валенсија, Гетафе итн), најголем виновник за од вечер актуелните 10 бодови разлика ќе биде Гвардиола. Од почетокот на сезоната па до сега на секој натпревар освен против Реал (во поглед на стартната постава) експериментира. Се ежам кога ќе видам 3-4-3 со тие бавни дефанзивци што ги имаме, формацијава не даде резултат ама баш ниеднаш освен против Реал во лигата. Друго, Чави го претвори во пензионер што игра 1 а одмара 3 натпревари а е 5 години помлад од Сколс кој го игра секој натпревар за Јунајтед, и тоа во ЕПЛ. Разбирам да се одморат играчите на домашен терен против некоја глупа екипа, ама против Осасуна во Памплона? И повторно ги чува на полувреме? Нешто не е во ред. Да, имаше повреди годинава но можеше да купи некоја класична 9ка зимава, а не да се инати. Што може да очекувам јас од Тељо, Серхи Роберто, ЏДС и Куенка (па и Тиаго не е нешто посебно, да не речам ме разочара годинава) - да свртат резултат во Памплона? Сепак, Фабрегас дефинитивно не е причината за тоа. Фабрегас за мене е позитивно изненадување годинава, веќе има 15 голови и 10ина асистенции. Не очекував толку од него за цела сезона. Место има за Фабрегас, па Тиаго има изиграно повеќе од него. Плус и сега кога е Виља повреден Фабрегас практично игра лажна 9ка. Значи има место за Фабрегас кога играат младинци во прв состав и не е до него.

До што е тогаш? Мислам дека Гвардиола ја жртвува сезонава со некоја цел. 3-4-3 срањето му падна на памет за да ја направи Барса непредвидлива, бидејќи од Јапонија до Мексико знаат како игра Барса и што ќе биде следниот потег на играчите. До некаде и му успеа ова, од шпански, европски и светски шампион Барса непредвидливо е на -10 во Фебруари. Сега читам не се откажувал од Ла Лига...сигурно наредниот натпревар ќе го почне со некој нов младинец.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Сплет на повеќе работи е зашто Барса е во толкава негатива, а овде Реал го гледам како најмал проблем за истата.
Според мене:
-недоволна мотивација во некои натпревари на тимот
-Гвардиола и неговите експериментирања со формацијата
-Неколку директни одлуки од судиите на штета на Барса баш во натпреварите каде Барса губеше бодови, (кој гледал знае )
-Повредите

Прошлата сезона, буквално до овој период Барса немаше ни пораз ни нерешено на гостувањата у Примера, годинава сликата е сосема друга.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Глејте, Шпанија не е Англија, си знаете тоа. Овде секој кикс значи многу.

Барса у минативе две години играше у ненормална форма ( строго за Ла Лига зборувам ), форма која ги донесе до титулата. Форма каква што моментално има Реал, форма која (може) ќе ги донесе до титула.

Но, ниту Реал ниту Барса неможат да поминат цела сезона без кризен преиод. Финтата е што Реал изминативе две години веќе е навикнат на резултатски негативи и знае како да се справи со нив. Барса - НЕ! Барса ретко, многу ретко минативе години беше у негатива, едноставно не знае како да се извлече од неа. Знае само против Реал, каде што игра психолошкиот фактор.

Особено за тоа не е добар Пеп, кој (според мене нормално) е многу слаб тактичар. Со ова сезонава, формацијата која ја тера, пробува да отстапи од тактичките основи, и тоа му се удира у глава...

Реал сезонава е поквалитетен тим! Факт! Иако не се докажа тоа у меѓусебните дуели, еве се докажува у лигата. Сепак и Реал не е совршен, и Реал има слаби точки (одбраната), но тоа го надополнува нападот кој функционира беспрекорно.

Реал три пати по ред го вртеше резултатот. Покажа дека созреал за такви резултати.

Единствено тоа, созреаноста на Реал и кризата на Барселона се битните фактори за ваквиот расплет. Немојте со глупости...

Ние лани (под ние не ги подразбирам само членовите на форумов), прехлани НИКОГАШ не се побунивме дека ЛаЛига сме ја изгубиле заради судиите.

Се буневме за судиите во ЛШ, каде што сите увидоја какво беше судењето и односот на играчите на Барса со симулирањето... Со право кенкавме за тоа, оти беше очигледно како поминавте!

И сето ова што се дешава сезонава е ставено на една голема дискусија. Зошто Барселона нема да освои ЛаЛига !? Па де бе мајкуму... редно беше... шо има толку млатење слама за тоа...

Сепак, долга е сезоната, сеуште ништо не е решено !!!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Какви глупости се изначитав тоа е чудо.
Како може Пеп да е слаб тактичар кога човекот изминатите години освои се што можеше да се освои, ги урна сите можни рекорди.
Не би рекол дека Фабре е потрешен потег, оваа сезона даде клучни голови и во вадеше тимот. За оние кои не знаат, Фабре не е омилен на Пеп. Фабре е дел од стратегијата на Лапорта која која ја превзема и Росел (враќање на сите играчи кои потекнуваат од Ла Масија и ја напуштија Барса)

Проблемот оваа сеозна е следново. Овој тим изминатите три години игра без одмор. Освојува титули, урива рекорди. Играњето без одмор носи тешки повреди, се виде какви проблеми имаме.Барселона не фукнционира кога го нема триаголникот Иниеста, Бускец, Чави. Без овие тројца ни Меси сам неможе да помогне.
Филе убаво си напиша.
Виља го нема, замена за него немаме.
Иниеста го нема, замена за мозокот на екипата немаме.

Факт е дека Пеп оваа сезона со ротациите зезна многу иако со овој тим што го има и повредите, ова е некој максимум што може да се извади. Но тоа е секоја екипа си има свој подем и пад. Една сезона е лоша, другата е добра. Тоа било и ќе биде. Иако ја загубивме лигата, останува Купот и обидот во ЛШ да бидеме првата екипа која ја одбранила титулата. За мене како фан на Барса повеќе ми значи победата во меѓусебните дуели против Мадрид не се сомневам дека и следното Ел Класико ќе победиме.
Што се однесува до судиите, не дека се жалам или плачам по нив. Иако понекогаш биле наклонети за нас, оваа сезона не уништија. Барса има пад во играта но оваа сезона и вчерашниот натпревар беа ужасно лошо судени. Верувам во моделот на Кројф, верувам во Барселона, ја сакам и кога губи и кога победува, иако ми е криво и ме боли секој пораз, едно изгубивме но сосема друго ќе добиеме.

Visca el Barca !!!!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom