- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.609
- Поени од реакции
- 14.461
Јас мислам дека Барселона ќе остане без трофеј оваа сезона, и тоа би било фер. Можеби евентуално купот, али во ЛШ не верувам дека ќе направат нешто повеќе, мислам дека најмногу можат до полуфинале, понатаму не. Освен победите над Реал во купот и во Примера, сезоната на Барселона им е катастрофа. Да ја оставиме на страна мотивацијата и сличните работи, за мене главен кривец, и еден и единствен е Гвардиола.
Гвардиола згреши кога го купи Фабрегас. Алчноста го направи своето и потрошија 50 милиони, на реално играч кој не им требаше, притоа оставајќи кратка клупа со многу тинејџери. Ако ги додадеме тука и фамозните повреди.. Друга грешка на Гвардиола според мене е она модифицирање на формацијата, од 4-3-3- во 3-4-3 и слично, сите тие модификации се правеа само поради Фабрегас, кој секако не може да седи на клупа. Знам дека ќе речете Фабрегас постигна толку гола, толку асистенции, али не е тоа битно, битен е вкупниот резултат, а тој кажува дека без Фабрегас Барселона беше подобра. Екипата не се уигра, не ги увиде очигледните пропусти, до вчера беше на -7, а од денеска можеби и на -10. А што да се каже за неговите мотивациски способности, колку пати се случуваше Барса да одигра слабо прво полувреме, а еднакво лошо може и полошо второ полувреме, а да се потсетиме на Мурињо колку натпревари победи во текот на паузата меѓу двете полувремиња.
Полека но сигурно излегоа сите тренерски мани на Гвардиола. Ја имаше најдобрата екипа во светот, воиграна до совршенство, со добитен систем и само требаше да стои на страна и да "глуми" тренер, али тој глумеше иноватор и ја уништи Барселона со својот миленик Фабрегас, 3-4-3, и останатите пропусти во формацијата и составот. Јас да сум Гвардиола одма би се вратил на 4-3-3, и би се обидел што би можело да се спаси од оваа сезона. Вака, им се заканува сезона без трофеј..
Ова е само едно мое размислување, што не би морало да биде точно, сите си имаме свои мислења..