Не мора и нема разлика на гените. Зошто би имало кога станува збор за истиот пивски квасец, кој не мутирал во „повеќеклеточен“, туку веќе си ја имал таа особина на повеќеклеточност т.е. да се групира во снегулки?
Хммм... Велиш,
едноклеточниот квасец веќе си ја имал запишано во гените особината на
повеќеклеточност.
Само што падна во дупката што ми ја копаше.
Е па по истата логика, зошто ти е тешко да прифатиш дека едно шугаво животинче налик на денешните мајмуни, кое не знаело ни оган да запали и само повремено се исправувало на две нозе,
имало запишано во гените човечки особини, па подоцна се развило во човек? Незгодно по верата, а?
Да те утешам, науката не признава вакво однапред запишување на целиот иден развој во гените. Ама ти и онака не си по науката...
И повторно: тврдиш дека нема разлика во гените, а не си испитал - тоа е огромна верба!
По размножувањето повторно добиваш пивски квасец со особина на повеќеклеточност т.е. со особина да се групира со останатите вештачко селектирани клетки на истиот пивски квасец.
Kако и кај повеќето фунги и пивскиот квасец ја има таа особина на диморфност, Оваа особина пивскиот квасец си ја имал и пред Ретклиф да ја изврши вештачката селекција на квасните клетки со поизразита способност. Тоа се истите нееволуирани клетки од пред започнувањето на експериментот. Ништо не еволуирало. Само вештачки се селектирани оние клетки со поизразита способност да се селектираат.
И клетките на „едноклеточниот“ пивски квасец имаат способност за повеќеклеточност т.е. способност да се групираат, но таа способност е изразито мала и затоа мал минимален процент од нив се групираат, но сепак се случува групирање и оваа особина на пивскиот квасец и била познато на научната јавност со години пред да се роди Ретклиф. Во целата почетна смеса што ја употребил Ретклиф, доволно е да имало само 3-4 клетки од пивскиот квасец што имале натпросечна способност за повеќеклеточност за да размножат, селектираат, па повторно размножат, па пак селектираат итн. па нивните потомци да се наречат „еволуирани“ од Дарвинистите. Но не е така. Се што направил Ретклиф е една обична вештачка селекција.
Значи тие снегулки се истиот тој пивски квасец што си постоел и пред експериментот. Варијациите меѓу клетките си постоеле и пред и по експериментот. Некоја од тие варијации била и тоа што некои клетки имале поизразита способност да се групираат, а некои доволно мала за да не се групираат. Се што направил Ретклиф, по 10 пат ќе повторам, било вештачка селекција на клетките со поизразена способност за групирање.
Зеленото: група од единки не е исто со повеќеклеточен организам! Дај немој за ова да се бламираш.
Плавото: оваа особина не само што била позната на научната јавност, туку и на
ненаучната која уште пред 10.000 години правела пиво и леб.
Останатото: Од едноклеточниот квасец со размножување се добива повторно едноклеточен. Групирањето (она обичното) настанува под одредени услови - ако нив ги нема, не се формира групирање на едноклеточниот квасец.
Од повеќеклеточниот квасец (оној од Ретклиф) со размножување
не се добиваат мноштво единки од едноклеточен квасец (кои може, но и не мора да се групираат), туку
веднаш се добива повеќеклеточен организам, независно од условите (ако условите се толку лоши, нема да се формира ништо -ни едноклеточно)!
Е да, знам дека верниците имаат проблем со „вештачката“ селекција. Таа „вештачка“ селекција на Ретклиф по ништо не се разликува од она што може да се случи во секоја баричка.
Добиваш едноклеточен квасец кој исто така има способност да се групира т.е. да формира гроздови од снегулки, но во помала мера и затоа не се групира или пак се групираат само 4-5 клетки кои тешко можат да се забележат. Ако го размножуваш доволно време во некоја од потомците на тие клетки ќе се појават клетки со поизразена способност за групирање и со нивно вештачко селектирање, ќе се добијат клетки на истиот пивски квасец што ќе се групираат формирајќи гроздови на снегулки што на Ратклиф му личат на повеќеклеточен организам.
Кај обично групирање, после размножувањето повторно добиваш
едноклеточен квасец, кој
не мора да се групира. Си видел ли некогаш како изгледаат тие групирања?
Не изгледаат како снегулки! Снегулките кај Ретклиф веднаш се размножуваат во исти такви
повеќеклеточни снегулки, никогаш не даваат
едноклеточни, независни ќелии квасец.
Еве ти линк од експеримент во кој одредени научници ја истражувале оваа веќе постоечка особина на пивскиот квасец во 2001 година (околу 10 години пред да се појави Ретклиф со своето „откритие“
Болдот: немаш дадено линк, а истражувања имало и пред 20 години.