30 причини да не стапите во брак пред 30

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Луѓе бре...не е темата за тоа дека треба да се укине разводот...туку сосем трето.

И разводот како развод,е исто како и абортусот,чин кој ти ја одредува судбината....или ќе издржиш,или ќе избегаш од проблемот.(но тоа не значи и дека си го решил....туку дека си избегал)

Погоре гледам има членови кои се објаснуваат со некој фаци кој уживаат во западњачкиот живот.

Епа да ве прашам вас,кој што го браните западњачкиот живот:

"Како би изгледало,во текот на вашето растење и созревање,после 23h,да не знаете,кај е мајка ви,или татко ви???"(не верувам дека тој западњачки живот,може да ви донесе хармонија во бракот,и здраво одгледување на детето).
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Типична Американска глупост. 30 причини да не стапите во брак, 20 финти за добра врска, 10 трикови за ова за она бла бла бла. Тоа си е индивидуално кај сите. Кога ќе ја најдам таа што јас мислам дека за мене е идеална, би се оженил и сега во моментов. Нема граници или ветувања за за кога ќе се одлучи некој на тој чекор. Оние " фраери " кои викаат јас до 30 не се женам обично први го јадат и рипаат во тавче.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25

Да бе да, еве јас сум скоро 30ка, па ни на крај памет не планирам да се женам во блиска иднина !
Неможам да сфатам од каде толкав анти-американизам и од каде толку омраза и негирање на таа западна култура ! :facepalm:
Па зарем сега да земам да се оженам и да накљанкаме дете/деца, без решено стамбено прашање, без никаква финансиска поткрепа и сигурност, па после да си ги пуштиме децата на улица да си пасат трева !
Не фала, самиот ќе си одлучам кога ќе влезам во брак и сакам на моето дете да му обезбедам пристоен и нормален живот, а не чергарски, како многумина други !
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ок ајде џвакано ..

Сите подобро функционираат после развод?! ма немој.. па зошто тогаш се венчаат луѓево и зошто уствари децава имаат трауми после разводот на родителите кога многу подобро се живее сите одвоено??! ... значи тие што велат дека разводот на нивните родители им го уништило детството лажат бе.. види.. не сум знаела .. фала што ме просветли.
А и разводот нели позитивно влијае на самите деца.. си викаат.. ете така и ние утре кога ќе ни досади од жената/мажот и од децата ќе се разведеме... и децата ќе ни бидат штафети.. една недела кај мене друга недела кај тебе.. милина бе.. ем две детски соби ќе имаат.. ем секогаш ќе знаат кај им е домот.
А знаеш ли ти на колку деца им бил уништен животот затоа што нивните родители не се развеле?
Колку е по мачно да слушаш кавги секој ден, да гледаш како татко ти ја тепа мајка ти, едниот од родителите да ти биде алкохоличар, да те користат како средство за извојување на лични победи, поради тоа што од толку „хармонија'' во бракот забораваат дека имаат дете. Или пак да не разговараат со денови, ти „да си го јадеш'' затоа што тие се нервозни, да се плашиш да си дојдеш дома од школо....
Има мал миљон ситуации кои може да се набројат и тие не се ретки во нашава држава и нејзината околина. И тие луѓе со бракови какви што ги опишав прават златни свадби и даваат интервјуа на тема „Вистинска љубов''. Ама тоа е во ред затоа што само Американското општество е труло. Ние сме си супер. Нашето лицемерие не се гледа затоа што си ги метеме проблемите под тепих.

И кажи ми ти сега, како ќе му биде подобро на детето? Да трпи пекол секој ден или живее со разведени родители? И што ќе остави поголеми лузни, преселувањето во различна соба секоја недела или драмата што ќе ја преживува секој ден?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Неможам да сфатам од каде толкав анти-американизам и од каде толку омраза и негирање на таа западна култура ! :facepalm:
Да не беа западните култури сега ќе носеа народни носии, ќе слушаа бапчарки и ќе копаа на нива прашувајќи се што се оние сиви нешта кои се појавуваат/движат на небото испуштајќи бела линија која повремено исчезнува...
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
А знаеш ли ти на колку деца им бил уништен животот затоа што нивните родители не се развеле?
Колку е по мачно да слушаш кавги секој ден, да гледаш како татко ти ја тепа мајка ти, едниот од родителите да ти биде алкохоличар, да те користат како средство за извојување на лични победи, поради тоа што од толку „хармонија'' во бракот забораваат дека имаат дете. Или пак да не разговараат со денови, ти „да си го јадеш'' затоа што тие се нервозни, да се плашиш да си дојдеш дома од школо....
Има мал миљон ситуации кои може да се набројат и тие не се ретки во нашава држава и нејзината околина. И тие луѓе со бракови какви што ги опишав прават златни свадби и даваат интервјуа на тема „Вистинска љубов''. Ама тоа е во ред затоа што само Американското општество е труло. Ние сме си супер. Нашето лицемерие не се гледа затоа што си ги метеме проблемите под тепих.

И кажи ми ти сега, како ќе му биде подобро на детето? Да трпи пекол секој ден или живее со разведени родители? И што ќе остави поголеми лузни, преселувањето во различна соба секоја недела или драмата што ќе ја преживува секој ден?
Темата беше околу тоа зошто да не се стапи во брак пред 30... мојот коментар беше таков затоа што ваквите текстови некој си ги зима здраво за готово и тоа стана како некоја мода луѓето да не влегуваат пред 30 во брак, затоа што можеби ако влезат пред тоа, таа врска ќе резултира со развод или нема да ги изживеат сите работи што си ги зацртале во глава. Мојот одговор беше таков затоа што сите луѓе не се исти и секој човек самиот е свесен кога треба да стапи во брак и не треба да постои правило тука.. како што некои се обидуваат да поставуваат правила секојдневно.... ни сервираат правила за тоа како да се има успешна врска, за тоа како партнерот да го задоволиме, за тоа што треба а што не треба да се прави.

Зборот ми е.. од толку глупости изнапишани и од толку правила поставени, луѓето више не мислат со своја глава и не одат според срцето... ние полека но сигурно стануваме роботи, секојдневно читајќи глупости и верувајќи во нив. Почнуваме да не правиме разлика меѓу реалноста и виртуелниот свет и сето она што тој ни го сервира. Ете затоа не се слагам со ваквите статии .. затоа што секој си има доволно причини за да си стапи во брак порано или покасно.

Ајде сега за твоево што си го напишал..
Секој пред да стапи во брак треба да си расчисти со самиот себе некои работи.. СЕКОЈ ! ... ти кога влегуваш во брак со некоја особа треба доволно да ја познаваш и да знаеш дека таа особа го остава зад себе животот што претходно го имала и почнува нов. Тоа не значи дека треба да чекаме сите 30 год да наполниме па за да созрееме... имаш и 50 годишни особи коишто како што ти наведе горе, немаат ни самоконтрола, нити одговорност нити пак се свесни што сакаат од животот.
Не викам дека нема и кај нас такви бракови... има.. али кај нас се изгубени некои вредности што порано ги имало... сега нема почит меѓу брачните другари, што порано итекако го имало. Баба ми и дедо ми се 70 годишни старци па до ден денес си се почитуваат меѓусебно и не можат еден без друг.
А денес што се случува... ако едниот брачен другар влезе во некаква криза.. или се промени .. другиот не застанува до него и не го поддржува... туку ајде одма развод.. ајде децата секој на своја страна.
Не бива така бе луѓе.. ако ја има почитта.. нема да има ни такви ситуации каде едниот си тера некој свој живот и со тоа ги повредува сите членови во семејството
бракот не е едноставна работа па.. ако се деси да љубовта исчезне секој да си тргне по свој пат и да си тера своето. Ти кога си во брак со некого, ти оформуваш семејство и си одговорен за тоа семејство... тука веќе не размислуваш само за себе и своите желби и потреби, туку ги зимаш во обзир и желбите на другите.
зошто ова не ми го цитираше??? или не го прочита туку трчи трчи само да се реплицира и да се нападне..

Тоа што ти погоре го опиша требаше и јас да го ставам во пост.. да затоа што ни едното ни другото не е убаво.. али тоа секако не е причина за да не се земе некој пред 30...
Тоа се случаи кога тие што стапиле во брак не го познавале доволно својот партнер, нема доволно почит према партнерот и према семејството, нема одговорност, нема толеранција... и ред други работи.
Пак ќе речам... разводот не е убав за никого.. никој не излегува среќен кога тоа се случува... и не беше тоа темата.. али секако ова е дел од сето тоа. Бракот и разводот се нешта за кои треба 2 пати да се размисли пред да се направи ..

се надевам бев и повеќе од доволно јасна ..
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Не викам дека нема и кај нас такви бракови... има.. али кај нас се изгубени некои вредности што порано ги имало... сега нема почит меѓу брачните другари, што порано итекако го имало. Баба ми и дедо ми се 70 годишни старци па до ден денес си се почитуваат меѓусебно и не можат еден без друг.
Прашај ги за љубовта. нека се здрави и живи. Тргни ја баба ти настрана и неа посебно прашај ја.
Има исклучоци нормално ама реалниов голем процент загрижува. Јас искрено водејќи се по моето искуство немам до сега сретнато среќни бракови туку само збунети фаци со челични нерви.
Пред пријателите, роднините и комшиите "нашминкани" до немај каде, ама приватно брррррр се намовнав...

Се извинувам за што те цитирав, ама ако нема "ситуации" нема да има ни форуми...битно да се дружиме.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Прашај ги за љубовта. нека се здрави и живи. Тргни ја баба ти настрана и неа посебно прашај ја.
Има исклучоци нормално ама реалниов голем процент загрижува. Јас искрено водејќи се по моето искуство немам до сега сретнато среќни бракови туку само збунети фаци со челични нерви.
Пред пријателите, роднините и комшиите "нашминкани" до немај каде, ама приватно брррррр се намовнав...

Се извинувам за што те цитирав, ама ако нема "ситуации" нема да има ни форуми...битно да се дружиме.
Баба ми и дедо ми ги имам видено во секакви ситуации и верувај ми многу лоши работи им се случиле во животот и биле и двајцата на работ да си го одземат животот затоа што како шо знаеме нели.. животот не е розев, али ради љубовта кон својот партнер и децата они до ден денес се живи и се грижат еден за друг кога се болни и нормално и за нас се грижеле и сеуште се грижат без разлика што и да треба.. секогаш се тука.
Колку за твоја информација они се земале на 20.. па еве како што гледам уште се трпат.. и замисли не им е тешко тоа. Ако така размислуваш ни ти нема да уживаш утре со таа особа... треба да веруваш во љубовта и во таа особа за да бидеш среќен и да ја сакаш дури и кога мислиш дека е тоа невозможно, дури и кога ќе те извади од такт и кога ќе те расплаче.
Таков е животот... еднаш не бутка на дното еднаш не крева во облаци, таква е и љубовта а и партнерот.. некогаш не носат на 7мо небо а некогаш не закопуваат 3 метра под земја. Ако не научиш да се справуваш со тоа, значи дека не знаеш да се справиш со самиот живот. Бегањето нема да ги реши проблемите... треба храброст и одлучност за некои работи.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Да бе да, еве јас сум скоро 30ка, па ни на крај памет не планирам да се женам во блиска иднина !
Неможам да сфатам од каде толкав анти-американизам и од каде толку омраза и негирање на таа западна култура ! :facepalm:
Па зарем сега да земам да се оженам и да накљанкаме дете/деца, без решено стамбено прашање, без никаква финансиска поткрепа и сигурност, па после да си ги пуштиме децата на улица да си пасат трева !
Не фала, самиот ќе си одлучам кога ќе влезам во брак и сакам на моето дете да му обезбедам пристоен и нормален живот, а не чергарски, како многумина други !
Не ги сакам Америте и нивние (не)вредности затоа што според мое мислење најголемите глупости доаѓаат од нив. Мојот пост беше во насока на: не ми требаaт некои правила за тоа кога да го направам тој голем чекор. Секако дека ќе ја проценам и анализирам состојбата. Денеска во ова време во кое живееме ретко кој има обезбедено стамбено прашање. Едноставно такви се условите во денешно време. Економската ситуација си го прави своето. И јас не сакам децата да ми трпат за леб. По некоја логика заедничкиот живот подразбира и решавање на тие прашања. Многу од нашите родители или баби и дедовци почнале од нула па создале тоа што го сакале.
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.440
Не ги сакам Америте и нивние (не)вредности затоа што според мое мислење најголемите глупости доаѓаат од нив. Мојот пост беше во насока на: не ми требаa некои правила за тоа кога да го направам тој голем чекор. Секако дека ќе ја проценам и анализирам состојбата. Денеска во ова време во кое живееме ретко кој има обезбедено стамбено прашање. Едноставно такви се условите во денешно време. Економската ситуација си го прави своето. И јас не сакам децата да ми трпат за леб. По некоја логика заедничкиот живот подразбира и решавање на тие прашања. Многу од нашите родители или баби и дедовци почнале од нула па создале тоа што го сакале.
E bas toa sakav i jas da go kazam , ne moze da cekate se na gotovo da bidi i kuka i rabota ....se ke si dojde na svoeto , normalno so malku poveke trud. Ako site taka cekaat site kocki da se sklopat togas pola mladina ke setaat nemazeni, nezeneti sto e i slucaj na denesnicava. Sekoj go saka najdobroto za svoeto dete i da mu obezbedi dobra idnina . Eve jas sum vo brak veke 4 ta godina , a se vleckavme prethodno dobri 6 god so momceto od istite pricini , no ne moze vecno taka . Na pocetok od brakot imavme svoja kuka koja seuste bese vo doizgradba , bez nikakva pokuknina , mazot mi bez stalna i salam rabota, pa posle svadbata se si dojde na mesto.Domot go douredivme , toj si najde stalna i poplatena rabota , sega sme so skoro 2 godisno dete i se se trpi nekako , ne velam deka ne e tesko i deka nema krizi , no za se vo zivotot mora da se potrudis i zrtvuvas. I za nisto na svet ne ja menuvam gordosta i srekata sto ja cuvstvuvam koga sekojdnevno go gledam moeto dete kako raste.
Zivotot tece ponatamu.

Se izvinuvam na dolgiot post i latinicata
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
Не ги сакам Америте и нивние (не)вредности затоа што според мое мислење најголемите глупости доаѓаат од нив. Мојот пост беше во насока на: не ми требаaт некои правила за тоа кога да го направам тој голем чекор. Секако дека ќе ја проценам и анализирам состојбата. Денеска во ова време во кое живееме ретко кој има обезбедено стамбено прашање. Едноставно такви се условите во денешно време. Економската ситуација си го прави своето. И јас не сакам децата да ми трпат за леб. По некоја логика заедничкиот живот подразбира и решавање на тие прашања. Многу од нашите родители или баби и дедовци почнале од нула па создале тоа што го сакале.
Токму така, нашите родители или баби и дедовци почнале од нула, но тоа биле сосема други времиња, денеска колку време(години) ти требаат да решиш стамбени прашања, како и да стекнеш некаква финансиска сигурност ...... со овие ’’големи‘‘ плати, сигурно за неколку децении !!!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Токму така, нашите родители или баби и дедовци почнале од нула, но тоа биле сосема други времиња, денеска колку време(години) ти требаат да решиш стамбени прашања, како и да стекнеш некаква финансиска сигурност ...... со овие ’’големи‘‘ плати, сигурно за неколку децении !!!
Се согласувам дека нивното време било друго за разлика од нашето. Но ние не можеме да смениме ништо, капитализмот е сурова работа, во негово време се родивме тоа е тоа, затоа се прилагодуваме на него. Знам дека е тешко но постот на gata salvaje ми влева надеж дека ако најдеш тоа што сакаш можеш да си ги исполниш желбите и да направиш таков чекор.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
Прашај ги за љубовта. нека се здрави и живи. Тргни ја баба ти настрана и неа посебно прашај ја.
Има исклучоци нормално ама реалниов голем процент загрижува. Јас искрено водејќи се по моето искуство немам до сега сретнато среќни бракови туку само збунети фаци со челични нерви.
Пред пријателите, роднините и комшиите "нашминкани" до немај каде, ама приватно брррррр се намовнав...
Ние Македонците како народ по се изгледа дека имаме челични нерви !
Ние надвор(пред комшии, роднини, пријатели, колеги...) знаеме да глумиме, а дома проблемите секој ден си ги трупаме под тепих, само да не излезат на виделина !
Кај нас постојат огромен број на вештачки бракови т.е. одамна распаднати бракови, каде што мажот мора со сила да ја трпи жената, а жената со сила мора да го трпи мажот. И двајцата знаат многу добро дека не им оди, но поради детето/децата, а исто така и поради срамот од блиските познаници, комшии, роднини, колеги, пријатели... остануваат во вештачки брак !
Значи нема љубов, нема разбирање, нема ништо, но само поради детето/децата и поради срамот од околината, да се остане во ’’брак‘‘, до крај !!!
Ова не се мои измислици, камо среќа да се измислици, ова се чисти факти и реалност !
Инаку ваквите непријатни работи подеднакво се случуваат во секаков тип на семејства и во градски семејства и во селски семејства и во богати и во сиромашни и кај образовани партнери и кај необразовани и.т.н.
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.440
E stvarno ne znam do koga ke se vadime so toa ...abe stanbeno prasnje, abe rabota....luge koga ke svatite deka nema nisto zdravo za gotovo, mora da se potrudite. Edna vrata otvara druga vrata.Zatoa se veli steknuvanje i stvaranje dom i semejstvo .
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
E stvarno ne znam do koga ke se vadime so toa ...abe stanbeno prasnje, abe rabota....luge koga ke svatite deka nema nisto zdravo za gotovo, mora da se potrudite. Edna vrata otvara druga vrata.Zatoa se veli steknuvanje i stvaranje dom i semejstvo .
Да бе да, еве утре на пр. ќе се женам и голтар сум, ама што е битно тоа, па нели чим има љубов, другите нешта ќе си дојдат сами по себе, нели !
Ех девојко, незнам од какво семејство и од каква средина потекнуваш, не ме ни интересира, но работите не се воопшто розеви, како што навидум изгледаат !
Љубовта си е едно, но од љубов не се живее ........ има нешто што се вика услови за елементарен живот, кој би требало да им го овозможиш на жената и детето/децата !
Не би сакал околу мене да гледам незадоволни луѓе, кои патат, подобро јас самиот да си патам, но несакам и други да уфрлувам во мојата манџа, жена, дете/деца !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom