А знаеш ли ти на колку деца им бил уништен животот затоа што нивните родители не се развеле?
Колку е по мачно да слушаш кавги секој ден, да гледаш како татко ти ја тепа мајка ти, едниот од родителите да ти биде алкохоличар, да те користат како средство за извојување на лични победи, поради тоа што од толку „хармонија'' во бракот забораваат дека имаат дете. Или пак да не разговараат со денови, ти „да си го јадеш'' затоа што тие се нервозни, да се плашиш да си дојдеш дома од школо....
Има мал миљон ситуации кои може да се набројат и тие не се ретки во нашава држава и нејзината околина. И тие луѓе со бракови какви што ги опишав прават златни свадби и даваат интервјуа на тема „Вистинска љубов''. Ама тоа е во ред затоа што само Американското општество е труло. Ние сме си супер. Нашето лицемерие не се гледа затоа што си ги метеме проблемите под тепих.
И кажи ми ти сега, како ќе му биде подобро на детето? Да трпи пекол секој ден или живее со разведени родители? И што ќе остави поголеми лузни, преселувањето во различна соба секоја недела или драмата што ќе ја преживува секој ден?
Темата беше околу тоа зошто да не се стапи во брак пред 30... мојот коментар беше таков затоа што ваквите текстови некој си ги зима здраво за готово и тоа стана како некоја мода луѓето да не влегуваат пред 30 во брак, затоа што можеби ако влезат пред тоа, таа врска ќе резултира со развод или нема да ги изживеат сите работи што си ги зацртале во глава. Мојот одговор беше таков затоа што сите луѓе не се исти и секој човек самиот е свесен кога треба да стапи во брак и не треба да постои правило тука.. како што некои се обидуваат да поставуваат правила секојдневно.... ни сервираат правила за тоа како да се има успешна врска, за тоа како партнерот да го задоволиме, за тоа што треба а што не треба да се прави.
Зборот ми е.. од толку глупости изнапишани и од толку правила поставени, луѓето више не мислат со своја глава и не одат според срцето... ние полека но сигурно стануваме роботи, секојдневно читајќи глупости и верувајќи во нив. Почнуваме да не правиме разлика меѓу реалноста и виртуелниот свет и сето она што тој ни го сервира. Ете затоа не се слагам со ваквите статии .. затоа што секој си има доволно причини за да си стапи во брак порано или покасно.
Ајде сега за твоево што си го напишал..
Секој пред да стапи во брак треба да си расчисти со самиот себе некои работи.. СЕКОЈ ! ... ти кога влегуваш во брак со некоја особа треба доволно да ја познаваш и да знаеш дека таа особа го остава зад себе животот што претходно го имала и почнува нов. Тоа не значи дека треба да чекаме сите 30 год да наполниме па за да созрееме... имаш и 50 годишни особи коишто како што ти наведе горе, немаат ни самоконтрола, нити одговорност нити пак се свесни што сакаат од животот.
Не викам дека нема и кај нас такви бракови... има.. али кај нас се изгубени некои вредности што порано ги имало... сега нема почит меѓу брачните другари, што порано итекако го имало. Баба ми и дедо ми се 70 годишни старци па до ден денес си се почитуваат меѓусебно и не можат еден без друг.
А денес што се случува... ако едниот брачен другар влезе во некаква криза.. или се промени .. другиот не застанува до него и не го поддржува... туку ајде одма развод.. ајде децата секој на своја страна.
Не бива така бе луѓе.. ако ја има почитта.. нема да има ни такви ситуации каде едниот си тера некој свој живот и со тоа ги повредува сите членови во семејството
бракот не е едноставна работа па.. ако се деси да љубовта исчезне секој да си тргне по свој пат и да си тера своето. Ти кога си во брак со некого, ти оформуваш семејство и си одговорен за тоа семејство... тука веќе не размислуваш само за себе и своите желби и потреби, туку ги зимаш во обзир и желбите на другите.
зошто ова не ми го цитираше??? или не го прочита туку трчи трчи само да се реплицира и да се нападне..
Тоа што ти погоре го опиша требаше и јас да го ставам во пост.. да затоа што ни едното ни другото не е убаво.. али тоа секако не е причина за да не се земе некој пред 30...
Тоа се случаи кога тие што стапиле во брак не го познавале доволно својот партнер, нема доволно почит према партнерот и према семејството, нема одговорност, нема толеранција... и ред други работи.
Пак ќе речам... разводот не е убав за никого.. никој не излегува среќен кога тоа се случува... и не беше тоа темата.. али секако ова е дел од сето тоа. Бракот и разводот се нешта за кои треба 2 пати да се размисли пред да се направи ..
се надевам бев и повеќе од доволно јасна ..