Инвестициски БУМ во Македонија

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.854
Поени од реакции
8.399
Се на се :

Македонија првите 9 месеци од 2011 оствари 185 милиони евра директни странски инвестиции ( а за цела 2011 некои велеа дека очекуваат 350м евра).

Мислам дека ќе сме претпоследни во Европа , тоа е голем успех , над Босна.

Косово , првите 9 месеци 2011 : 284 милиони евра (100 повише од Македонија).
Косово, :pos: чекај, тоа држава беше или парче земја каде единствено работно место е да работиш во бензинска пумпа.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Пријателе во какво време живееме и секој 1денар за жал ќе го сметаме за инвестиција.Може не е бум,но сепак бензинскиве доколку се изградат ќе бидат добредојдени за локалното население. Тоа е реалноста за сега, за понатака да бидеме живи и здрави па ќе коментираме.
ма какво добредојдени,бензиски колку сакаш а скапо гориво,единствен пазар каде конкуренцијата не игра никаква улога барем во Македонија во однос на цените
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ма какво добредојдени,бензиски колку сакаш а скапо гориво,единствен пазар каде конкуренцијата не игра никаква улога барем во Македонија во однос на цените
За горивото не ни мислев дека би му се намалила цената.Туку на оние кој би се вработиле во таа бензинска, и секако државата која ќе добие најмногу од продажбата на земјиштето.Е сеа колку ќе видиме ние благодет од тие пари.....
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Aвстралиски, германско-грчка и инвеститори купија парцели во „Жабени“

Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија.

Ова го соопшти градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески кој рече дека дека 15 парцели ќе бидат наменети за објекти од индустријата, а една е за комерцијални цели.

- Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти, истакна Талески.

Во индустриската зона „Жабени“ свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат на пролет според критериумите на општина Битола за да ги искористат и поволностите предвидени со условите за продажба на парцели во таа зона, посочи битолскиот градоначалник.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/39346/avstraliski,_germansko-grchka_i_investitori_kupija_parceli_vo_„zhabeni“.aspx
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Aвстралиски, германско-грчка и инвеститори купија парцели во „Жабени“

Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија.

Ова го соопшти градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески кој рече дека дека 15 парцели ќе бидат наменети за објекти од индустријата, а една е за комерцијални цели.

- Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти, истакна Талески.

Во индустриската зона „Жабени“ свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат на пролет според критериумите на општина Битола за да ги искористат и поволностите предвидени со условите за продажба на парцели во таа зона, посочи битолскиот градоначалник.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/39346/avstraliski,_germansko-grchka_i_investitori_kupija_parceli_vo_„zhabeni“.aspx
Плус инвестиции во Битола да се надеваме дека работите ке тргнат на подобро :)
Незнам зошто во Прилеп кој е еден од најголемите градови во државава ,зошто за овој град досега нема коментари за нови инвестиции ,што е проблемот во овој централен град во државава да нема инвестиции ,работа...?
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Плус инвестиции во Битола да се надеваме дека работите ке тргнат на подобро :)
Незнам зошто во Прилеп кој е еден од најголемите градови во државава ,зошто за овој град досега нема коментари за нови инвестиции ,што е проблемот во овој централен град во државава да нема инвестиции ,работа...?
Прилеп е дупка од град, мизерија.Уште и тутунски да појди во стечај и војна ќе избија овде.Да се надеваме на подобро
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Пораснаа инвестициите, чекаме повеќе
Странските инвестиции, заклучно со ноември 2011 година, се искачија до 287 милиони евра
Се подобрува македонската инвестициска слика, но се' уште сме далеку од „бум“. Странските инвестиции во минатата година се искачија до 287 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа е за околу 150 милиони евра повеќе во споредба со единаесетте месеци од претходната година.

Последните податоци што ги објави вчера Народна банка на Македонија покажуваат дека над 300 милиони евра лани влегле како акционерски капитал и реинвестирана добивка, но странските компании имаат и побарувања од 24,4 милиони евра и обврски од 10 милиони евра кон своите матични компании. Тоа значи дека дале кредити кон своите мајки-фирми од 24,4 милиони евра, но зеле заеми од 10 милиони евра, со што се доаѓа до вкупниот износ на инвестиции од 287 милиони евра за единаесет месеци во 2011 година.

Може да се заклучи дека, сепак, минатогодишната слика е далеку подобра од претходните две, кога малку пари имаше во графата за инвестиран свеж странски капитал, бидејќи повеќето од средствата влегуваа во делот на побарувања и обврски на странските компании кон своите мајки-фирми. Всушност, 2009 и 2010 година беа меѓу најслабите години по влез на странски капитал, од 145, односно 159 милиони евра.

Иако минатата година е подобра од претходните две, се' уште не може да зборуваме за некој инвестициски бум кој толку долго го чекаме.

Со странски директни инвестиции од околу 287 милиони евра излегува дека Македонија лани успеала да привлече само мал дел од странските инвестиции во светот, кои според Обединетите нации изнесувале 1,509 милијарди долари.

Прогнозите, пак, за 2012 година на глобално ниво се дека инвестициите ќе растат. Такви се и владините најави. Неодамна од Владата беше соопштено дека десет странски компании би можеле да инвестираат во земјава до средината на годинава. Една од најголемите и најзвучните инвестиции што ги чекаме е онаа на компанијата чие име се' уште не се открива, но се знае дека ќе произведува електрични инсталации и кабли за автомобилите на „Мерцедес“ во Германија. Оваа компанија треба да отвори 4.000 работни места во наредните три години. Годинава ја чекаме и белгиската компанија „Ван Хол“ за производство на автобуси. Таа се очекува да инвестира 20 милиони евра и да обезбеди 400 вработувања. Освен веќе активните „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, во „Бунарџик“ годинава ги чекаме да проработат и американската „Кемет електроникс“, потоа италијанската „Технокозе“, како и руската „Продис“ и индиската, „Мадерсан груп“. „Џонсон контролс“, пак, од октомври лани ја почна работата со втората фабрика во слободната економска зона во Штип. Од март годинава таа треба да почне со редовно производство на навлаки за автомобилски седишта. Моментално се ангажирани околу 70 работници, а нивниот број до лето треба да се зголеми на 300, а веќе следната година да достигне и до 1.400.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1E2FE5500382694C943CEA9101E7E57C
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Ќе има десет нови инвестиции во слободните зони

Десеттина нови фабрики ќе се градат во економските зони. Девет го најавиле а една странска компанија веќе го потрврдила доаѓањето. Тимот за привлекување на инвеститори, неофицијално бил во сериозни преговори со уште една компанија од автомобилскиот сектор.
Премиерот Никола Груевски задоволен од темпото на инвестициите кои лани се движеле во рамките на предвиденото. Само во првите 11 месеци околу 300 милиони евра завршиле во Македонија.
„Тоа е износ којшто е поголем од сите износи кои што нашите претходници ги имале во секоја поодделна година освен во годините кога продале некој монопол. Тоа е добар тренд, ќе беше уште подобро , доколку не се случеше кризата, но покажува сериозно опоравување од минатиот период. Се надевам ако брзо се заврши оваа криза и ако европските лидери најдат начин брзо да излезат од оваа ситуација мислам дека може да имаме уште повеќе инвестиции во оваа година. На тој план ќе работиме со сите сили рече Груевски.
Инвестициите лани главно доаѓале од Холандија, каде се регистрирани најголемиот дел од Европските фирми поради релаксираната даночна политика
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ke-ima-deset-novi-investicii-vo-slobodnite-zoni
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ски Центарот Кожув со загуба од 800. 000 евра

http://www.bezpardon.mk/lavina-zatrupa-del-od-patot-debar-struga/
Непроодните и затрупани патишта 36 дена го оставија без работа Ски Центарот Кожув. Патеките за скијање се подготвени, но туристите не можат да ги користат, велат надлежните.
Досега загубата е 800 000 евра, но од центарот велат дека доколку не се превземат мерки загубата може да достигне и до 1.000 000 евра.
“Оваа сезона треба да биде поука за наредната година да не се повторат истите состојби бидејќи финансиските штети би биле огромни, изјави извршниот директорот на Кожув, Ангел Наков.
Поради дефект на далноводот од Гевгелија кон Смрдлива Вода, од вчера центарот остана и без електрична енергија.
Ирена Чачкова
http://www.bezpardon.mk/ski-tsentarot-kozhuv-so-zaguba-od-800-000-evra/

И така инвестициите во Македонија...со најубава даночна политика и лудница инфраструктура.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Е добро де 800000 евра пари ли се? Битно се врти реклама на прва дека има снег на кожуф хихихи а кој како ќе појде или дојде е тоа...не е надлежна владата или па некое министерство:D турни ме да кинисам:ROFLMAO:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Турски “Лимак” ќе гради Хотелско-трговски комплекс во центарот на Скопје.
За 3 милиони 270 илјади евра на денешното наддавање купија 32.000 м2.
На оваа локација во комплексот кај Старата Железничка Станица, треба да никне новиот комплекс. По потпшишување на договорот, “Лимак” има рок во наредните 6 години да го изгради обејектот.
Во рок од 20 дена компанијата треба да склучи договор со градот, и на свој трошок да ја изгради подземната сообраќајница, предвидена со Деталниот урбанистички план.
Исто така во рок од 15 дена да достави гаранција за навремено завршување на работите во износ од 500.000 евра.
Инаку, “Лимак Холдинг“ е една од најголемите инвеститори во Турција, која од 1976-та работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката.
Компанијата е сопственик и на еден од најголемите хотелски синџири во Турција и Кипар, а оперира и со приштинскиот аеродром.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/hotelsko-trgovski-kompleks-ke-nikne-vo-skopje

Турската компанија Лимак понуди најдобра цена на лицитацијата за градежното земјиште на Јужен булевар во насока на Старата железничка станица.
За 32 илјади метри квадратни, Турците понудиле 3, 2 милиони евра. Според деталниот урбанистички план на Стара железничка станица, земјиштето е со намена за изградба на комерцијални и деловни единици, трговски центри ресторани и хотелски комплекси.

Турската компанија Лимак ќе има обврска на свој трошок да ја изгради подземната сообраќајница на тоа место и истата без надомест да ја даде во владение на Град Скопје.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=87425
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Германска компанија набрзо започнува да гради мали хидроелектрани во земјава

Германската компанија „PCC DEG Renewables“ планира да започне со изградбата на мали хидроелектрани во Македонија во првото тромесечје од годинава, изјави извршниот директор на компанијата, Дирк Гурцених, во интервјуто кое го пренесе БНЕ.
Преку својата филијала во земјава, „ПЦЦ Хидро, дооел,“ комапнијата планира да изгради четири хидроелектрани со вкупен капацитет од 4.100 киловати, кои годишно ќе произведуваат по 16 милиони киловат часови електрична енергија.
Инвестициите во изградбата и опремата се буџетирани на нивото од 9 милиони евра. Хидроелелктраните треба да се градат на локациите Патишка, Галичник 3, Брајчино 2 и Градечка.
Проектот беше финализиран во април 2011 година преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која даде долгорочен заем од 6 милиони евра. Хидроцентралите треба да бидат готови во 2013 година.
Гурцених, исто така, изјави и дека компанијата прави проценка на неколку нови потенцијални локации за изградба на мали хидроелектрани по најновиот тендер на владата од лани. Тој додаде и дека во моментов се водат преговори со македонските власти, „кои се однесуваат на извесни регулативи, а кои во голема мерка влијаат врз одржливоста на проектите.“

http://www.plusinfo.mk/vest/34289/Germanska-kompanija-nabrzo-zapochnuva-da-gradi-mali-hidroelektrani-vo-zemjava
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе ми простиш што ќе те прекинам во дневникот но навистина ме интересира дали некој го чувствува бумов?
Јас освен крајна неликвидност и тотална летаргија во Македонскава економија во последните 4/5 месеци друго ништо не гледам.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
За чувствување на бумот треба време, а дека е повише рекламен бум него економски мислам дека на сите им е јасно...
Германци градат хидроцентрали кај нас а еве во Србија што се гради
http://www.time.mk/read/0401f93336/13ecbb7b38/index.html
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Еве мапа од нашата мека за инвестиции
http://fez.gov.mk/interaktivna-mapa.html
Само се прашувам кога ќе ја исполниме со фабрики.Да си повторам чекам пролетва-летово сечење ленти на темелниците кој лани ги промовираа.
И која е таа фабрика N&N FIBER,зашто не сум видел промоција на тв,дали дигнал раце инвеститорот,или е нешто друго?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom