Јас го додадов јавно на јутуб и од почеток го виде Мартин и тој рече само едно големо благодарам. Но бидејќи имаше и видеа каде јас пеам некоја девојка го објавила на фејсбук и така го најдоа видеото од мартин и одтогаш лом со коментари на видеото. Откако видов што се случило добив и писмо во кое Мартин сакаше да го заврши пријателството кое толку го градевме и ми рече збогум.
Таа вечер се сруши се за мене. Злобните јазици на луѓето ми го уништија пријателството, си помислив.
Потоа откако го направив приватно немав мир и го избришав а за тоа време неколку од нив го украле и го додале пак,Дури и на мотика го имаше.
А овде имаше исто тема на која неколку корисници од овде ме пратеа и на фб се што објавувам.
Очајна ги прашав родителите за помош и ми рекоа да направам видео во кое објаснувам дека јас Мартин само го сакам како пријател и дека сакав да го поздравам.
Го сторив и тоа но уште полошо минав
Добив коментар : Ееее и Северина откако направи порнич не се срамеше туку стоеше зад тоа.
И тоа ме докрајчи некои глупаци кои не излегле надвор од своето село, не велам дека и јас не бев иста порано, и не сакам да те навредам тебе , си дозволуваат да ми пишуваат такви работи.
Изблокирав акаунтот на јутуб а Мартин се извини и ми рече дека не било така мислено и ми прости.
Сега ветивме ќе оставиме се да се заборави и нема да објавуваме на ѕид ништо еден на друг за да не почнат пак глуфците.
А дека знам да пеам тоа го знаат сите само злите јазици ќе ме мразат.
И тоа е тоа.
Поздрав до тебе
Обично се воздржувам да реплицирам на темава затоа што ги следам советите од факултет, т.е. од cracked.com, а главната нивна порака во една статија им гласи: Никогаш не дели совети некому ако го немаш искусено нештото за кое некој бара совет.
А во таква ситуација како твојата не сум се нашол. Но, ќе си земам право да ти солам малку памет.
Те запознав (како и секој друг нормален чоек) преку клипот што го стави на јутуб.
И искрено морам да признам дека дури и јас се почувствував малку засрамен дур го гледав клипот. Не сум овде да судам ама, мислам дека имаш доволно години да знаеш дека тоа што го направи е многу лошо.
Знаеме, сакаш да бидеш добра, сакаш да бидеш срце и да им кажиш на другите колку ги сакаш, ама погоди што? Не си добра и никогаш нема да бидеш. Знаеш зошто мислам така? Ќе цитирам една реченица од твојот претходен пост
Јас со мои 19 години односно наскоро 20 се чувствувам изживеано.
Имам вести за тебе. Никој никогаш нема да те сака со таков став. Мислиш дека луѓето сакаат некој да ги потсеќа дека се изживеани, дека виделе се и сешто? НЕ. Јас за таквите мислам дека се attention whores. Верувај, не си видела ништо во животот. Ни јас, ни ти, ни Мартин, никој.
Тоа што си се отселила од државата и што живееш со мајка која мислиш дека не те сака, и што живееш со нејзиниот маж, што очигледно не го сакаш, мислам... нормално е дека не, и мислиш дека тоа е некакво оправдување за да се чувствуваш толку ранлива? Не е. Затоа што секогаш ќе се најде некој што поминал низ полошо, и погоди што? Не се чувствува изживеано, напротив.
Тоа што ти се чувствуваш така е знак дека ти си всушност еден ранлив егоист. Секогаш ја префрлаш вината на другите. Исто како што не зеде дел од својата вина за тоа што му го направи на Мартин. А само да знаеш, Мартин изреагирал најнормално кога ти рекол дека не сака повеќе да те види. Мислам, цитирам "Никој друг од другите корисници не ставаше толку луди и откачени слики со некои полуди пози, туку само тој".
?
Знаеш како се почувствувал Мартин кога го видел клипот? Кога видел дека го има на мотика, на форум, на фејсбуци, во архива на тролови, сегде... Кога видел дека го има со име и презиме, со датум на раѓање (30 март 1994 fellas), како се осетил? Се осетил дека нема излез, дека е заробен во македонското општество за кое ти се фалиш дека си го одбегнала, и дека луѓето на улица ќе го препознаваат, дека нема да фати женска во неговиот роден град веќе, а верувам ни во Свето Митрани затоа што сигурно и таму има некој што знае за Весна и Мартин и нивното пријателство.
И помири се со тоа дека ти си крива за тоа. Дури откако го видов клипот, отидов на search на фејсбук да го побарам и да му изразам сочувство.
Знам, јас сум од оние мрчатори зад мониторите кои се нешто им смета, фаќаат сеир и коментираат, затоа што мислат дека со достапноста на интернет ја имаат моќта на сивиот череп, ама подобро да останам така отколку да пробам да "направам" нешто.
Тука е проблемот со тебе. Мислиш дека пееш одлично, дека си добра, дека си фина, дека луѓето мора да те сакаат и да те почитуваат, дека никој не смее да те повреди. Еднаш, едно утро кога ќе се разбудиш и кога ќе сфатиш дека некогаш, сепак, колективната критика е онаа вистинската, ќе се засрамиш и ќе се извиниш. Прво ќе се извиниш на себе си, после на другарите, и на крај нас, обичната публика.
Злите јазици не те мразат, туку те критикуваат. Тоа не значи дека те мразат. А можеби и значи. Еве јас те критикувам, а не те знам, а те мразам и не те знам. Do I contradict myself? Well, then, I contradict myself...
Злобните јазици исто така не ти го срушија пријателството. Немој секогаш да префрлаш вина, гледам дека имаш таква мана развиено.
А коментарот со Северина, made my day. Се изгазив од смеење. Во право е чоекот. Северина поминала низ тоа, Стеф Ангел се држи со добро, тие од рекламата за Кожувчанка исто така, една во средно се имаше сликано како му го млати на дечко и, и ко раскинаја тој ја стави сликата на интернет и сите ја имаме во компјутер, уште е жива, и таа и сликата се добри, така да... ќе се справиш со се, не се секирај. Ти пуштам среќа
.