Добро се борам како знам и умеам против се лошо што ми носи животот на секаогаш кога најмногу ми треба пријател немам никого... Ох многу ми е тешко кога се чуствувам осамен и неприметен од никого се прашувам што е тоа толку чудно кај мене што никогаш не успеав да се здобијам со пријатели? Зошто едноставно колку повеќе се обидувам да привлечам внимание не успевам да го добијам? Толку сакам да имам некој со кого ќе можам да споделам се кога ми е тешко , сакам да имам човек кој ќе ми даде совет што да правам затоа што понекогаш незнам да си одговорам! Живеам со стравот и со стресот незнам како да ги победам. Девојка немам искрено незнам ни како и да се однесувам со неа и да ја имам кога си премногу добар и фин нечиниш и веднаш ќе ти најде замена а ако си арогантен не си нејзин тип ух ми недостига нешто но никако неможам да разберам што посакував од сегогаш да имам некој кој ќе ме подучи што треба да сторам
За да решиме еден проблем најпрво мацко мора да се соочиме со проблемот. Да ја разгледаме детално ситуацијата и нејзиниот извор, т.е. почетокот на проблемот. Треба најпрво да се запрашаш зошто го имаш тој проблем а потоа да го решиш. Поголемиот дел од од нас луѓето, причината за проблемот ја бараме во околината односно, секогаш некој друг е крив за нашите проблеми, некој човек или некој настан, а никогаш самите себеси. Ти имаш проблем со социјалниот живот а тоа влијае врз твојот духовен и психички развиток. Забележливо е дека сакаш да имаш пријатели но не доволно затоа што во постот го потенцираше денешното општество и менталитетот на луѓето како една од поголемите причини на твојот прболем. Мораш да се соочиш со вистината декасветот е онаков каков што е денес и немжеш да го промениш. Единствено можеш да бидеш само промената која ти сакаш да ја видиш. Тоа што општеството и туѓите карактери кои "чекаат да растргнат" е најмал проблем, кој мораш да го занемариш и да се помириш со фактот дека тоа е така и дека нема поинаку и да сеприлагодиш на средината без да се промениш себеси.Еден толку мал пост е недоволно за да се анализира детално твојата ситуација но според твоето напишано ти сакаш но си се плашел цело време да се спријателиш поради стравот да бидеш предаден, повреден и растргнат. Би ми било доколку можам да ти го посочам патот кон решавање на проблемот но ми требаат подетални информации за твојата ситуација.Можеш да ме контактираш на skajp. Поздрав