Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво.Имам еден проблем со мачорот па ако знае некој го молам да ми помогне.Веќе 3 дена слабо јаде речиси ич,постојано лежи,очите му се насолзени и мислам дека има температура.Денес цел ден се обидував да стапам во контакт со ветеринар но не успеав,ќе го однесам веднаш штом ќе можам.Но во меѓувреме ве молам ако сте имале сличен проблем да ми кажете што да направам :(
 
Време од парење е мојт да сакат женка.
 
Не ме прашувај, ако знаев немаше на моето да му дадам половина андол :( Да знаев ќе ти помогнев ама... Нека не му дава млеко често, знам дека од млеко фаќале глисти :cautious: Јас на моето сегашно мачорче не му давам. Или подобро нека отиде во аптека нека праша. Таму подобро ќе и кажат него на ветеринар. Мојот мачор искрвари под окото и имаше отворена рана, незнаев што да му правам и како да му помине, отидов во аптека, прашав за крема за отворени рани што може да се користи и за животни и ми дадоа...
Знам дека кога имаат глисти пасат трева мачињата, ама сега зимно време... Којзнае... Што и да прави, прво нека се осигура, нека не биде на своја рака...
Гледам се разбираш доста околу мачкиве, па да те прашам нешто за да си ја разрешам мистеријата :(
Пред два дена ми умре мачето, е сега сакам да знам од што отприлика умрело и дали некој го отрул...
Ретко кога излегуваше од дома, ама последните два дена, се шуњаше почесто низ двор.
Завчера сабајлето, татко ми ми кажа дека повраќало и не сакало ништо да јаде (исто приметил дека како пења му течело од устата). Пошто неможевме да мрднеме од снегов, се јавивме на ветеринар...
Типката ни рече да му дадеме апче за стомак - РАНИСАН...
Го фативме и со шприц, му дадовме ранисан мешано со вода...
После саат-два гледам мачево повраќа, тргнува напред и лека полека паѓа со затворени очи...
И пак му излегуваше како пења од устата...
Се испаничив, и се обидов пак да му дадам млекце и вода. Го легнав до печка, и после некое време гледам се обидело да пие вода и со главата беше паднато внатре во чашката. Немаше сила ниту да стои :(
Се јавивме пак, и таа ни рече чај од нане да и дадеме. Таман го направивме чајот, мачево почна да има страшни грчеви, со последни атоми мрдаше и мјаукаше и за некои 5-10 минути умре :place:
Бар не се мачеше долго :(
Цела ноќ неможев да спијам од тага, уште неможеме да го прежалиме иако имаме уште еден мачор :place:

Пиши ако знаеш што се случувало со него :(
Претпоставувам дека се отрула негде, пошто комшијава мој знае да става отров кај него во подрум и има некоја шанса таму да залутало. Не верувам дека некој намерно би го отрул, пошто беше ептен домашно маче...
Можно ли е да се глисти? Пошто си пиеше млеко...
Знам порано стариот мачор што ми исчезна, истотака беше 99% мртов, ама го излечивме со парацетамоли и слични работи. И убаво памтам дека јадеше трева од дворот...
Да знам да не му давам млеко на другиов мачор :(
 
Можеби од апчето повеќе му се влошила состојбата, затоа што јас на моето тогаш откако му дадов андол го фатија страшни грчеви, почна да се витка наназад, да се прекршува, и повраќаше. Неможеше исто како твоето на нозе да застане, едноставно паѓаше немаше сила, ова на не повеќе од половина час откако му го дадов апчето. Е сега незнам, тоа маче беше ептен мало, немаше ни еден месец, и го раневме само со млеко. Знам дека мачките фаќаат глисти од млекото, немаше шанси да е отруено пошто беше мало и не излегуваше.
Незнам друго што да ти кажам, не давај друг пат апчиња на маче, може кај нив поинаку дејствуваат. И ако е голем мачор овој што ти останал мислам и дека нема потреба млеко да му даваш, тој секако поднесува и јаде друга храна, млеко сака од што е стрвно. И мојов сега досаѓа за млеко, се моли и уште да почне стој на раце да прави, ама не му давам :D
 
Имам еден проблем со мачки па се надевав дека ќе ми помогнете. Потстанарите (со кои веќе неколку години не зборувам) чуваат мачка која има многу, ама многу машки пријатели од цело маало. И сите се собираат под мојот прозорец и испуштаат многу гласни звуци. Не сакам да бидам од оние кои убиваат животни, веќе пробав секакви начини на бркање, но 4 дена не сум спиен и веќе трпението ми е при крај! Ако има некој предлог како да се ослободам од непосакуваниве гости, нека каже побрзо. Ви благодарам многу.
 
Да не има некој трудна мачка, да ми даде маче на поклон? :pipi:
Сега му е време од парење, почекај да се породат ќе имаш преголем избор на мачиња за 2 месеци од прилика..
Ама види можи ќе најш и сега нешто.
 
Имам еден проблем со мачки па се надевав дека ќе ми помогнете. Потстанарите (со кои веќе неколку години не зборувам) чуваат мачка која има многу, ама многу машки пријатели од цело маало. И сите се собираат под мојот прозорец и испуштаат многу гласни звуци. Не сакам да бидам од оние кои убиваат животни, веќе пробав секакви начини на бркање, но 4 дена не сум спиен и веќе трпението ми е при крај! Ако има некој предлог како да се ослободам од непосакуваниве гости, нека каже побрзо. Ви благодарам многу.
Ќе почекаш да им помине периодот. Друго чаре нема. Мене мојот мачор како што кажав дома ми рикаше така месец дена и тоа. :D
 
Месец дена? Ова ми е веќе петта вечер да не спијам, ако и утревечер е вака, ќе морам да ги заќутам некако. Ценам јас животи, ама мојот живот ми е поважен од милион мачки. Јебига.
 
Премести се у друга соба :pos: Неможеш да ги растераш чим има мачки што се мотаат во дворот, мачорите по нив ќе доаѓаат, тие бележат територија таму и се борат со други мачори за територијата и за мачките. Февруари е нивни месец. Тогаш се најдосадни јебига.
 
Пробано, нивното јачење е едноставно доволно силно да се слуша во цело маало, а не само кај мене. Сепак еве да видиме, вечерва знам дека нема да спијам, ако и утревечер е вака, ќе морам јас да си бележам територија.
 
Планирам да купам маче за подарок па прашањето ми е од прилика колку пари да си земам за да го купам и каде има уствари? Попрецизно во кои пет шопови...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom