Алтернативни горива за загревање

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
зависи од кој тетрапак. ако има метална фолија тешко таа работа.
видов , пробав и не , не бива.
а и книжните кеси се толку ефтини, чисти , еколошки така да не гледам некоја потреба да се кашкаш со тетрапак пакување или така нешто.
 
Eве една прегледна табела за техничките карактеристики за пелети и брикети:
http://www.pelletcentre.info/cms/site.aspx?p=2550
Ево и нешто поопширно за оние кои би започнале производство на пелети:
 

Attachments

  • 1020.pdf
    1020.pdf
    292,7 KB · Прегледи: 13
Не мислев на топлинската енергија, туку воопшто, на сета енергија (материјата е само енергија на пониско енергетско ниво - и да не е така, ако се земе во предвид еден атом, односот на “материјалните“ честички во него према “празниот“ простор, кој и не е празен туку е исполнет со сили, односно енергија, е зачудувачки голем).
Во суштина ние не ја користиме енергијата директно, туку “складирана“ во “акумулатори“ (дрва, јаглен, потенцијална енергија на вода, ветерот, класични акумулатори, батерии и т.н.) и само ја претвораме таа енергија која понекогаш е складирана со години (дрвата на пример) во поинаков вид (ја ослободуваме) кој можеме да го искористиме. Природата одамна направила кондензатори за какви што говорам (јас ги именував кондензатори) - таков пример се дрвата, минералните масла (нафта), радиактивните елементи и сл. Зошто не би можел човекот повторно да ја имитира природата и да создаде слично нешто, или енергијата да ја користи директно од изворот? (сега веќе звучам како Јода :)).
П.С. Наместо кеси за пилевината може да се користат (поефикасно согорува пилевината) тетра пакувања од млеко, јогурт, сокови (се отвораат одгоре или се пресекува горниот дел, се полнат со пилевина и се затвораат со парче хартија или весник, за да не се растура предвреме), а и наместо да се купуват книжни кеси можат да се користат оние книжни кеси од леб - не мора се баш да заврши во канта.
таквото сваќање на поимот АКУМУЛАТОР е нешто друго и ние можеби можеме да ја имитираме прородата , но тешко да смислиме нешто подобро. Конверзијата на сончевата светлина и топлина во електрична енергија е можеби.., за сега најблизу до реалните можности, но секако не НАШИ ОВДЕШНИ МОЖНОСТИ.
Затоа назад на пилевината. Тетрапак кеси не се добри затоа што содржат пластика , а продукти на нејзино согорување , на ниски температури на кои ние се грееме се многу опасни. Едноставна преса која би ги пресувала во цигли и некое едноставно врзиво кое се раствара во вода со кои ќе ги попрскаме пред пресувањето е сосема доволно..за да наредите една поголемка коцка од циглите за преку зима.под стреа или на балкон..:) Може да се пресува и стара хартија со сличен резултат.
Она каминот на владе...со дополнително согорување има да растура ..., ако му се додаде казан за топла вода и се поврзе со радијатори супер. Ако во таа мрежа се врзе и еден од оние грејачите на кано како бек-ап за не дај боже..., добивате спејсшатал за Македонски услови. Уште панел за топла вода на покрив со бојлер за преку лето, доцна пролет и рана есен. и вие сте врвот на технологија во земјата Македонија.... :)
 
работам на случајот , ама за оваа година тешко. некако ладничко ми е за да се заебавам и да се растурам, за да го направам казанот.
инаку како врзивно средство за талашот можете слободно да користите хартија од весници.
ке ја натопие со вода и нека кисни некој ден, па ке ја измиксирате онака да се добие пулпа. па така неколку пати и после смешајте ја со талашот во некој сооднос. и самата целулоза од хартијата ке служи како врзивно средство. ама таа работа во лето. сега едноставно е премногу ладно за да се исуши било што.
или можете како јас што правам со книжни кеси. ако не ви е мака се разбира. досадна работа в крај:)
 
Не спомнавме едно многу често алтернативно гориво - дрвениот јаглен.
Дрвениот јаглен е многу квалитетно гориво. Топлотната моќ му е од 8 до 9 KWh/kg a густината му е само 130 до 220 кг/м3
Дали некој знае по која цена може да се набави?
 
Не спомнавме едно многу често алтернативно гориво - дрвениот јаглен.
Дрвениот јаглен е многу квалитетно гориво. Топлотната моќ му е од 8 до 9 KWh/kg a густината му е само 130 до 220 кг/м3
Дали некој знае по која цена може да се набави?
мислам дека го нема за набавка во големи количини, затоа што во моментов е прилично дефицитарен... ако грешам поправете ме и мене ме интересира... имам котле за парно и на јаглен, што можда ке го употребам...
 
Бев пред некое време во Србија и луѓето кај што престојував се грееја на јаглен, ми кажаа дека ја поминувале зимата со 150-200 евра, неам појма колку е набавено, чисто онака информативно, со печката затоплуваа стан од 50-тина квадрати.
 
јагленот е далеку од алтернативно гориво, и до пред некоја година
се користеше сосем нормално за загревање.
евтин беше и го имаше.
сега од рек не дават повеќе, а од друго место е скап.
цената мислам дека му се движеше 1000 тон, а со неколку тона се врвеше зимата. додуша малце мириса незгодно и многу пепел прави, ама сега сите убајни наеднаш нема.
 
јагленот е далеку од алтернативно гориво, и до пред некоја година
се користеше сосем нормално за загревање.
евтин беше и го имаше.
сега од рек не дават повеќе, а од друго место е скап.
цената мислам дека му се движеше 1000 тон, а со неколку тона се врвеше зимата. додуша малце мириса незгодно и многу пепел прави, ама сега сите убајни наеднаш нема.
Сега е 4600-700 ден за тон (пакуван во вреќи - што е многу практично) и (барем таму од кај го набавувам) е со потекло од Србија, или од Косово. А фолијата од тетра пакувањата воопшто не пречи при согорувањето, таа е толку мала и танка, што се собира во едно мало топче).
За муабетот од претходно еве некој линк :
http://youtu.be/usBFNJSiU1g (при крајот е поинтересно).
http://youtu.be/wO5ASxjwi14

Ги има повеќе вакви, ама колку е сето од ова вистина, кој знае...
 
Добро бе до кога аматери новинари ќе откриваат перјаници на македонската технологија???? ;) ..што всушност чоеков "произведува "???. Од кога евентуално асемблирање на ОЕМ елементи се нарекува домашно производство.???
Негоавата иницијатива е добра, самиот факт, ако етаблира нешто каде можеш да купиш таква опрема и да добиеш техничка поддршка е ОК... но фотонапонски панели во свет прават само неколку производители, мислам дека единствениот во Европа е во Украина.
 
пак малце залутавме од темата освем ако не планирате да се греете со соларни панели ама ок.
инаку за производството тоа е нормална појава. никој не очекува се да се произведува во државата или во фабриката или гаражата.
ако не ги купел панелите готови, рамките би биле готови, ако не рамките цевките, ако не тогаш штрафовите и жиците. така да тој од полупроизвод прави готов производ. од продукт прави производ кој може и има практична примена. не гледам тука ништо спорно.
ако земиме така колку фирми во светот произведуваат лцд екрани.
јас колку што знам се 4, а колку фирми има што произведуваат лцд телевизори. милион. ако одиме по таа логика значи сите тие се штрафцигер техника по ваше.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 22:06 ---
и сега може да се вратиме на оригиналната тема и да кажеме нешто практично кое секој може да го искористи за да помини поевтино во зима или стварно тука никој нема практично искуство.
све теоретичари.
 
file.php

интересно ќумбе , на дрва, дрвена прашина..струшки итн. кога ќе имам време ќе склопам приказна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom