- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.325
- Поени од реакции
- 15.577
Ако го погледнеш второто клипче, поточно на крајот од второто клипче, го прашуваат дали ќе сними нов документарец иако рекол дека ќе земе одмор неколку години, рече дека поради тоа што ветил дека ако добие подршка ќе сними, но сепак немало да биде за Окупирај го Вол Стрит.Види, не е дека не ја почитувам темава , јас сакам вакви филмови ама не можам да се впуштам во посериозни дискусии зошто го немам потребното знаење од лаги и манипулација ... овај, економија де, економија мислев... Така да повеќе сакам од вас економистите ( ) да прочитам некое поиздржано мислење, ама на форумов од кога памтам многу мал интерес има за анализа на вакви филмови.
Во секој случај мене филмот ми се допадна, макар што предходно ги имав гледано Sicko и 9/11 од кои овој е послаб. Би рекол дека е на рамниште на Bowling for Columbine. Но во секој случај темата ми се допадна и храброста/дрскоста на Мајкл Мур, како и неговиот стил на изразување кој го почитувам, мислам дека е оригинален. Знам дека беше присутен на Occupy Wallstreet а како што се случија и доста немили сцени, се надевам дека собрал доволно материјали и основа за нов документарец. Мислам дека нема да издржи да ја премолчи таа тема.
Како и да е, јас ги препорачувам неговите филмови на секој. Лаиците како мене ќе бидат задоволни од филмот, а економистите (еве го пак ) ќе си имаат нешто за размислување, претпоставувам.
Кога сум тука, се сетив на нешто: има некој Србин од Канада кој го викаат „српскиот Мајкл Мур“, од причина што е копија на стилот на Мајкл Мур. Не го мислам ова лошо, сметам дека треба да се биде оригинален ама не е страшно. Кај бев... е, човеков снимил еден филм кој се вика The Weight of Chains. Филмот има повеќе врска со историја и политика отколку со економија, но при крајот на филмот се бави со економски прашања. Јас исто како и секогаш сакам да знам дали наведените работи се точни и дали имаат основа, но пак нема кој да прочепка низ ова. Пишав на некоја друга тема но не добив одговор. Ако некој се реши да го гледа и да дискутира, имајте во предвид дека се освен делот за економијата (кој не е голем и се однесува на поранешната држава и државите кои произлегоа од истата) на оваа тема е оф-топик.
Претпоставувам ќе биде за Асанж за кој што како што прочитав низ нетов, дал 200.000 долари за кауцијата на Асанж.
За филмот што го наведе, дефинитивно ќе го изгледам, али коа ќе иам време и желба, иам доста за гледање а многу малце слободно време...