Масони

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Немам јас прецизни и детални информации за Масоните во нашата држава,доволно потресно за мојот ум беше тоа што го прочитав на сајтот и не знам на која основа им е одобрено функционирањето како што знам на која основа е одобрено постоењето на Ротари и на Lions.Овде се крева прашина за нив повеќе отколку што треба и воопшто служат само за украс и за разоноода.Вистинските Масони не си се пронаоѓаат и си дискутираат јавно по форуми.Тајно друштво се,со своја политика,моќ и правила на функционирање.Ова денес е мода,толку знам колку што перцепирам.Поздрав.
Не можеш да дискутираш за нешто, и тоа надмено, а да немаш основни познавања за темата. Практично секоја ложа во светот има свој официјален сајт. Тоа што ти имаш некаква претстава за масоните како супер тајни друштва кои го контролираат светот, е само твој проблем. Затоа ти велам, прочитај прво, па после дискутирај.

Поздрав и до тебе...
 
L

Ligeia

Гостин

Не ми беше намерата да дискутирам воопшто Абадон,само го изнесов револтирано своето мислење во врска со темава бидејќи не ги одобрувам како денешно друштво.И да,можеби имаш право мојата претстава за нив е баш во контекстот што го опиша и ова кај нас ми делува страшно разочарувачки.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
demon11 добредојде на кајгана форум и темата за Масони за која сум потрошил доста време и нерви да ја одржам во живот.

Следен испад ќе ти биде и последен тука - have a nice flight.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
142
Поени од реакции
51
demon11 добредојде на кајгана форум и темата за Масони за која сум потрошил доста време и нерви да ја одржам во живот.

Следен испад ќе ти биде и последен тука - have a nice flight.
Nemase ispad od moja strana, a ti ako neznaes ubavo da citas i toa sto ke go procitas da go sfatis vreme ti e da go smenis procesorot...
Sto se odnesuva na tvojata zakana, jas nema da izgubam nisto samo ti i drugitite nevini luge na ovoj forum sto zasluzuvaat dobra i vistinita informacija
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Твојата "информација" е безмалку смешна и апсурдна впрочем дури ни тие кои себеси се декларираат како сатанисти на форумов не се опуштиле до тој степен да направат таква банална приказна која ќе влече само потсмев и оф-топик постови
 
Mnogu pameten covek si ti, prosto nemozam da ti se iznacudam uste od sunet da se razbiras i kompleten ke bides
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 22:20 ---
Mnogu pameten covek si ti, prosto nemozam da ti se iznacudam uste od sunet da se razbiras i kompleten ke bides
Kaj procita deka se deklariram kako satanist?
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 22:21 ---
Smejte se smeenjeteo go prodolzuva zivotot
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
А како го определувате критериумот за тоа што е "подобар човек", со оглед на тоа што масон може да биде припадник на било која религија?
На пример моралот на некој муслиман кој конзумира говедско, не е репер за моралот на некој хиндус, кој кравата ја смета за божество....или пак моралот на еден јудеец, кој во талмудот Исус го опишува како копиле а неговата мајка како курва.....и еден христијанин кој истиот тој Исус го смета за нешто најсвето?!

Јас се извинувам што ви се мешам во дискусијата , но би сакал да кажам нешто.

Колку што ми е мене познато, масоните на своите состаноци не дискутираат на такви спорни теми како што се политика и религија, така да нема никакви шанси да настанат такви препирења какви што спомнуваш.

Доколку сум грешка, нека ме исправат Зидарски или Сомотеитбе.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34

Не,не си во грешка КИНГДАВИД
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Не беше прашањето за тоа дали има дискусии на теми како религија и политика, туку на кој начин ќе се постигне согласност за тоа што е "подобар човек", ако критериумот е "моралот", кој кај различни религии е различен, а кај некои и дијаметрално спротивен.
 
Воглавно , повеќето религии во светот имаат заеднички вредности во врска со моралот и етиката, како на пр. љубов кон Бог, љубов кон ближните, не кради, не убивај, не сведочи лажно... итн. Тоа е она што го прави некој добар и морален човек и затоа тука нема да има никакви недоразбирања меѓу масоните бидејќи таквите вредности се општо прифатени меѓу луѓе кои се верници.

Интересно е и тоа дека повеќето историчари на масоните им го припишуваат создавањето на демократските вредности а тоа значи да се има право на слобода на мислење, слобода на говор и слобода на вероисповед според својата совест и да дозволиш другиот да има поразлично мислење од тебе, иако не се сложуваш со него.

П.С. Не сум припадник на масоните, но мислам дека имам многу информации и многу истражувано на оваа тема и генерално, моето мислење за нив е позитивно.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Еден навистина пријателски совет од мене. Остави го Зидарски да ја застапува масонеријата на овој форум, затоа што ти несакајќи рушиш се што тој направил овде. Јас не се сомневам во твоите добри намери, но немаш ниту интелектуален капацитет ниту речник да се носиш со овие лошите чичковци овде.
Мислам дека си во грешка!
Зидарски не сака да ги признае лошите,чудните,секојдневни проблеми и полемики што се појавуваат во „работењето„ на масонеријата и упорно се обидува да ја објасни нивната супериорност, што реално не е така и секој има право да му го уништи целиот муабет ако не се согласува со тоа и таквиот нереален поглед на работите.
Somoteitbe многу убаво ги пренесува неговите ставови, пријателски и искрено,што е реткост за еден нормален човек, а да не збориме за масон! Лоши луѓе има секаде и не е ни чудо што ги има во масонеријата,што толку се фативте околу тие морални вредност и добри особини...
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Масонските храмови во некои држави се големи и убави, но во некои држави како на пример Македонија- храмови се хотелски холови,бизнис соби,ресторани и сл.
Најчесто под работа се подразбира усовршување на ритуалите,некогаш е многу напорно и досадно затоа што едни исти работи се повторуваат по стопати... нема ништо спектакуларно.
Моето образложување за политичкото влијание на масоните малку си го сватил погрешно, влијанието на масоните се подразбира, ама тоа со нов светски поредок се баш глупости од највисок ранг!
Тоа со Г8 и Г20 неможам никако да го ставам во однос со масоните, потруди се малку да објасниш.
И да постојат масоните, па дури и да не постојат, ние и понатака нема да бидеме свесни за многу работи што се случуваат околу нас( тука мислам на разни криминали,тајни договори,тиреков ми рече)
Тоа околу кризата во европа и светот си бара опсежна дебата, не е тука местото за таква дебата,иако би сакал и за тоа малку да прочепкаме:гик:
ne mi gi zadevaj vlaknata na jazikot neceslani!!!!!!!!!1
imate zlatna usta za romantika i zvezdi
a realnosta vi e mnogu gadna
koga ke imam poveke vreme ke vi napisam nekolku socni postovi
seka ne dobiv nikakov odgovor konkreten od toa sto prasav
se jas sum zlato jas sum sampion
abe vie od Sutka da ne ste(bez navreda za tie od Sutka)
????????????????
abre deca masonski
ceda ne bozji
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Воглавно , повеќето религии во светот имаат заеднички вредности во врска со моралот и етиката, како на пр. љубов кон Бог, љубов кон ближните, не кради, не лажи, не сведочи лажно... итн. Тоа е она што го прави некој добар и морален човек и затоа тука нема да има никакви недоразбирања меѓу масоните бидејќи таквите вредности се општо прифатени меѓу луѓе кои се верници.

Интересно е и тоа дека повеќето историчари на масоните им го припишуваат создавањето на демократските вредности а тоа значи да има право на слобода на мислење, слобода на говор и слобода на вероисповед според својата совест и да дозволиш другиот да има поразлично мислење од тебе, иако не се сложуваш со него.

П.С. Не сум припадник на масоните, но мислам дека имам многу информации и многу истражувано на оваа тема и воглавно, моето мислење за нив е позитивно.
Не се сложувам со првиот дел од твојот пост, од проста причина што токму спротивното може да се види и во примерите кој ги наведов, а и во секојдневието како и во историјата.
Што се однесува до вториот дел, и јас се сложувам со тоа дека масоните се заслужни за демократските вредности на западната цивилизација. Таков пример се основачите на Соединетите Американски Држави.
Но според мене, потребно е да се види и малку подалеку, и да се свати и препознае дека тоа премолчување на религијата кај масоните, кое и е според нив она што ги прави "подобри луѓе", е всушност показател дека човештвото било, е и ќе биде уназадувано од истите тие религии, кој под маската на "моралот", "етиката", "љубовта" и слично, го кријат своето лицемерие и тенденција за манипулирање на масите со нивните стравови и надежи.
Ако поединецот е "подобар човек", затоа што го надминал стереотипот и почнал да "гледа" и преку сопствената религија на која и припаѓал пред да стане дел од братството, тогаш нема ли и човештвото да биде "подобро човештво", ако комплетно исчезнат религиите, национализмот и сите вештачки "етикети" кој го делат човештвото и се причина за конфликти?
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Немам јас прецизни и детални информации за Масоните во нашата држава,доволно потресно за мојот ум беше тоа што го прочитав на сајтот и не знам на која основа им е одобрено функционирањето како што знам на која основа е одобрено постоењето на Ротари и на Lions.Овде се крева прашина за нив повеќе отколку што треба и воопшто служат само за украс и за разоноода.Вистинските Масони не си се пронаоѓаат и си дискутираат јавно по форуми.Тајно друштво се,со своја политика,моќ и правила на функционирање.Ова денес е мода,толку знам колку што перцепирам.Поздрав.
За Ротари и Лајонс нема потреба да се пишува како функционираат, толку многу помагаат и донираат средства особено во Македонија, што е излишно да се трошат зборови тука и да се обидува некој да ги негира сите нивни добри дела. Многу памагаат,многу донираат,супер функционираат,многу членови има и одлично се снаоѓаат во Македонија. Многу домови за деца работат исклучиво од нивни средства,многу слепи лица исклучиво живеат од средствата на Лајонс,многу проекти се исклучиво создадени од Лајонс, многу болници се изградени од пари на Лајонс клубовите.
Еве на кратко само ќе ти наведам факт за проектот Засади Дрво кои се одвива неколку години во Македонија кои на голема жалост на Лајонс во Македонија си го присвои Борис Трајанов(член на Лајонс) кој никогаш јавно не призна дека е проект на еден Лајонс Клуб од Македонија и во помош со моменталниот македонски амбасадор во украина(член е на клубот што го смисли проектот) и неговото влијание во македонската влада се покрена целиот процес на донирање дрвца и стартување на целата кампања. Никој никогаш нема да знае за овој проект дека е од Лајонс, но тоа не е ни важно,сето тоа функционира и сите се задоволни и целта е постигна, а тоа е најважно.
Многу ваква проекти има и од масоните и никој никогаш нема да ги дознае.
Затоа треба да биде малку појавна масонеријата во своето делување.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 23:15 ---
ne mi gi zadevaj vlaknata na jazikot neceslani!!!!!!!!!1
imate zlatna usta za romantika i zvezdi
a realnosta vi e mnogu gadna
koga ke imam poveke vreme ke vi napisam nekolku socni postovi
seka ne dobiv nikakov odgovor konkreten od toa sto prasav
se jas sum zlato jas sum sampion
abe vie od Sutka da ne ste(bez navreda za tie od Sutka)
????????????????
abre deca masonski
ceda ne bozji
Никој никого не задева, јас си пишав што мислам, а и ти можеш да си пишеш што мислиш. Ако не ти се допаѓа моето мислење, повтоно напиши дека не ти се допаѓа и кажи зашто немислиш така. Какви се овие глупави закани и навреди од твоја страна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom