Си седам така дома пред два месеца и си играм Brain Buddies на Фејсбук,стигнав на второ место на играва од сите пријатели шо ја играат и си реков ауу многу сум паметна јас морам да се зачленам во некоја организација за повисоки цели,ќе биде дете од мене.И нешто не знам ми се збуричка книгата на Дејан Лучич во глава Владари из сенке,го гледав Кодот на Да Винчи,мама ја прати Долина на волците и си викам ех сега кај нас да имаше Масони гарант влегувам во екипава.И кога така натажена и загрижена за мојот прогрес во животот една другарка ми вика ич не се секирај имаме и ние Масонско друштво и ми дава
http://www.glm.org.mk.Во истиот момент кога го дочитав воведот почнав да си ја мавам главата од лаптопот да ме утепате не знам зошто.И читам,читам се искомплексирав,си реков ништо,не сум толку паметна јас за овие,атеист сум плус жена нема да ми прогледаат низ прсти иако сме 2011 год.А за моментот:
ЗА МАСОНИТЕ - КОЈ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИ?
- Членството е слободно за мажи (од сите вероисповести) кои го почитуваат законот, да имаат добар карактер и да ја потврдат вербата во Бога. Масонеријата е мулти-расна и мултикултурна организација. Таа има привлечено добронамерни луѓе од сите сектори на општеството за свои членови. Во светот постојат слични масонски организации за жени. Ние се придржуваме до традицијата во масонските организации да се примаат само мажи. Без оглед на тоа, масоните високо, со посебни морални скрупоули, ги почитуват припадничките на понежниот пол. Постојат правила за почитување и заштита на жената и ќерките на братот масон. Посебен однос и уважување се покажува кон вдовиците на други масони. Како што другиот масон се смета за брат, така неговата сопруга се смета за сестра.
Сигурна сум дека браќата со исламска вероисповед ќе се согласат со ова бидејќи си живееме среќно и во хармонија веќе со години наназад.
Се откажав тука и ништо викам тргам кај Ротарите и среќа они ме прибраа.Абре какви Масони во Македонија бре ц ц ц глејте си ја работата и животот,ако имате пари вишок дадете ги за добротворни цели или помогнете на некој кој мислите дека заслужува а тоа браќа по ложа,по нива и по филмови колку што прочитав на форумов оставете го настрана,ќе бидете браќа додека имате корист еден од друг барем тоа кај мекедончето е познато(баба лаже,трап не лаже).Масоните со генерации се тајна организација во земјите со висок прогрес и култура,да сигурна сум дека имало Масонски друштва кај нас на чифлиците додека сме копале на нива за време турско,додека во меѓувреме некој се образувал на Кембриџ,учел космографија и течно зборувал латински.А ако толку филмот ви е за ложи и народов се пали на америчката ''Череп и коски'' еве јас и два долара плус че даам на Кирил и Методиј да се основа една ложа.
Освен Црна Ружа во Битола ништо друго ''ложесто'' не признавам во Македонија.
Поздрав и со среќа во раководењето на нашава државичка од зад кулиси и со фалбаџиско рекламирање по форуми и веб страни.