Секакви рецепти

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Пуслици ( целуфки )
На 1 белка од јајце се додава 5 супени лажици шеќер во прав и 1 лажиче(мало) бел оцет.
Се мати во цврст снег и се вадат со лажица топченца кои се стават на мрсна хартија и се печат на 100°.

За поголема количина, дуплирај ја дозата.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Пуслици ( целуфки )
На 1 белка од јајце се додава 5 супени лажици шеќер во прав и 1 лажиче(мало) бел оцет.
Се мати во цврст снег и се вадат со лажица топченца кои се стават на мрсна хартија и се печат на 100°.

За поголема количина, дуплирај ја дозата.
A дали на вкус се како купечки или не?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Belo pilesko meso so pecurki i piperki

potrebno :
- okolu 1kgr svezo belo pilesko meso ( pileski gradi / stek )
- 400 - 500gr pecurki ( marinirani, svezi ili suvi - jas najvise go sakam so susena bukovka )
- 10tina zeleni piperki
- 5 - 6 cesninja luk
- 1,5 fildzan maslinovo maslo
- 2 supeni lazici senf
- 1/2 fildzan soja sos
- 5 - 6 lovorovi livcinja
- sol i crn piper vo zrno ( po zelba )

Pileskoto meso se secka na dolgnavesti parcinja malku posiroki otkolku koga se pravat pileski prsti i se stava vo podlabok sad. Cesninjata luk se seckaat sitno i se dodavaat vo sadot so pilesko meso. Se dodavaat i masloto, senfot, soja sosot, lovorot, se posoluva po zelba i se dodava eden grst biber vo zrno. Se promesuva dobro. Taka izmesanoto meso se ostava da odstoi nekolku casa za da moze da primi od marinadata ( jas go ostavam i po 6-8 casa ). Piperkite se secat na 3 dela po dolzina i potoa na parcinja so sirina od okolu 5mm. Koga mesoto ke bide spremno, na ogan se stava posiroko tavce da se zagree ( ne se stava maslo bidejki vekje vo mesoto stavivme dovolno ). Koga tavceto ke se zagree vo nego se istura smesata so mesoto i se dinsta zatvoreno so pocesto promesuvanje za da ne se isprzi mesoto. Koga ke pocne da ja menuva bojata ( prvo ke pobeli ) se dodavaat pecurkite i piperkite i se prodolzuva so dinstanje sega so tavceto otvoreno i povremeno mesanje za da mesoto se zaprzi. Koga mesoto bide dovolno isprzeno se trga od ogan i se servira vo cinija. Moze da se dekorira so pavlaka, kajmak ili feta sirenje i najubavo ide so belo vino...
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Domasna Pica

potrebno za 4 pici od 30-35cm :

za testo :

- okolu 1kgr brasno ( da ne bide ostro tuku meko - tip500 odgovara )
- 200ml mleko - stopleno ( edno malo tetrapak pakuvanje )
- topla voda proizvolno ( ke vidime kolku ke bide potrebno spored tvrdinata na testoto )
- okolu 150 ml maslo za jadenje ( ili ¾ od normalna casa )
- okolu 50gr kvasec
- 1 kafeno lazice sol
- 1 kafeno lazice seker
- 2 belki od jajce


za premackuvanje :
- 200ml kecap ( blag )
- 1 kafeno lazice sol
- 2-3 kafeni lazicinja med \
( zavisno od vkusot )
- 2-3 kafeni lazicinja senf /
- origano ( spored vkus )
- 1 fildzan voda ( kolku malce da se razredi )

ostanato :

- kaskaval ( jas koristam isklucivo ajdamer )
- meso po zelba ( sunka,pecenica,prsuta,vrat,cajna,kulen itn... )
- pecurki i maslinki po zelba


pripremanje na testoto :

- mlekoto go zagrevame do telesna temperatura. Vo sad ( djezve, chasha i sl. ) nastrana go stavame kvasecot, 1 lazicka seker, e lazica brasno i prelivame so malku od mlekoto, promesuvame dobro da dobieme smesa gusta kako za palacinki i sadot go pokrivame i ostavame nastrana da fermentira. Za toa vreme go presejuvame brasnoto. Vo sad za mesenje go stavame brasnoto, belkite, solta, ostanation seker, ostanatoto mleko, masloto i nadojdeniot kvasec. Zamesuvame i postepeno dodavame po malku topla voda, se dodeka ne dobieme dovolno meko tesko. Mesime se dodeka sadot ne stane cist i testoto povekje ne ni se lepi za racete. Zamesenoto testo go pokrivame i ostavame na toplo da stasuva okolo 45min. Po 45 min otkako testoto ke nadojde go razmesuvame blago vo sadot i pak go pokrivame i ostavame da stasuva uste 20tina min. Otkako ke pomine vremeto za stasuvanje testoto go vadime od sadot, go preturame na nabrasneta masa ( ne premnogu nabrasneta ), go razmesuvame i go delime na 4 ednakvi dela od koi formirame topcinja. Sekoe od topcinjata go premackuvame so maslo i gi redime vo sad. Gi pokrivame so plasticna folija i sadot go stavame vo frizider da odstoi okolu 2-3 casa ( jas obicno go ostavam do vecerta, onosno nekoi 5-6 casa ).


pripremanje na kecapot :

- vo sad go stavame kecapot, senfot, solta, medot, origanoto i vodata i matime dodeka ne dobieme homogena smesa


Otkako testoto ke se izladi go vadime od friziderot i na nabrasneta masa od sekoe topce razvlekuvame kora so dijametar od okolu 30cm. Ne treba da preteruvame so brasnoto dodeka razvlekuvame, za da testoto ne ni stane pretvrdo i da pocne da se kine. Isto taka razvlekuvame so race, od koi so dlankata od ednata pritiskame i vleceme na edna a so drugata na druga strana postojano vrtejki go testoto vo krug. Ne koristime sukalo bidejki togas testoto nema da ni narasne vo pecenjeto. Otkako ke razvleceme kora, ja stavame vo tavce za pecenje koe prethodno sme go premackale so maslo za jadenje. Otkako ke go stavime testoto vo tavceto, pritiskajki so vrvovite od prstite na odprilika 1cm od rabot od korata formirame “venche” i do tuka ke premackuvame so kecap i ke gi redime ostanatite namirnici. Premackuvame so kecap do vencheto ostavajki go rabot cist. Rendame od kaskavalot vrz premackaniot del od korata proizvolno odnosto spored vkus. Vrz izrendaniot kaskaval go redime mesoto, pecurkite i maslinkite. Rernata ja zagrevame na maksimum i vo zagreanata rerna peceme okolu 12-14 min, odnosno dodeka dolniot del od picata ne dobie ubava rumena boja. Ispecenata pica ja seceme na osminki i ja posluzuvame so dodatoci po vkus.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
ова изгледа ќе да е доста вкусно, но и едноставно за правење поготово што е објаснета преку слики целата постапка на подготвување
а таквите фото-рецепти се НАЈ нај и сигурно нема утка



пааааа, ко воли нек изволи
http://homecookinginmontana.blogspot.com/2010/04/spinach-and-feta-layered-turkish-bread.html
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Немам слика за жал но кога ќе бидам во можност ќе ставам од овој прекрасен рецепт ПИТА СО МЕЛЕНО МЕСО.
500гр.мелено месо,
5 јајца,
10 лажици брашно,
1 пециво и 1 кафена шоља кисело млеко и благо млеко.
Подготовка:Се пржи меленото месо со кромид е оргиналаната верзија (јас не го правам со кромид) потоа се додава сол.вегета,црн пипер да порумени месото,се остава малку да олади ,потоа се додаваат јајцата,брашното ,прашакот за пециво и киселото млеко ,се се меша и се става во калап за печење јас обично во куглоф го печам и тоа 30-40 мин.на 180c.
Го превртувам на овал ,го сечам на парчиња (но останува како што е во круг)и се декорира по желба,одозгора може рендан кашкавал,и др. по желба,многу декоративно изгледа ,во средината ставам ќебапи,уштипци или свинско печење ..прекрасно е за некои пригоди.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Немам слика за жал но кога ќе бидам во можност ќе ставам од овој прекрасен рецепт ПИТА СО МЕЛЕНО МЕСО.
без слика не се прифаќа:)
 
П

Пепси_

Гостин
Ќофтиња од компири

Состојки
5-6 компири
200 гр кашкавал
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка буковец
1/2 лажчка црвен пипер
мелен црн пипер
лебни трошки
магданос
масло за јадење

Компирите се лупат и се стават да се варат околу 30 минути. Откако ќе се сварат, се пасират како за пире. Треба да се оладат а потоа во нив се додаваат другите состојки. Кашкавалот треба да биде изрендан. Лебни трошки се ставаат по потреба.Сето тоа се умесува. Потоа се прават топчиња и се расплескуваат, се валкаат во брашно ( јас ги валкав во лебни трошки) и се ставаат да се пржат на претходно загреано масло.

Прегледај го приврзокот 39397
П.С. Во моите фали магданос, секогаш кога ќе почнам нешто да правам мора нешто да нема ама добри се и вака.
лебни трошки се ставаат во целата смеса или смесата на крај се валка во лебните трошки (да не треба и во брашно)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
лебни трошки се ставаат во целата смеса или смесата на крај се валка во лебните трошки (да не треба и во брашно)
Се ставаат лебни трошки во смесата по потреба и се валкаат во лебни трошки, брашно не сум користела. Повкусни ми се кога се валкаат во лебни трошки, ти ако сакаш можеш и брашно да користеш и за во смесата и за валкање не би сметало, сепак за вкус се работи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
(јас не го правам со кромид)
За мене обавезно со кромид и тоа на 500 грама месо, барем 500 грама кромид и неколку сечкани феферони. Кромидот е многу корисна храна.
Не знам дали во тој случај мерката за брашно и друго ќе биде добра. Но вреди да се пробува.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
За мене обавезно со кромид и тоа на 500 грама месо, барем 500 грама кромид и неколку сечкани феферони. Кромидот е многу корисна храна.
Не знам дали во тој случај мерката за брашно и друго ќе биде добра. Но вреди да се пробува.
Секако ,пробајте па ќе кажете .
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 18:30 ---
Пилешки топчиња:
500-600гр.пилешко бело месо.
Пилешкото месо се вари со вегета ,се блендира со 1 главица кромид (а може и повеќе за оние кои се љубители на кромид ):), потоа парчиња свеж леб и една лажица сув магдонос ,значи сето ова се блендира ,потоа се додава едно јајце,црн бипер,и 1 лажичка ким .Ова смеса се меси се прават топчиња и се пржат во врел зејтин...со ова предјадење би препорачала и таратур.
 
A

AnFem

Гостин
Рецепт за њоки:

- 1кг компири
- 1 јајце
- 1 лажиче сол
- највеќе 500 гр брашно

Компирите се печат во рерна, се лупат, се прави пире. Откако ќе се излади се додава јајцето, солта и брашното. Се меси тесто, се дели на 4 еднакви дела, секој дел се обликува на овој начин



потоа се сече овака



Во меѓувреме се става вода да зоврие, кога ќе зоврие ги ставаме њоките и ги вариме околу 3-4 минути. Не ставајте многу њоки заедно, да не се залепат. Ќе знаете дека се готови кога ќе испливаат на површина.
Овака подготвените њоки може да ги комбинирате со гулаш... Јас откако ги сцарив, ги ставив да се печат во рерна заедно со сос од домати и моцарела.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера купив кинеска салата ( зелена салата ). Ја сервирав, како обична зелена салат, со масло, оцет и сол.
Дали знаете некој поинтересен рацепт за сервирање на кинеската салата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom