Turkish Airways најверојатно ќе стане национален авиопревозник на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Р.Македонија потврди дека турскиот национален авиопревозник Туркиш Ервејс има бенефициран пристап до македонските аеродроми во Скопје и Охрид.Според експертски анализи ова е еден чекор што ќе го направи турскиот авиопрезозник македонски национален авиопревозник што Македонија го нема. Повеќе информации
TC-JPO%2B-%2B29.jpg

http://exyuaviation.blogspot.com/2012/02/turkish-airlines-privileged-in.html
 
Туркиш Ервејс > Никој

Не се глупирајте и да правите дека е ова глуп потег.
 
Аиде честито:pos: Инако Туркиш ерлаинс са едни от наи добрите аеролинии на светот.
 
Како што сме тргнале ќе се претвориме во Турска покраина...
 
Како што сме тргнале ќе се претвориме во Турска покраина...

Ај бе курајбер еден да те прашам.
Па кој си ти па да кажуваш што ќе станиме и таквите ко тебе?Зарем не е добро во Македонија да се инвестира?Ве научиле турција вака турција така. Е*аве затуфтани во то черепот :cautious:
 
Туркиш ервејз -македонски национален превозник...абе ај, Idiocracy :facepalm:
Туркиш Ервејс > Никој

Подобро тоа него никаков домашен превозник.Еве ти пример.Нашиот јужен сосед со колапсот на нивната економија ги изгубија сите можни домашни авиокомпании(Хелиос е со една нога во гроб а неколку помали компании банкротираа).Решение? Aegean Airlines што е дел грчки но регистриран како Кипарски авиопревозник стана и грчки авиопревозник и така се спасија. Иако идејата е чудна сепак земајки го факторот дека Туркиш ервејс се едни од најдобрите авиопревозници(квалитет,цена,поркивање на рути) и слично јас би рекол дека ова е еден од најпаметните потези што го направиле и нашите на аеродромот и Туркиш ервејс како компанија.

Не се глупирајте и да правите дека е ова глуп потег.

Не ти се допаѓа да патуваш Скопје-Копенхаген за 150евра пример повратна all inclusive?Толку е моментално Скопје-Копенхаген преку Истанбул. Ако влезат како редовен авиопревозник тогаш многу нови линии ќе се појават и автоматски цените на картите ќе паднат. Ако ништо друго немора да клапаме ни до Софија аердромот ни Солун. Да ти влезе дирекно авиопревозник што е Star Alliance member не е заебанција :)
 
Ај бе курајбер еден да те прашам.
Па кој си ти па да кажуваш што ќе станиме и таквите ко тебе?Зарем не е добро во Македонија да се инвестира?Ве научиле турција вака турција така. Е*аве затуфтани во то черепот :cautious:
О ти голем форумски курназ, Ооо ти највечи фраер меџу фраера, мани ми се и не замарај.
Биди писмен малку и кажи како овој потег е инвестиција, шерифу?
 
Не ти се допаѓа да патуваш Скопје-Копенхаген за 150евра пример повратна all inclusive?Толку е моментално Скопје-Копенхаген преку Истанбул. Ако влезат како редовен авиопревозник тогаш многу нови линии ќе се појават и автоматски цените на картите ќе паднат. Ако ништо друго немора да клапаме ни до Софија аердромот ни Солун. Да ти влезе дирекно авиопревозник што е Star Alliance member не е заебанција :)
Не спорам за успешноста на превозникот оти немам информации ама ете ако велите дека е моќна фирма и има пристапни цени, ок...ама без везе е странска компанија (ако им е за верување, наскоро) да почнеме да ја именуваме како национална авиокомпанија. еве листа на flag carrying airlines. Скоро сите регуларни држави гледам имаат свои национални компании, целосно или со мнозински пакети.
 
Не спорам за успешноста на превозникот оти немам информации ама ете ако велите дека е моќна фирма и има пристапни цени, ок...мене ми е без везе странска компанија (ако им е за верување, наскоро) да почнеме да ја именуваме како национална авиокомпанија. Скоро сите регуларни држави гледам имаат свои национални компании, national flag carrier.

И јас сакам да имаме наш авиопревозник како на времето што беше Палер Македонија,МАТ или Авиоимпекс ама ете...Ги нема веќе.Јас мислам дека и ова да се случи(што изгледа ќе биде) тој евентуален авиопревозник можеби нема да се вика Turkish Airways туку ќе пратат пример 2-3 авиони од Турција и тука ќе ги регистрираат нова фирма со друг бренд и слично.Така е случајот со BH Airlines во Босна и Херцеговина. Тој превозник настана така што флотата припаѓа на Turkish Airways,авионите имаат турски регистарски броеви ама бренд,фирма и се тоа е регистрирано таму. Сепак ќе видиме како ќе излезе уште не излегле со соопштение во јавност така да се ова е само нагодување.Факт е дека добиле бенефиции и опции да почнат со ваква работа е сега што како и кога тоа останува да видиме.

Право да ти кажам сеедно ми е како ќе се вика битно ми е да не бидат скапи и да можам ко човек некаде со авион да одам а не како сега да морам да идам или по други аеродроми или ред други глупости.
 
Покраина бе, да :confused: Да биле паметни Македонците, ќе се бореле од страната на Турците во Балканските војни, па денес државава ќе беше во рамките на етничките граници...

Иначе, што и да работам по дома, секад застанувам пред ТВ кога ја пуштаат рекламава (иако сум за Ливе)... зараза песна. Уи ар глобали јорс... на на на...
 
Значи Турците пак се враќаат на балканот, барем во авиопревозот. Читам и во албанскиот авиопревозник во 2009 има влезено турски капитал од над 90% од Evsen Group.,
 
Значи Турците пак се враќаат на балканот, барем во авиопревозот. Читам и во албанскиот авиопревозник во 2009 има влезено турски капитал од над 90% од Evsen Group.,

Да да и тој заборавив да го споменам.Дефинитивно бизнис интереси се во прашање.Како и да е мене ми одговара порано аеродромов ни беше живи срамови како старата автобуска во Скопје.Сега барем личи на нешто :D
 
И јас сакам да имаме наш авиопревозник како на времето што беше Палер Македонија,МАТ или Авиоимпекс ама ете...Ги нема веќе.Јас мислам дека и ова да се случи(што изгледа ќе биде) тој евентуален авиопревозник можеби нема да се вика Turkish Airways туку ќе пратат пример 2-3 авиони од Турција и тука ќе ги регистрираат нова фирма со друг бренд и слично.Така е случајот со BH Airlines во Босна и Херцеговина. Тој превозник настана така што флотата припаѓа на Turkish Airways,авионите имаат турски регистарски броеви ама бренд,фирма и се тоа е регистрирано таму. Сепак ќе видиме како ќе излезе уште не излегле со соопштение во јавност така да се ова е само нагодување.Факт е дека добиле бенефиции и опции да почнат со ваква работа е сега што како и кога тоа останува да видиме.

Право да ти кажам сеедно ми е како ќе се вика битно ми е да не бидат скапи и да можам ко човек некаде со авион да одам а не како сега да морам да идам или по други аеродроми или ред други глупости.
Види вака, се сложувам дека е подобро да се има нешто налик на национален авиопревозник, отколку да немаме(како што е случајот сега), но по која цена?
Се сложувам исто така дека Туркиш Ерлајнс се една од подобрите авио компании во светот, но не се и едни од поефтините. Впрочем тие се едни од поскапите компании, така да на оваа зделка (ако се оствари, бидејќи сеуште е само шпекулација) гледам само начин на експлоатација на граѓаните на Македонија. Ова се знаеше уште пред некое време дека ќе се случи (со влегувањето на ТАВ) и турците си бараат монопол и не гледам ни една причина дека нема да го добијат.
Е сега верувам дека знаеш што се случува кога една компанија има монопол врз некој пазар?
И да не знаеш, тогаш одговорот е дека ги има сите права да си ги заштити своите интереси (профит), притоа нема да дозволува поефтини компании да сообраќаат на оваа релација (Скопје, Охрид).
Мислиш дека еве да речеме утре Flydubai сака да лета до Скопје со директен лет, дека турците ќе го дозволат тоа?
Така да според мене Туркиш Ерлајнс за национален превозник, не значи и поефтини летови за граѓаните. Исто така турците не верувам дека ќе дозволат и којзнае какво вработување кај нив (што не би било така ако имаме сопствен авио превозник).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom