И јас сакам да имаме наш авиопревозник како на времето што беше Палер Македонија,МАТ или Авиоимпекс ама ете...Ги нема веќе.Јас мислам дека и ова да се случи(што изгледа ќе биде) тој евентуален авиопревозник можеби нема да се вика Turkish Airways туку ќе пратат пример 2-3 авиони од Турција и тука ќе ги регистрираат нова фирма со друг бренд и слично.Така е случајот со BH Airlines во Босна и Херцеговина. Тој превозник настана така што флотата припаѓа на Turkish Airways,авионите имаат турски регистарски броеви ама бренд,фирма и се тоа е регистрирано таму. Сепак ќе видиме како ќе излезе уште не излегле со соопштение во јавност така да се ова е само нагодување.Факт е дека добиле бенефиции и опции да почнат со ваква работа е сега што како и кога тоа останува да видиме.
Право да ти кажам сеедно ми е како ќе се вика битно ми е да не бидат скапи и да можам ко човек некаде со авион да одам а не како сега да морам да идам или по други аеродроми или ред други глупости.
Види вака, се сложувам дека е подобро да се има нешто налик на национален авиопревозник, отколку да немаме(како што е случајот сега), но по која цена?
Се сложувам исто така дека Туркиш Ерлајнс се една од подобрите авио компании во светот, но не се и едни од поефтините. Впрочем тие се едни од поскапите компании, така да на оваа зделка (ако се оствари, бидејќи сеуште е само шпекулација) гледам само начин на експлоатација на граѓаните на Македонија. Ова се знаеше уште пред некое време дека ќе се случи (со влегувањето на ТАВ) и турците си бараат монопол и не гледам ни една причина дека нема да го добијат.
Е сега верувам дека знаеш што се случува кога една компанија има монопол врз некој пазар?
И да не знаеш, тогаш одговорот е дека ги има сите права да си ги заштити своите интереси (профит), притоа нема да дозволува поефтини компании да сообраќаат на оваа релација (Скопје, Охрид).
Мислиш дека еве да речеме утре Flydubai сака да лета до Скопје со директен лет, дека турците ќе го дозволат тоа?
Така да според мене Туркиш Ерлајнс за национален превозник, не значи и поефтини летови за граѓаните. Исто така турците не верувам дека ќе дозволат и којзнае какво вработување кај нив (што не би било така ако имаме сопствен авио превозник).