Драга Кајги,
Вака.... деновиве (односно вчера и денес) по фејс гледам некоја си наградна игра на Рамстор, демек најзаљубен пар ти реков- ми рече, главна награда патување во Истамбул не знам што.... и ај викам да гласам за брат ми и девојката, кога гледам прво место Биљана и Иван (мислам дека беше) од Идол, и уште оваа пишала демек, не можев да одолеам на наградата, си викам:
Добро ма идиотке една недоквакана,
значи со била на Идол, си шетала, башка ај ако не ти, дечко ти има доволно пари да те носи у Истамбул за Валентајн, остај некој од децава да се израдува... и нормално дека ќе победиш цела Македонија те знае, копиљацине особено, а они се 90% од гласачите, нормално ќе гласаат за тебе, не за брат ми(кој е он у споредба демек со неа а у).... немој да се сфатиме погрешно, ама нека отиде бе некој што не може да си дозволи, нека отиде било кој..... не чини вака, не.....
а на крајот на краиштата не знам што и јас се напињам безвеза.... само не е ок, тоа ми е муабетот да си ја користиш славата за да победиш на наградна игра и да отидеш на патување..... значи до тука стасала работата а?
Ај ако не , ја Каролина ќе ја пријавам....
само нема дечко бе.....