На тој експеримент му аплаудираат само Дарвинистите заради нивната предодредена догматична позиција дека еволуцијата е апсолутно точна, неопходна и дека тоа едноставно би морало да биде така, затоа што не може поинаку бидејќи не постои и не смее да постои нешто такво како Создател.
Доколку малку го прочепкате тој експеримент ќе видите дека таму воопшто нема ни „е“ од еволцуија. Се работи само за вештачка селекција на одреден вид на пивски квасец (
Saccharomyces cerevisiae) кој (читајте сега внимателно) И ПРЕД и по експериментот си ја имал способноста да формира комплексни снегулки. Тој не еволуирал во ништо, туку си останал она што бил и пред експериментот - пивски квасец. Способноста да се групира во гроздови од снегулки тој си ја имал и пред експериментот и се што направиле Раклиф и компанија е само една обична интересна вештачка селекција на оние снегулки кои што ја имале поизразено оваа карактеристика да се групираат во гроздови на снегулки. Тоа е слично како од група спортисти да ги селектирате оние кои што се понаклонети кон тимски спортови или како од група луѓе да ги селектирате они што сакаат да играат на музика, а потоа од нив да ги селектирате оние што се послкони кон орото и да речете: „ете создадовме нов вид на организам кој што е составен од група луѓе што се вртат во круг“
Неопходно е да разјасниме, поточно да се потсетиме на неколку работи.
Вештачка селекција постои - но тоа не е еволуција.
И природна селекција постои - но и тоа не е еволцуија.
И адаптација постои - но тоа не е еволуција.
И мутации постојат - ни тоа не е еволуција.
И варијации меѓу видовите постојат - жал ми е, но ни тоа не е еволцуија.
Во училиштата често пати се проповеда (намерно велам проповеда, затоа што нема ни Н од наука) дека еволуцијата претставува мутација, варијација, адаптација и природна селекција. Но тоа е ноторна лага што се повторува со години и години. Овие процеси можат да ги објаснат групирањето на црните, белите и жолтите луѓе (ткн. „раси“), но не и квантните скокови (провалиите) меѓу едноклеточните организми и повеќеклеточните, не и меѓу безрбетниците и рбетниците, не и меѓу рибите и водоземците, водоземците и цицачите, рептилите и птиците итн. Тоа им е јасно и на водечките еволуционисти кои мака мачат да ги премостат овие провалии во аргументирана смисла на зборот (со фосили, научни факти).
Колку и да тераме инат, мора да прифатиме дека Дарвинизмот сам по себе не е наука, туку тоа е филозофско гледиште на апсолутен натурализам и материјализам. Некој на ова ќе рече „па тоа не е филозофија, не е догма, тоа е научен факт, аксиома“. Во ред, нека рече, секој има право на свое мислење, но оставете некој друг да си верува поинаку од вас
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 01:13 ---
Претпоставувам се зезаш со ова така? Бидејќи и децата знаат дека црв не настанува од мртва коска на риба, туку од ларвите (доколку ги имало) заробени во тазе мртвата коска од рибата или евентуално во дрвото.
Според некои луѓе (познати како расисти) само белците се луѓе, а црнците и жолтите се некаков друг вид на животни само затоа што имаат поинаква боја на кожата ( и други ситни акумулирани варијации). Шала на страна, ние можеме и во рамките на белите мечки да дефинираме и класифицираме 100 вида на мечки па да речеме дека сите тие еволуирале од мечето Ушко. Човекот е мајстор за дефинирање поделби, подкласи, класифицирање, раздвојување, селектирање и маргинализирање. Сепак мечките си се само мечки, без разлика на бојата на крзното.
Тоа што го тврдиш е спротивно на еден од принципите кои што ги користи еволуцијата. Имено, еволуцијата вели дека по мутацијата и варијцата доаѓа до адаптација на посилниот во новата средина, а послабиот бидејќи не може да се адаптира на новата средина, изумира. Значи според твојата теорија, предходно постоеле луѓе со умници со кои што кршеле коски. Потоа од овие луѓе еволуирале луѓе без умници. Значи извесен период постоеле луѓе со умници со кои што кршеле коски и луѓе без умници кои не морале да кршат коски во исхраната.
Е сега ти кажи ми по кој основ овие луѓе биле посилен вид од луѓето со умници и каква била таа животна средина во која што луѓето со умници не можеле да се приспособат, а луѓето без умници можеле?
Еволуцијата е секаде околу нас само доколку ги носиме догматичните очила на Дарвинизмот. Тоа се очила со две обоени леќи поставени една над друга. Едната леќа се вика натурализам, другата материјализам.