Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Покрај неколку други работи, ти ја негираш можноста дека е можна еволуција од едноклеточни во повеќеклеточни организми. Еве го доказот дека грешиш, со мои зборови:
Во експериментот на Ретклиф е докажана еволуцијата на едноклеточен организам во повеќеклеточен, преку ќелии на обичен квасец - Saccharomyces cerevisiae. Квасецот е едноклеточен еукариот. Познато е дека кај квасецот (и кај други) при поволни услови можно е групирање на повеќе едноклеточни ќелии во една група, ама таа група е само прост збир на одреден број едноклеточни единки и понатаму не се размножува во друга иста таква група, ниту постои поделба на функциите на клетките во таа група. Според тоа, таа групација не е повеќеклеточен организам. Ама под одредени услови, можна е еволуција на таквата група во вистински повеќеклеточен организам, како што и се случило на Земјата.
Во експериментот, од претходно испитан и чист материјал на квасец, во хранлива подлога размножена е доволна количина која е поделена на 10 еднакви дела, со кои независно е изведена истата процедура (тоа се 10 независни експерименти!). Секоја популација е оставена 24 часа да се храни и размножува, пред фазата на селекција. Селекцијата е едноставна и е во согласност со реалните услови во природата - прво културата се промешува и се остава да слегне. Групите од поврзани единки се потешки и им треба помалку време да слегнат на дното од епруветата. Тој прв талог се отстранува по 5 (15, 25) минути и се преместува во нова, чиста хранлива средина натамошни 24 часа. Потоа истата постапка со „гравитационата селекција“ се повторува. После 60 такви селекции, од обични групи на едноклеточен квасец добиени се вистински повеќеклеточни организми на квасец, кои се размножуваат во исти такви повеќеклеточни организми (но помали - „деца“, кои понатаму растат до родителската големина!), а во тоа размножување не учествува одреден процент од клетките (кои се специјализирани за некоја друга функција) - исто како кај размножувањето на повисоките форми од повеќеклеточни организми.
По 60 дена, во сите 10 култури се добиени истите форми на повеќеклеточни организми (5-минутната селекција дала најдобри резултати). Тоа е десеткратно потврдување на истиот експеримент!
Бујрум, спори!Во врска со тоа, повторно можам да ти ги поставам истите прашања:
1) Дали тој експеримент е изведен по сите општи правила на научната методологија? Ако не е, каде е грешката?
2) Дали на почетокот на експериментот се ставени само едноклеточни организми и никаков друг жив организам?
3) Дали после 60 дена се добил повеќеклеточен организам? Ако не, кои ти се аргументите дека тоа што се добило не претставува повеќеклеточен организам?
4) Дали најде некаква, било каква грешка во тој експеримент? Ако да, кажи што. Ако не, дали ќе признаеш дека е погрешно твоето негирање на еволуцијата од едноклеточни во повеќеклеточни организми?
Црвениот болд е тој што не е егзактен. Кои се одредените услови? Можна е еволуција - Да со која веројатност итн..? А можеби и не е можна нели? И на крај заклучок дека така се случило на земјата
Значи претпоставка дека има одредени услови под кои ова се случува И заклучок врз основа на иста таа претпоставка.
Ме заебаваш нели? Ако ова е доказ пријателе тогаш неможеме понатака да диксутираме.
Одиме со лилјаковиот болд - реалните услови за оваа култура како што ги опиша се промешување и оставање да спласне. Тоа мислиш дека се природните услови? Имаш интервенција пријателе од разумно битие тука. Како знаеш дека се добиени повеќеклеточни организми кои се размножуваат понатака.
Зелениот болд - ИСТО Е КАКО КАЈ ПОВИСОКИТЕ ФОРМИ ????? Јок.
1. Не е изведен по сите правила. Имаш нешто што е претпоставено дека се случува во реалноста, и имаш интервенција од страна, немаш однапред познати правила на игра на експериментот, и резултатот е насочен.
Истиот тој би требало д аможат да го повторат сите. И треба ако веќе генерализираш, да можеш д аго пвоториш кај останатите. А ТОА НЕ Е ВОЗМОЖНО.
2. Да. А кој ги ставил едноклеточните организми?
3. Не знам. Претпоставака е дека се добиел повеќеклеточни организми, но не со сите белези на истите. ТУка со поголем дел белези на повеќеклеточни организми прифатлив за некого, а за некого не.
Тогаш веројанто не е проблем ова истово да го повторат кај некоја повисока форма/ Или е ?
4. Ете ти ги гире болдовите кои ја спорат точноста на експериментот, ауште помалку ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА ИСТИОТ ЗА СЕ ЖИВО НА ЗЕМЈАВА.
А ти ќе признаеш ли дека Еволуцијата можеби не се случила најбалго кажано, онака како што ти си осознал? Или во најлош случај - вистината е некаде на друго место?
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 15:10 ---
Тотално погрешно, Таа правилна аналогија е само во твоите очи.Аналогијата со шахот (и со кошарката со Џордан) ти е погрешна.
Правилната аналогија е оваа: среде партија шах, после твој потег, компјутерот ти објавува дека ќе те матира во 7 потега, а ти тврдиш „компјутерот погрешил, напротив, јас ќе го матирам него за 6 потега“. Јас ти тврдам дека компјутерот е во право (убеден сум дека сум ги насетил кои се добитните потези), а ти сакаш да спориш со мене дека грешиме и јас и компјутерот. Ако мене ме ставиш да играм наместо компјутерот во таа позиција, можеби јас нема да ги потрефам вистинските потези (мислев дека сум сфатил, ама...) и ќе изгубам од тебе во 6 потези, ама тоа не значи дека компјутерот погрешил, сфаќаш? Ако играш против компјутерот, сигурно ќе изгубиш за 7 потега (или побрзо).
Ако играме шах (теорија на еволуција) и ме победиш, можеш само да заклучиш дека си подобар во шахот (теоријата на еволуција) од мене, а не дека компјутерот (научниците) погрешил(е) во својата анализа на шаховската позиција (теоријата на еволуција).
Тука не се работи за тоа кој кого ќе победи пријателе, бидејќи играта и нејзините правила се познати и општопрофатени од сите. Однапред се знаат правилата на игра и во шахот и во кошарката.
А тука спориме за правилата на игра односно ТЕ, ЕВОЛУЦИЈАТА СЕ ПРАВИЛАТА НА ИГРА - НЕ Е ИГРАТА.