Канарски острови: Тенерифе, Ланзароте, Гранд Канариа

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Фала на информацииве, корисни се во секој случај. Јас да ти кажам секој 2 ден се премислвам дали да биде Тенерифе или Ланзароте летово, ама мислам дека секако ќе биде некој од Канарскиве острови, здравје до лето има време ама мора да се разгледа по нешто за да се преживи зимава.
Ај би те замолила ако сакаш да ми кажеш како си најде смештај, дали преку нет (има доста ефтини хотели за Ланзароте, би рекла и премногу ефтини на пр. 100 евра од човек за 10 дена) или го користеше тоа тајм шерот. Дали станува збор за тоа вучерот што го даваат од Травел Хаус или ова е нешто друго?
И јас гледав преку визар и ryan, но за оние кои ги мрзи посебно да си ги бараат летовите можат слободно преку http://www.skyscanner.net/ да си пишат само од каде до каде и автомацки им ги бара најефтините поврзани летови.
Инаку мене ме интересира колку однапред ја резервира картата? Дали е доволно месец, два или треба повеќе? Кое време беше ти? Кој месец мислев. :) Што мислиш каде би било подобро да се летува Тенерифе или Ланзароте? Јас на моменти сум за Тенерифе како поразвиен е туристички, на моменти сум за Ланзароте, велат дека поубави плажи имало
Види го островот Мадеира. Преубав е. Заштитен знак (или што знам како беше) им е Кристијано Роналдо. :D
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
хахаха срце пак дојде до моето .
Кога палнираш да одиш на одмор се рачунаат парите кој си спремен т.е планирала да ги потрош .
500 евра + ке те фане ама важно да си уживаш .
Планираш со друштво или ?
Епа сега јас овде правам муабет за аранжманот т.е. смештај + превоз, а за таму е друга приказна, за секого посебно. Можеби некој сака само да се излежава на плажа и да не потроши ни денар, а некој друг да шета и да види што е можно повеќе. Ако си од овие вториве каде и да одиш ќе те кошта околу 500 евра, или можеби не??
Да со друштво планирам да одам, ајде ако си за ;)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Епа сега јас овде правам муабет за аранжманот т.е. смештај + превоз, а за таму е друга приказна, за секого посебно. Можеби некој сака само да се излежава на плажа и да не потроши ни денар, а некој друг да шета и да види што е можно повеќе. Ако си од овие вториве каде и да одиш ќе те кошта околу 500 евра, или можеби не??
Да со друштво планирам да одам, ајде ако си за ;)
И јас сум ЗА. :D
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970

Ке се договориме :cool:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ме интересира, колку време се патува до таму со авион?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ме интересира, колку време се патува до таму со авион?
Софија-Мадрид едно пар саати и уште 2-3 саати до Тенерифе... е сеа колку ќе свенеш у Мадрид, тоа зависи од картата. Ние чекавме 18 саати.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Си бил ли? Кажи нешто повеќе (цените, морето итн).
Бил сум там преди 8 години. Патувахме с чартарен полет Софиа- Тенерифе.
All-inclusive. С рента кар ходихме до Лори парк. Подарен е на Тенерифе от принца на Тајланд. Тамо е вечна пролет.
 
oli.skip

Скип
Член од
3 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
2
Моите ги прелажаа за тоа тајм-шерот на Травел Хаус (како ли се вика сеа), ама барем за Тенерифе и за уште пар места добија бесплатни недели. Бар тие се аир.

Тенерифе е остров кој секој човек треба да го разгледа, пошто таму има СВЕ! Мислам, без заебанции, има све!

Има пустина, има тропски дел, има планински пољани што личат ко континентални, има факинг вулкан од !!!3700m!!!, со патека до врв околу која повремено има марсовски пејсажи, има карпетини едни на западниот дел од островот - гаќи да ти се стресат, кањон еден има страотен, има (полу)монденски плажи, сахара-плажи, катран плажи, тоа е шпанија, па све е по цицки, има океан, има и океан-ама-ко-у-море-да-си (со напраени насипи на пар километри од брегот кои не се гледаат, ама сопираат океански бранови), има катаљон базени и едно ремек-дело од комплекс базени (Лаго Мартианез, ваљда) со солена вода на 5-6000 м2 тераса над тоа океанот у Порто Круз, мислам. Има безброј сместувачки капацитети по целиот остров, неколку стари градови со интересно за разгледување. Има историја за раскажување и ептен ефтин рент-а-кар. Техничката роба, цигарите и алкохолот се поефтини од кај нас. Храната е поскупа. Сепак, поефтина од било кој туристички центар во Европа. Има супер острови у близина.

Тенерифе работи 365 дена у годината, пошто има температурен опсег од некои 10 степени - дење-ноќе и просечно годишно. Просечна годишна температура мислам дека му е 23-4 степени. Тенерифе е вечна доцна пролет на северната страна (све е расцветано, нон-стоп) и вечно океанско лето на јужната (барутана со ветар од Теиде или од Атлантик). Скоро сите туристи доаѓаат и си одат у аранжмани од по една или две недели и сите го добиваат истиот третман - all year long. На тенерифе е секој ден недела. Работна, додуше, за туристичката индустрија и придружните (што е мање-више све на островот). Значи, еве, сабота, ама работна.

Има луѓе од сите возрасти, врие од енглези и шпанци. Црнци продаваат по улици тоа што не можеш да го најдеш у продавница. Све е чисто и уредно, неверојатно спокојно и раат. Власти како да не постојат, ама исто па и конфликти. Има доволно избор за журка. Ги има сите можни летни курташаци - параглајдери, падобрани, банани, скутери, подморници, крстарици, одбојки, голфој, ако ти текнало они го праат више 2-30 години, пошто најверојатно они го измислиле.

Има пар зоолошки градини кои се фас-ци-нант-ни! Лоро-парк и Џангл парк и има пар водени паркови кајшто г'зот нема да знаеш каде попрво да го пуштиш. Овие се малку скупи. Поише скупи, ама бар за цел ден си се решил.

Јас стигнав до таму од Софија со Виз-еар до Мадрид за 35EUR (еден правец) и од Мадрид до Тенерифе со Рајан-еар за 39EUR. Вкупно, натака-навака, 74*2=148EUR. Летото пред ова. Сега може и од Скопје се врзува летот.

Си напраив профил на кајгана само да кажам фала за информацијата :)
 
oli.skip

Скип
Член од
3 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
2
Бил сум там преди 8 години. Патувахме с чартарен полет Софиа- Тенерифе.
All-inclusive. С рента кар ходихме до Лори парк. Подарен е на Тенерифе от принца на Тајланд. Тамо е вечна пролет.
Колку пари ?
 
Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Јас колку што ги гледав цените беше некаде околу 350е за 10 дена на Тенерифе. Со се пат со се сместување но без јадење. Не отидов пошто имав други непредвидени обврски ... :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас колку што ги гледав цените беше некаде околу 350е за 10 дена на Тенерифе. Со се пат со се сместување но без јадење. Не отидов пошто имав други непредвидени обврски ... :(
Каде ја има таа цена? Или си гледал за тие понуди што треба уште во Мај да уплатиш, зошто знам дека имаше и така нешто.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Каде ја има таа цена? Или си гледал за тие понуди што треба уште во Мај да уплатиш, зошто знам дека имаше и така нешто.
Имаш понуди и за 250 евра за двајца за 10 дена, за месец дена од сега. Јас на букинг гледав и имаше супер хотели за таа цена. Аранжман преку солун за 9-19 јули со све смештај и карта= 350 евра за човек. Поевтино од ова во септември, август се најскапи цените
 
Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Сите цени се за резервација 2~3 месеци однапред. Кој сака last-minute сигурно не му е до парите. И не е преку агенции, пошто таму зимаат не така мала провизија за себе (сигурно не под 30%) Прочепкај по интернет има цел тон можни комбинации и побрзај пошто после во Мај натака подрипнуваат цените (не многу 10 до 30~40 евра) и воглавно поради авио картите.
devojka87, што направи ти идеш, не идеш; избра нешто?
 
Мене ми излегоја некои непланирани проблеми со работата, но најверојатно ќе одам. Хотелот го резервирав преку букинг и онака е бесплатно и да откажеш, а карта ќе си резервирам едно месец - два унапред, зошто сакам септември да одам. Картите вака не ми се гледаја скапи околу 220 евра преку солун. Ако остане така дефинитивно ќе биде Тенерифе (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom