Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Џонсон контролс“ почна со пробно производство во Штип
Американската компанија „Џонсон контролс“ неодамна почна со пробно производство во фабриката во Штип, а од март треба да почне и со редовно производство на навлаки за автомобилски седишта. Моментално биле ангажирани околу 70 работници, чиј број до ова лето требало да се зголеми на 300, а веќе следната година да достигне до 1.400.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=306388B3371B5342B194221ECE42A126
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Белгиски автобуси за Америка од Скопје

27

ЈАН 2012
11:38

Белгиската фабрика за производство на автобуси во близина Скопје гради нова производствена линија.„Ван Хол“ кај нас ќе произведува автобуси за американскиот пазар.
Одлуката на фабриката да гради погони во Скопје била објавена во вторникот од страна на извршниот директор Филип ван Хол, јавува Дестандард.
„Во Македонија наидовме на поволни услови. Таму има сè што ни е потребно за да ја покриеме нарачката од 300 автобуси за САД. Оваа инвестиција ќе ни помогне да се зацврстиме на американскиот пазар и дополнително да се шириме“, ја пренесува неговата изјава белгискиот портал.
Ван Хол е белгиски произведувач на автобуси и индустриски возила. Целото нивно производство се пласира во Европа и САД. Компанијата има 4.000 вработени во своите две фабрики во Белгија.
http://www.time.mk/read/NONE/6e8208e4e5/index.html

Патем еве им ја и интеренет страната, прават доста интересни продукти од автобуси до тролебуси , трамваи и комбинации на овие два.Она што е посебо интересно се двозглобните автобуси и тролебуси.

http://www.vanhool.be/
Најголемата Белгиска компанија за производство на автобуси ВАНХОЛ-БЕЛГИЈА ке инвестира во Македонија потврди советник министерот во Македонската Амбасада во Кралството Белгија Даим Илјази.
Одлуката на ВАНХОЛ за изградба на фабрика за авотбуси во Македонија во близината на Скопје е резултат на целло годишната активноста на македонската амбасадата насоцена кон привлекување на странски инвестиции, а утврдена со посетата на премиерот Никола Груевски на поцетокот на декември минатата година, кога Брисел беше дел од маршутата на роуд соута во рамките на програмската определба на Владата на Р.М. за економски развој.
Од амбасадта не прецизираат колкав е износот на инвестицијата, но потврдуваат дека и компанијата ке запоцне со изградба на фабрика во рок од 2 до 3 месеци, и дека капацитетот на истата ке изнесува околку 300 автобуси наменети за американски пазар.
-Ова е голем економски успех за Македонија во прв ред затоа што дава слика за нашата дрзава како земја со одлицни мозности за инвестирање, како и за отварање на голем број работни места.
Инаку во портфолиото на ВАНХОЛ е наведено дека компанијата е основана далецната 1947 година И има над 4000 вработени.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/belgiska-kompanija-za-proizvodstvo-na-avtobusi-najavuva-investicija-vo-makedonija
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Пред некој ден бев на едно предавање на еден менаџер од порше. Типот раскажуваше дека предходно работел во Ауди и дека учествувал во планирањето и организирањето на фабриката на ауди во Унгарија истата која требаше да се гради во Македонија абе косата ми се наежи од мака. А сега се радуваме и на 300 автобуси.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
777
Поени од реакции
382

Требало да го прашаш кој им барал мито тогаш :rolleyes:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Годинава до јуни-јули,чекамe и сечење на ленти од ланските фрлени лопати.
Ќе видиме за некој месец што ке биде :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Се на се :

Македонија првите 9 месеци од 2011 оствари 185 милиони евра директни странски инвестиции ( а за цела 2011 некои велеа дека очекуваат 350м евра).

Мислам дека ќе сме претпоследни во Европа , тоа е голем успех , над Босна.

Косово , првите 9 месеци 2011 : 284 милиони евра (100 повише од Македонија).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Се на се :

Македонија првите 9 месеци од 2011 оствари 185 милиони евра директни странски инвестиции ( а за цела 2011 некои велеа дека очекуваат 350м евра).

Мислам дека ќе сме претпоследни во Европа , тоа е голем успех , над Босна.

Косово , првите 9 месеци 2011 : 284 милиони евра (100 повише од Македонија).
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Расте интересот за инвестирање во Општина Петровец

Расте интересот на инвеститорите за вложување во Општина Петровец. Само за еден месец во државата каса на оваа општина, се слеале 1,5 милиони евра.
Продадени се 32 локации на кои ќе се градат погони од лесна незагадувачка индустрија, трговски центар, каде ќе се отворат најмалку 500 нови работни места.
Интересот, додаде Митевски е голем, бидејќи локациите кај што се направени проектите се во близина на аеродромот.
Инаку оваа општина од денеска самостојно ќе управува со државното градежно земјиште, кое ќе може го продава преку електронски јавни наддавања. Надлежностите за менаџирање со земјиштето, министерот Јанакиески му ги пренесе на градоначалникот на општината.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/raste-interesot-za-investiranje-vo-opshtina-petrovec
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 16:06 ---
Kendaron Capital Partners нов инвеститор во SunWireless Македонија

Инвестициската компанија Kendaron Capital Partners се стекна со 20 проценти акционерски капитал во провајдерот на бежичен интернет SunWireless Македонија. За таа цел Kendaron Capital Partners ја формираше компанијата Sun Wireless International Limited преку која влезе во SunWireless Mакедонија.

Средствата обезбедени со инвестицијата ќе бидат искористени за проширување на постоечката мрежа на бежичен интернет во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови со што компанијата ќе се зацврсти како најголем провајдер на бежичен интернет во Македонија, соопшти SunWireless Македонија.

До крајот на годината компанијата планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји.

SunWireless, како провајдер на бежичен интернет е присутен во повеќе од 10 градови и региони низ државата со повеќе од 350 Wi-Fi хот зони. Обезбедува мобилност во преносот на податоци со различни при-пејд и пост-пејд можности кои се дизајнирани за да ги задоволат потребите на клиентите. Моментно ја проширува мрежата на територијата на град Скопје и општините Битола и Прилеп, со цел до крајот на годината да ја достигне зацртаната бројка од 600 хот зони. www.sunwireless.com.mk

Kendaron Capital Partners е приватна инвестициска компанија активна во бизнисот со недвижности, структуирано финансирање и приватниот пазар на капитал. Исто така, Групата е активен учесник и во тргувањето со приватниот капитал. Иако вообичаено Kendaron е главен инвеститор, често соработува и како ко-инвеститор во најразлични проекти и инвестициони можности заедно со други приватни и институционални инвеститори.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/38407/kendaron_capital_partners_nov_investitor_vo_sunwireless_makedonija.aspx
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Уште го чекам луксузниот терен за голф у Петровец :LOL:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Уште го чекам луксузниот терен за голф у Петровец :LOL:
Колку што знам кренаа раце од таа инвестиција.Имаше мислам некое објаснување,зашто е тоа така.Ај ке се надеваме дека ке завршат некоја друга.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Британска хај-тек компанија ќе инвестира кај нас
Со тоа ќе се отворат од 50 до 200 нови работни места, најави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески

Многу сме блиску до договарање нов кол-центар во Македонија во високата технологија, изјави министерот за странски инвестиции Бил Павлевски по интензивните преговори со британските бизнисмени, кои престојуваат во Македонија заедно со принцот Мајкл од Кент.
На инвеститорите, како што рече Павлевски, им се допаѓа што Македонија има високообразована работна сила.
Тој изрази надеж дека со овој проект земјава ќе привлече уште позначајни и поголеми инвестиции во оваа сфера.
1
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Распишан тендер за три локации за изградба набензински пумпи

Министерството за транспорт и врски распиша јавни објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Македонија по пат на електронско јавно наддавање наменето за изградба на бензински пумпи со услужни центри.
Станува збор за три локации кои се наоѓаат во општините Прилеп, Свети Николе и Градско, а целта на јавните објави е овозможување нови инвестиции, односно изградба на нови бензински пумпи и услужни центри долж магистралните и регионалните патни правци.
Локацијата во Прилеп се наоѓа на магистралниот пат М5 кој го опфаќа и патниот правец Велес – Прилеп – Битола. Станува збор за градежна парцела со вкупна површина од 27.070 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 300 денари по метар квадратен.
Локацијата во Свети Николе се наоѓа на патниот правец Куманово - Свети Николе- Кадрифаково. Станува збор за градежна парцела со вкупна површина од 41.094 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 150 денари по метар квадратен.
Локацијата пак во Градско се наоѓа на магистралниот пат М1, односно на Коридорот 10. Станува збор за градежна парцела со вкупна површина од 27,982 метри квадратни со почетна цена на јавното наддавање од 130 денари по метар квадратен.
Пријавите за учество на јавните наддавања за секој алокација одделно може да се достават најдоцна до 12.03.2012 година, а право на учество во јавните наддавања имаат физички лица и правни лица, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Македонија.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=98555&kategorija=2
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Немој да сме сватиш лично, но од кога давањето на тендер на локации за изградба на бензински пупми е “Инвестициски БУМ во Македонија“ ?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Немој да сме сватиш лично, но од кога давањето на тендер на локации за изградба на бензински пупми е “Инвестициски БУМ во Македонија“ ?
Пријателе во какво време живееме и секој 1денар за жал ќе го сметаме за инвестиција.Може не е бум,но сепак бензинскиве доколку се изградат ќе бидат добредојдени за локалното население. Тоа е реалноста за сега, за понатака да бидеме живи и здрави па ќе коментираме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom