E тоа ти си го извлече како заклучок од муабетот - дека убавото име значело и убав човек итн.. Тоа јас не го реков никаде.
Но за мене е важно нештата да бидат необични. Како што кажав, без оглед дали е име, или нешто друго.
Јас моето лично име го променив, зошто имаше премногу со моето име. Сега никој жител во Македонија не се вика како мене
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 12:30 ---
Ако маж ми има некое апла специфично презиме, ќе подразмислам
Мене ми е тоа важно, не мора на другите.
А инаку, како тоа јас ќе го понижам маж ми? А што треба - да се понижам себе?
Да бидам помалку родител од таткото, за мене е понижување, без оглед дали е презиме, или простор во кој би живееле.
Колку и да сакам некого, сепак, повеќе се сакам себе си.
А инаку твојата жена.... хм, па и мојот маж да просере нешто за ,,така треба да биде,,.... чек, уствари нема да дојдеме до делот со мажачка, многу пред тоа ќе го избришам.
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 12:34 ---
Па не знам дали е помодарство, јас сепак не познавам многу луѓе кои го направиле истото.
Кај мене прашањето не е ,,Зошто,,? туку
,,А зошто да не?,,
Не гледам јас причина, зошто некој не би го направил тоа - ако му е ќеиф.
Можеби на другите не им е важно, но јас си го сакам моето презиме, си го сакам и моето име, пред се,
презимето зошто е навистина ретко (бидејќи освен ние, постои уште едно семејство со ова презиме, кои ни се роднини, од прв братучед на дедо ми) и едноставно би сакала да опстои.
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 12:35 ---