The Edge^
the force
- Член од
- 11 јуни 2011
- Мислења
- 2.882
- Поени од реакции
- 2.397
Дербито на северозападот. Едно од најзначајните и најголемите ривалства во фудбалот. Судир на двата најтрофејни клуба во Англија, кои меѓусебно имаат 37 Лига титули. На тронот Јунајтед со 19, Ливерпул со 18. Многу повеќе од дуел, на теренот и на трибините. Дуел во кој нема победоносни фактори. Овде ништо не значи формата на тимот, бодовите, отсутните играчи. Противничкиот скалп во ова дерби е нешто најдраго во сезоната. Омраза меѓу двата тима, изјави на играчите од двата тима, дека противникот во ова дерби им е нај омразен тим; средства ретко се бираат за победа.
Сведоци сме за многу одлични натпревари кои ова дерби ни ги има понудено, секој меч е за себе своја приказна. Несомнено, ни следи одличен и голем натпревар.
Скаузери ќе добијат 2100 билети за овој натпревар, наспроти досегашните 3100, но знаеме и на Енфилд го намалија бројот на навивачи на Јунајтед. Штета, но незначи дека ќе нема жар на трибините.
Како што се знае формата, бодовите, отсутните играчи, ништо не значат овде. Но да ги наспомнеме
-Моменталната позиција на табелата:
- Моменталната форма (т.е. последните 5 натпревари)
- Тимски вести (колку што се може веродостојни, сепак има уште многу до натпреварот)
Манчестер Јунајтед: Јунајтед конечно почнува глава да дига од повредите, па така
Играчи кои што би биле спремни за игра се: Де Геа, Амос, Рафаел, Фабио, Фердинанд, Еванс, Евра, Керик, Гигс, Валенсија, Јанг, Сколс, Парк, Велбек, Руни, Чичарито, Бербатов, Амос, Погба, Кин, Фрејерс;
Играчи што се неизвесни: Клеверли, Џонс, Смолинг, Нани;
Дефинитивно аут: Линдегард, Видич, Овен, Андерсон,
Суспендирани нема
Ливерпул: Најзначано е да се напомени дека (можеби) најдобар играч во овој тим, се враќа од суспензијата од 8 меча (+1) што ја доби за расна навреда упатена кон играч токму на Јунајтед.
Играчи што би биле спремни за игра: Реина, Дони, Шкртел, Карагер, Енрике, Џонсон, Адам, Хендерсон, Белами, Џерард, Кајт, Керол, Суарез, Фабио Аурелио, Кели, Шелви, Даунинг,
Неизвесни/ и аут: Лукас.
(E сега, ќе ми простат скаузери (а и сите други) слаб сум со тимовитe на противниците, така да малку посиромашни податоци за вас..)
- Последни 8 меѓусебни дуели ( последните 3 сезони) Фа Куп (последниот дуел)Отприлика еден скромен вовед во големото дерби. Земам во предвид дека и рано е сепак отворена темата за детали околу тимовите. Но страстите и тоа како се загреани и спремете се, ни следува возбудлива недела!
Нека победи подобриот. Со среќа на двете страни!