Како требало да изгледа Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Планот негов го имаат пренаменето некои одредени експерти и незналици. Прво што е уништено е градскиот ѕид. Неговата идеја било да нема продавници за да може да има провев и да циркулира воздух према Карпош, нашите го смениле планот и тој провев го затвориле со продавници кои биле доделени на блиските луѓе од комунистичката партија.
Подобро армиран бетон и град проектиран за неколку илјадници жители отколку мешавина на барок, модернизам и милион жители.
 
И сега наместо актуелнава власт да учи од грешките и да го имплементира овој ГУП колку што може повеќе тие го прават Скопје Дизниленд. Немав ни јас ништо против СК 2014 на почетокот ама кога решија да прават панорамско тркало и административна зграда на плоштад сфатив дека некој во власта си има сериозни психички пореметувања.
 
Бог недо обва да се реализирало..абе не сте нормални..сите плукате бо барок и класицизам,зданија со уметност,душа и елеганција а се палите на натур бетон,голи и сиви ѕидишта ..глупости!
Едино што ми се допаѓа во овие проекти кај Тнаге е организираноста и симетријата..другото е ..:sick: Скопје со 15% реализација на тој проект изгледа денес сиво и грдо,а камо ли 100% да се реализирало.. уште еднаш ќе кажам,Бог недо.Фала му на Бога што ова не се реализирало!
 
ме потсеќа малце на ова
уствари не малце многу.
-не го видов крајот-пукна ли
ова некој Мариовец во Скопје зел стан во замена за
своето имање покрај Црна и дошол навечер во него
и наутро ко станал шо ќе види
пукај брате не се мисли нема живот овде каде
петел не пее и магаре не рика или читај Пазар 3.
 
Да бе, властите во Yugoslavia никогаш немаше да дозволат Скопие да стане по модерно от Београд
 
Врвот на Танговата-Тангевата-Танга замисла е пирамидата :LOL: Јако,може мислел тука да се мумифицираат сите повидни комунистички политичати :LOL:
 
-не го видов крајот-пукна ли
ова некој Мариовец во Скопје зел стан во замена за
своето имање покрај Црна и дошол навечер во него
и наутро ко станал шо ќе види
пукај брате не се мисли нема живот овде каде
петел не пее и магаре не рика или читај Пазар 3.
Не е пиштол тоа :)
Гледај го филмот, одличен е.
 
Бог недо обва да се реализирало..абе не сте нормални..сите плукате бо барок и класицизам,зданија со уметност,душа и елеганција а се палите на натур бетон,голи и сиви ѕидишта ..глупости!
Едино што ми се допаѓа во овие проекти кај Тнаге е организираноста и симетријата..другото е ..:sick: Скопје со 15% реализација на тој проект изгледа денес сиво и грдо,а камо ли 100% да се реализирало.. уште еднаш ќе кажам,Бог недо.Фала му на Бога што ова не се реализирало!

У овој случај морам да се сложам со Цитро, Скопје како град после пожарот 1689 или која и да беше се развива во провинциски стил, со тесни улички, со маала, со по некоја класично и неокласично здание изградено од турцие и повеќе од србите, значи бил типично балканско градче со душа.Скопје никогаш не били ниту било планирано да биде метропола. Планот на Кензо у тоа време може бил атрактивен, но тие бетонски заданија од 70-тите се толку грди и одвратни, особено денес, и не зборам само за Скопје, секаде какде што ги имало, и ги има. Пример на таков реализиран плански град е Бразлија, изграден во тоа време (60-70 ти), која мене лично ми е одвратна, ама Бразилија била изградена како нов град, а комбинирање на старо Скопје и бетонската грдосија на Кезно би била страшно нешто, не дека сега Скопје е многу убав, ама сепак е поарен него ли со реализација на тој план.

На центарот на Скопје му треба да се реставрира малце класичен дух, како што се прави сега, иако малце претерано и неплански, а за ваков сличен план како на Кензо денес би било убава идеја некаде во периферијата на Скопје да никне целосно нов дел, Ново Скопје, целото со високи згради од челик и стакло и мермер. Нешто како Париз, со стариот дел и со Ла Дефенс, новиот футуристички дел.
 
може денес скопје не е убаво , ама со бетонот на кензо ке бевме мртов град (од естестка гледна точка)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom