Многу го мрзам тоа ’’ЌЕ‘‘ !!!
Ќе ова, Ќе она . . . . и на свети никад ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ........
Како прво и прво во Македонијава и да се отвори ваквата фабрика, зарем имаме ние кадри/работници специјално едуцирани и обучени за вакви високо-стручни технолошки зафати, како производство на делови ....... не за томоси...... туку за МЕРЦЕДЕСИ(врвно светско ауто) !!!
Зарем некој озбилно мисли дека ние имаме кадар во нашава држава, кој навистина ќе може да произведува оригинални и квалитетни делови за Мерцедеси или пак за други марки на автомобили, автобуси, камиони и сл.
Или пак зарем имаме ние кадри, кои можат да произведуваат цели/делови за: компјутери, телевизори, мобилни и.т.н.
Не бе, ние сме природно ретардирани, за разлика од овие во Западна Европа.
Сме имале доволно машинска индустрија.
Дали си слушнал некогаш во животот за
Си-По (
http://www.sipo.com.mk/),
Амак СП (http://www.amac.com.mk/mk/products.asp) или
Велмакс (не од Велија
)
http://www.velmaks.com/velmaks/MKD/index.php?Производство на сигурносни појаси (каиши) за коли (Пежо, Фиат, Лада, Застава) и различни завртки навртки, ретрактори, брави, ретровизори итн..Трите фирми се остатоци од бившата фабрика на Застава во Охрид.
Дали си чул за
Руен - Кочани?
Исто соработуваа со наши, француски фирми и овие во комшии за металните склопки во возила (коли, камиони, автобуси, приколки, железнички и машински возила), ламели, лежишта, лагери,запчаници итн.
Дали си чул за
Санос
и
Неокар во Скопје?Ти кажа некој погоре дека првиве некогаш имаа п-во на 300 возила месечно со супер квалитет.Мерцедес им беше главен добавувач на мотори и механика.Сигурно не било за џабе.На вториве МАН.
Sanos е прв и засега единствен производител на двокатен туристички автобус во Југоисточна Европа, а Неокар уште пред 15 години произведуваше нископодни возила.Дел од материјалите за производство ги произведуваше Руен
.Проблем им беа само алчните сопственици (
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=22375) и власта.
АД Железник во Демир Хисар (http://www.zeleznik.com.mk/index.html)?Една од ретките фабрики во околинава за производство на челични профили произведени со ласерска и водена обработка.Работат производи за каменоломи, хидро и термо централи, машински возила, градежништво итн.
За
Колска ф-ка за шински возила - Велес?
Секогаш попозната прво по штрајк, отколку за нивната работа.Сигурно и од таа фабрика голем дел луѓе ќе се префрлат во новата фабрика - ако некогаш ја изградат.Работат со 30% капацитет поради слабите финансии во МЖ, а и никогаш не работела со 100% поради форсирање на двете фабрики за шински возила во Србија.Од годинава почнаа да работат вагони за странски железници (Косово и Словенија).После 20-тина години, прва година после завршена со позитивно салдо
http://tirekovmirece.com/Novost/Колска-со-добивка-од-200-илјади-евра.
МИ Брако - Велес?http://www.brako.com.mk/mk_brakoholding.htm Од производствени ленти, товарни приколки, телекомуникации, жичани производи до медицинска опрема.
Од фирмите за електро/електронска индустрија сигурно си чул за
http://www.emo.com.mk/index.cfm?id_hdr=5?
Во Тетово имаше фабрика за производство на телевизори и бела техника, после ја купи некој локален и ја упропасти.Произведуваа телевизори за Западна Европа (Голдстар - уште можат да се најдат во некоја дневна соба), а освен ова секакви работи од електро индустрија од трансформатори до сефови.Имаа(т) фабрики скоро во цела Македонија (
Охрид, Струга, Дебар, Кичево, М. Брод, Д.Хисар, Крушево, Скопје, Тетово, Гевгелија).Работат за Сименс и Бош, сигурно не поради неквалитет.Извозот им е од Балкан до Скандинавија, Западна Европа и Азија.А од друга страна се во стечај
Дали си чул за
ПАП - Охрид(
http://www.pap.com.mk/index.html)?
Единствена фирма кај нас за производство на спортски семафори за во сала и спортски семаори за промена на играчи (
ФФМ и другите федерации користат поскапа странска опрема; семафори од ПАП се поставени во салите Билјанини Извори, Младост, 26-ти Април, Јане Сандански, Јасмин, Форца), светлосни реклами, водено (waterjet) и ласерско сечење на различни материјали од метал до керамика.
Фринко - Битола работеше фрижидери и климатизација.
Слобода - Охрид произведуваа на правосмукалки, калорифери, бојлери и слични п-води за домашна употреба.Слично и
Леов - Велес ( http://www.leov.com.mk/bin/leov.php?language=mkсоларни колектори, шпорети, бојлери, термо печки итн.)
Микросам и
Металец - Прилеп?
http://www.mikrosam.com/new/article/en/history/ http://www.metalecprilep.com.mk/index_m.htmМеталопреработувачка и електро индустрија, соларни панели, кибернетика / роботика?
Штета шо дел од фирмиве се пропаднати или не работат нормално и со полн капацитет.Ама за работна сила не му се секирај.