Фан Клуб: Вардар

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Има ли абер од таа пуста Анталија што направиле нашиве против Ростов???

Што се однесува до Пандо мислам дека според својот квалитет за него и онака немаше место во првата постава, меѓутоа затоа барем за домашни рамки беше идеална резерва за Петров и Лико на страничните офанзивни позиции. Од првин немав ништо против доаѓањето на Филип Колеќески, меѓутоа ако неговиот ангажман беше однапред испланиран како замена за Пандо, мислам дека со таквиот потег воопшто не добивме на квалитет во играчките редови. Колеќески ниту е подобар а во крајна инстанца ниту пак ќе има поголема минутажа од Пандовски. Во една таква ситуација подобро да задржевме фудбалер кој потекнува од младинската школа на клубот одошто на негово место да ангажираме просечен ѓорчепетровец.
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Конечен резултат Вардар Ростов 1-0 следната е на 9 февруари со Славија Софија. Нека е честито, па се победи да редиме цела година.
Samo za arno za ubavo da e , no edno me interesira so koj sostav nastapi Rostov
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Екипата на Вардар со победа ги почна своите тест дуели во рамките на подготовките во Анталија совладувајќи го денеска составот на рускиот Ростов со 1-0.

Против кобинираниот Б тим на Ростов, со оглед на тоа што првиот тим на рускиот прволигаш вчера играше натпревар против украинскиот Металург Доњецк, единствениот гол за „вардарци“ го постигнал новото засилување Јован Костовски во 76. минута од дуелот.

Претходно Русите имале можност да поведат во 65. минута од средбата, но голманот Симов го одбранил ударот на противничкиот фудбалер.
Нашиот клуб, според информациите од Анталија, испуштил уште неколку убави можности и за поубедлива победа, меѓутоа сепак останува задоволството од првото издание на „црвено-црните“ во турскиот туристички центар.

Вардар на стартот од натпреварот со Ростов настапил во следниот состав: Захов, Илиевски, Вајс, Таневски, Цикарски, Оса, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Петров, Ивановски и Лико.
Второто полувреме „вардарци“ го одиграле во состав: Симов, Илиевски, Бошковски, Вајс, Таневски, Ацевски, Вељановски, Грозданоски, Костовски, Огбона, Колеќевски.

Поради повреда на коленото не настапи дефанзивецот Раденко Бојовиќ кој неколку денови ќе мора да паузира.
Следниот натпревар на лидерот во македонското првенство за време на подготовките во Анталија е на 9. февруари против бугарскиот прволигаш Славија Софија.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5285
 
П

Паспарту

Гостин
http://www.fc-rostov.ru/press/news/6622

Молодежь с минимальным счетом уступила «Вардару»


В Сиде завершилсја очередној контрольныј матч резервистов «Ростова»

Соперником команды Игорја Гамулы стал лидер македонского чемпионата – «Вардар» из Скопье. Матч получилсја по-настојаштему боевым. На 65-ј минуте желто-синие имели прекрасныј шанс выјти вперед, но Хагба не реализовал пенальти. А спустја 10 минут нашему сопернику удалось открыть счет, которыј до финального свистка не изменилсја – 0:1

«Ростов-м» — «Вардар» (Скопье, Македонија) – 0:1
Гол: Костовски, 75 (0:1)
Нереализованныј пенальти: Хагба, 65 (вратарь)
5 февралја. Сиде. Старлајт

Google Translate

Младите луѓе со минимален резултат дадоа "Вардар"

Страна Б заврши следниот тест меч резервисти "Ростов"

Ривал тим водеше со Игор Gamul македонски првенство - "Вардар" од Скопје.Натпреварот беше вистинска битка. Во 65 минута од жолто-сини имаше голема шанса да се понапред, но не Khagba казна. И по 10 минути на нашите противници успеа да отворите сметка, која до последниот свиреж не е променет - 00:01

"Ростов" - "Вардар" (Скопје, Македонија) - 00:01
Цел: Костовски, 75 (0-1)
Пропушти казна: Khagba, 65 (голманот)
5 февруари. Страна. Starlight
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Имам едно прашање до Скопијанец 1998, како што прочитав претходно ви е сте дел од ФК Вардар, па имам едно прашање до вас, дали сте во план страната ФК Вардар да ја усовршите,според мене тоа не бара многу средства/трошоци,а на обожавателите ќе им дадете многу повеќе информации. За сега сајтот ни е на ниско ниво, нема слики од тренинг,видео материјал,новости(имаме али многу малку) нема никакви новости за младите категории на Вардар, а треба да бидеме клуб кој во иднина ќе се базира на играчи од младинскиот погон.А разбирам дека и вие не можете се да направите во толку краток временски период, сепак почнавте од нула... Но мислам дека може повеќе да се направи. И сакам да знам дали ФК Вардар може да направи некаков договор натпреварите да ги гледаме на некој ТВ канал.
--- надополнето: 5 февруари 2012 во 22:39 ---
И не ми е јасно http://www.fc-rostov.ru/press/news/6622 сме играле со младинците на Ростов?! Зарем тоа за нас е добар тест колку играчите ни се спремни .....
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.302
Поени од реакции
18.324
Па со прва екипа една 10ка со кромид ништо чудни да ни лупнат ..не споредувај наша лига со руска.Ете ке има други пријателски ке се види до кај сме :) А за страната кажа ке ја средат..Све у свое време.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Сме играле со нивен комбиниран состав, со резервните играчи и некои младинци кои се земени на пробава...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Фала на одговорот момци! ;)
Па со прва екипа една 10ка со кромид ништо чудни да ни лупнат ..не споредувај наша лига со руска.Ете ке има други пријателски ке се види до кај сме :) А за страната кажа ке ја средат..Све у свое време.
Ќе се види... но ако како што знам сите сакат 3 коло Лига на Шампиони, а таму играат екипи многу по јаки од Ростов... Но како што кажавте се у свое време.
--- надополнето: 5 февруари 2012 во 22:59 ---
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.302
Поени од реакции
18.324
У то коло искрено не верувам да стигнеме,освен со среќа ко работнички што имаме..Сеа сите сакаат преку леб погача..Треба континуирана работа не може тоа туку така инстант за 1 година.Треба костур да се направи на тимот и да се воигрува.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Мислам дека комотно можеме да се носиме со ваков состав против просечна руска екипа како Ростов.
Со појаките би биле можеби само достоен противник, ама нема теорија да ги поминеме.
Ни требаат уште засилувања на бековските позиции...
Според мене одамна немало толку силен клуб на Македонскава фудбалска сцена. Е за успех во Европа ќе МОРА да не послужи и ждребката...
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Конечен резултат Вардар Ростов 1-0 следната е на 9 февруари со Славија Софија. Нека е честито, па се победи да редиме цела година.
Сега гледам на сајтот на Славија и таму не е наведено дека ќе играат со нас.
Еве им ги пријателските:
5 февруари (неделја) – Астра (Плоешт, Рум'нија)
8 февруари (срјада) - Иличевск (Украјна)
10 февруари (пет'к) - противник'т ште б'де определен в Анталија
13 февруари (понеделник) – Брашов (Рум'нија)
16 февруари (четв'рт'к) - Ујпешт (Унгарија)

Баш ме интересира, пошто на еден бугарски сајт даваат преноси од пријателските на нивните клубови во Анталија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom