Фан клуб: Куманово

  • Креатор на темата Кумани Куманово
  • Време на започнување

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ауф ама утакмица...вакво нешто треба да се доживее за да се раскажува.

Ги имавме Фени но на крај најдобриот Костоски можеше да биде и трагичар. Заслужено ги тепавме и покрај многуте судиски грешки кои беа во полза на Фени. Им признаа непостоечка тројка,мн недосудени фаули за нас... и ред други работи. Но и покрај се победи Борбено Куманово. Нели падна Фени во кумановскиот пекол ќе паднат и останатите. Само со Мзт ќе биде претешко.
 

xochipilli

Војвода
Член од
29 јули 2006
Мислења
426
Поени од реакции
116
Ауф ама утакмица...вакво нешто треба да се доживее за да се раскажува.
Све остало е излишено. Нешто што до сга не се е десило у Куманово. Екипа покажа дека има огроман потенцијал. Судија Марјан Стојовски е едно тешко копиле, али тим покажа дека е поголем и од туј стоку. Едно големо браво за сви кумани што се спуштисва у продужетци да навивав на трибину покрај терен.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Добар старт годинава 3/3 победи за Куманово, ако не го сметаме поразот од Кожув во пријателски натпревар. Одлична утакмица со Фени, адреналин 103,5 % како што вели Амди Бајрам. Не демантираа сите нас тука што мрчевме. :icon_lol: Костовски, Микиќ, Матиќ и Јанушевиќ ѕверови. Првиве двајца се во иделна петорка на колото. За Луковиќ повлекувам се што кажав само ме изнервира што направи неколку наивни фаули и што незнае да шутира слободни. Ме радува тоа што малку по малку се гради тимскиот дух и се навикнуваат играчите едни на други. Се виде тоа преку начинот на кој славеа. Следниве натпревари очекувам да му се даде шанса на Брукс место Младеновиќ. Веќе досаден сум со Брукс ама се гледа колку само сака да игра.

Очекувам да се обидеме да ги изненадиме Лирија на гости. После МЗТ дома. Победа против МЗТ за мене е еднакво на титула. Со ваков евентуален развој на настаните имаме големи шанси за плеј оф. Напред Куманово!
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Против Мзт само смирено,го нема Огњен,а сметам и дека Ацо е подобар од Огњен,Матиќ и Јанушевиќ ке можат да се носат со Дејвис и Вучоровиќ,Матиќ:cuc: е кока кола за Чековски,а за Тоше... нема играч што може да му парира во моментот во нашата лига,единствено ради висината Луковиќ ако може да направи нешто :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Реално против Љирија можеме се да очекуваме. Јас се надевам на минимална победа со која би ги задржале шансите за плејоф. Дома ќе паднат Торус,Лирија и Работнички...за Мзт сум убеден дека ќе не победат ...али пак зошто да не дојде Куманово пак до сензација? И против Фени бевме аутсајдери.
За на гостински терен сум скептик али едно знам дека само Работнички 100% ги добиваме на гостински пошто се класа послаби од нас....
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
84
Поени од реакции
15
Екипата на Работнички е казнета со 5.000 денари поради плукањето на домашните навивачи кон гостинските кошаркари за време на дерби-мечот со МЗТ Скопје, а идентична казна доби и Куманово, за неспортско навивање на своите навивачи на натпреварот со Фени индустри.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
52
Поени од реакции
32

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Дискриминација уште еднаш врз кумановци... ни лупнаа огромна казна. Требале уште да не казнат пред празна сала да играме.....
 
1

1292

Гостин
Куманово против МЗТ без Урош, утеха е што нема да имаме проблем со вишок на странски играчи и ќе може да игра Брукс.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Ај што не можу да иду у салу (на работу сам сга), па још и 5+ ќе гу пренесуе Љирију...Ццц
А за казну нема што друго да се каже осим двоструки аршини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom