- Член од
- 10 јануари 2011
- Мислења
- 1.658
- Поени од реакции
- 3.322
Вујо во Атлетико Мадрид ако тоа се случи ја го сечам оваквото!Муабетов што струи деновиве дела Вујо ќе го преземел Атлетико,се косат на реалноста. Атлетико може да најде класи подобар тренер од Вујо. Да се разбереме,јас сум Вардарец и го почитувам човекот,но тренерските способности му се ок,но сигурно не е кадарен да води таков клуб.
Што се однесува до Kире, мислам дека конечно треба и најдобриот десен бек во светот, да се испроба во најјаката лига во светот. Кире пред да се врати во Загреб имаше изјава дека Бундеслигата му е голем предизвик но дека е многу физички исцрпувачка лига и значајно ќе му ги скрати играчките денови,и затоа се реши за Загреб а потоа и за Суидад. Тогаш имаше 27 години. Сега мислам дека е во топ форма за во Германија. Хамбург е опасно амбициозна екипа со светска класа играчи. Соиграчи ќе му бидат Битер голманот, Јансен и Линдберг(го памтите овој) Хрватската тројка Вори,Дувњак и Лацковиќ,Хенс итн. Кире на десен минутите ќе ги дели со Лиевски и Вугринец, но по мое мислење тој е поквалитетен од нив
За разлика од шити многу побрзо го имаат направено успонот и немаат 60 играчи и не се жалат дека им фалат уште 2-3ца.Хамбург е ракометниот Манчестер Шити, најбогат клуб шо никогаш нема да освои ЛШ.![]()
Бундеслигата е во секој поглед најјака лига во светот.Вистинска ракометна НБА.Вујо во Атлетико Мадрид ако тоа се случи ја го сечам оваквото!
Стварно незнам зошто би одел во Хамбург?!? Најдобро за Кире во моментот е да си остане во Атлетико Мадрид кој е за класа подобар тим од Хамбург. Минатата година а гледам и оваа земајќи ги во предвид резултатите (финалето во лигата на шампионите како и овогодишните напревари по групи) а не тоа што зборуваат новинарите два најдобри европски тима се од Шпанија (Барселона и Атлетико Мадрид). Ја видовме Германија и нивната јака бундес лига и на првенството и во лигата на шампионите. Изминатите години кога и да се сретнеа Хамбург и тогашен Сиудад Реал овој вториот си играше играчки со првиот (и на гости и по дома).
Никаде не спомнав јас дека Сиудад не се сериозна екипа,напротив, еден од гигантите на европскиот ракомет, сета должна почит кон нив и нивните постигнувања,но дека се за класи појаки од HSV не се согласувам. Исто така ова за јачината на Бундеслигата we agree to disagree поздравАман веќе што другите викаат, абе остај ти што сите викаат за бундес лигата да може најмногу пари има таму али најдобар ракомет се игра во Барселона и Атлетико. А зошто е за класа Аткетико подобар од Хамбург тоа е јасно како бел ден само види го ова http://en.wikipedia.org/wiki/BM_Ciudad_Real#Trophies и спореди го со ова http://en.wikipedia.org/wiki/HSV_Hamburg#Accomplishments
![]()
Штом си го мериш со трофеи ти мора да навиваш у фудбал за Милан или Реал. Бундеслигата е убедливо најинтересната и најизедначената лига у ракомет. И секако најголеми средства се вложуваат таму. И секаде тоа се говори. Лигата не се мери меѓу два клуба.Аман веќе што другите викаат, абе остај ти што сите викаат за бундес лигата да може најмногу пари има таму али најдобар ракомет се игра во Барселона и Атлетико. А зошто е за класа Аткетико подобар од Хамбург тоа е јасно како бел ден само види го ова http://en.wikipedia.org/wiki/BM_Ciudad_Real#Trophies и спореди го со ова http://en.wikipedia.org/wiki/HSV_Hamburg#Accomplishments
![]()
Reale Ademar LeónШтом си го мериш со трофеи ти мора да навиваш у фудбал за Милан или Реал. Бундеслигата е убедливо најинтересната и најизедначената лига у ракомет. И секако најголеми средства се вложуваат таму. И секаде тоа се говори. Лигата не се мери меѓу два клуба.Има 10 клуба у Германија со многу квалитетни играчи, а во Шпанија све што е добар играч игра у Барса или Атлетико. Распоредот е многу понапнат у Германија и затоа појше среќа у фајналфорот имаат шпанските екипи.
Канељас не е нешто посебноДека е посилна Бундес лигата од Асобал во секој случај...
Покрај Кил и ХСВ,тука е еден силен Фуше Берлин,еден Фленсбург кој сеуште е во врвот,Рајн Некар Ловен малку разочараа оваа сезона,ама и тој проект е доста сериозен и сигурно ќе се вратат на нормала......
Можеби не се силни како некогаш но сеуште се одржуваат Магдебург и Лемго...
Тука е освојувачот на купот на ЕХФ Гепинген..
Кога ќе се спореди силата на Асобал лигата со оваа на германските гиганти е видлива разликата.....
Страшна лига во која е стациониран огромен квалитет....
Асобал Лигата го има можеби најсилниот состав во моментов во светот Барселона.....
Атлетико е тука некаде за нијанса послаб.......Адемар класа зад нив,Ваљадолид две класи.....
И толку. другото е гола вода....
Да се вратам на Кире...
На Кире му одговара ракомет каде шо има помалку контакти,кај шо нема ТЕПАЧИ...
Германскиот ракомет е многу,многу погруб од шпанскиот.....
Ако оди во ХСВ,ќе мора да поработи на тој сегмент во својата игра...ќе мора да внимава да не се повреди,зошто дуелите се страшни,секоја недела има тешки мечеви,не е такла релаксирано како во Шпанија.....
Има многу комбинации,се ќе зависи од новиот тренер на Атлетико....
Да не заборавиме дека ако остани Кире во Шпанија ќе има конкуренција на десен бек..
Од лето доаѓа Бараше од Шамбери,така да ќе мора да ја дели минутажата со него..
Ако оди во ХСВ најверојатно ќе биди партнер со Лијевски(ако остани здрав,се изнамачи кутри Лијевски со повреди)....
Како и да е,од финаниски аспект сигурно подобра опција е ХСВ,Шпанците ни од далеку не можат да се мерат со ХСВ....
Доколку Душебаев му вети добра минутажа треба да ја искористи шансата и конечно пред крајот на својата кариера да се проба помеѓу најдобрите...
П.С.
chains....
Атлетико досега според прикажаното според мене е покомпактна екипа од ХСВ....
Можеби по имиња ХСВ е поатрактивен,и подобро покриен на скеоја позиција,но како екипа на терен подобро функционира Атлетико....
Како прво...Атлетико има подобра одбрана и подобри голмани....
Штербик и Омбрадос во споредба со Бојтлер и Битер се во предност,посебно еден здрав и спремен Штербик...
Специјалисти за одбрана како Динар и Калман...
Атлетико е подобар на десен бек(Кире),на десно крило(Абало во секој случај пред Линдберг)....
На бековските позиции(освен десен бек) ХСВ е посилен,ослабен е Атлетико оваа сезона,им заминаа Зорман,Фернандез...
На среден бек останаа со Шема Родригез,страшен играч ама го стигнаа годините...Канељас не е нешто посебно,Маркусен и Јуркиевич не се лоши,ама не се класа играчи....
Но пред се системот на игра на Атлетико е предноста пред ХСВ...(барем така беше до оваа сезона,ако се сретнат меѓу себе на пролет ќе ги видиме силите на двата тима)
Но настрана се ова...
ХСВ е тим со подобра иднина,имаат огромен тим од спонзори кој стои зад нив,за разлика од Атлетико кој мака мачи со парите..
Го намалија буџетот,го сменија името и се преселија во Мадрид само со надеж дека полесно ќе најдат спознори,ама не оди така лесно како во Германија....
Како и да е,Кире има таква чест да бира кај ќе игра,да бира помеѓу две од ТОП 10 екипи во светот...