Дури 8 од 10 Грци против зборот Македонија во името на земјава

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дури 8 од 10 Грци против зборот Македонија во името на земјава

Дури 8 од десет граѓани на Грција се против употребата на зборот Македонија во името на земјава. Фрапантните податоци од истражувањето на јавното мислење ја откриваат и главната причина за отпорот на грчките власти при решавање на спорот за името. Според резултатите, најголемиот дел од граѓаните на европска Грција повеќе се секираат за националната гордост отколку за потребата од храна. Не куртулија ни политичарите. Папандреу и Пападимос народот ги гледа како предавници.​

Против терминот Македонија во името на нашата земја се изјасниле 8 од 10 Грци, во анкетата спроведена за интернет порталот Њузбомб. Во истражувањето спроведено на 1.000 испитаници од цела Грција, 75,4% се изјасниле против именката Македонија или изведените зборови од неа, 14,1 % немаат проблем, додека пак останатите 10.5% се неодредени односно или не сакале да одговорат или биле неутрални.

Во телефонската анкета, спроведена кон крајот на минатиот месец, било земено предвид и тоа за која партија гласал испитаникот на минатите парламентарни избори. Па така, противењето доаѓа од сите грчки политички партии, па дури и од радикалната левица - повеќе од половина – 53% од испитаниците од СИРИЗА не се согласуваат со името Македонија за нашата земја. Очекувано, најголемиот процент доаѓа од ултра десничарската ЛАОС - 85%, додека пак поддржувачите на Неа Димократија и ПАСОК се со 75% односно 64 % против.

Порталот што го спроведе истражувањето коментира дека грчкиот народ дури и во најлошиот период од модерната историја на земјата, дава приоритет на националното достоинство, кое го става дури и пред потребата за храна.

Што се однесува до актуелната ситуација во земјата, во истото истражување, мнозинството од Грците се изјасниле дека Папандреу го продал суверенитетот на земјата, Пападимос дека им служи на странските интереси.
Сања Ристовска​
Јасно е зошто позициите на Гејлада се толку цврсти.​
Нејасно е зошто Европа и НАТО а богами и некој домашни политичари го толерират, одобруват дури и подржуват овој фашизоиден национализам .​
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Абе грчкиот народ пред две или три години не го интересираше националната гордост, сега се повеќе се наклонети на тоа, вајда политичарите успеале да им го исперат мозокот :tapp:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Како се зголемува сиромаштија, секој народ попрво го интересира националната гордост и му е на прво место. Тука е вклучена и Македонија.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Абе грчкиот народ пред две или три години не го интересираше националната гордост, сега се повеќе се наклонети на тоа, вајда политичарите успеале да им го исперат мозокот :tapp:
А бе сеа... пред две три години и ние немавме Воин на Коњ на сред плоштад ама ајде.

Грците се морони, но и нашиве политичари не помагаат баш.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
А бе сеа... пред две три години и ние немавме Воин на Коњ на сред плоштад ама ајде.

Грците се морони, но и нашиве политичари не помагаат баш.
Кажи ми како помогна 18 годишното лижење и клечење на колена пред Гејовите (промена на устав, знаме, име, договор во кој се обврзуваме дека немаме територијални претензии и тн. и тн.)?Национализмот кај Грците не е од вчера. Туку си ја имат мувата на капата, што поради украдена територија , што поради украдена историја , што поради протерувањето на населението од егејска Македонија.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Кажи ми како помогна 18 годишното лижење и клечење на колена пред Гејовите (промена на устав, знаме, име, договор во кој се обврзуваме дека немаме територијални претензии и тн. и тн.)?
А бе види, јас не викам дека треба да се “клечи“ и “лиже“, далеку од тоа...

Само треба малку попаметно и дискретно да се делува. Затоа што ако Гејовите за нешто ги бива, тоа е за пропаганда, и подмолност.

Пр. ако парите за Воинот на коњ, да речеме се пренаменеа за истражувања, носење археолози, историчари од познати светски институти, или за странски советници дипломати, ќе имавме многу поголема придобивка.

Не ме ставајте на клада одма. Тоа си е мое мислење.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.913
Поени од реакции
11.676
Само Хитлер за циганиве!
 
Не далеку од тоа да те стаам на клама, само дискутираме. Муабетот ми е дека споменикот на Александар не е причина за Гејовската политика туку само можат да го користат како изговор, но и за тоа добија КЛОЦА од ХАГ. Александар ни е потребен на нас како нација најмногу за да излезе она што е потиснувано со години и на некој начин да се врати гордоста и почитта кон она што сме а не кон онаа што некој сакат да бидеме.
Што се однесува до археологијата и тоа за разлика од порано си тече паралелно со градењето на она што било со децении запоставувано.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 20:50 ---
Само Хитлер за циганиве!
Па исти се со него. На масакарот што го имат направено 1948 и Хитлер не му е рамен.
А и ден денеска не признаваат ни една друга нација освен Гејовската од тоа поголем Хитлер амин.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Абе грчкиот народ пред две или три години не го интересираше националната гордост, сега се повеќе се наклонети на тоа, вајда политичарите успеале да им го исперат мозокот :tapp:
Исто и кај нас мозоци се перат на велико.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.476
Поени од реакции
24.226
не се согласувале со нашето име.
бреј бреј бреј.
демек треба да го прашам комшијата како ке ми се вика детето.
тоа ти се вика во филм влегување.
а ако сте биле грција некаде кај 80 години од прошлиот милениум немаше ни м да видите од македонија, од аце и сонцето од кутлеш.
ако одите сега на секој чекор ги има. така да ако можат тие , не гледам зошто не би смееле и ние, баш напротив.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
А бе сеа... пред две три години и ние немавме Воин на Коњ на сред плоштад ама ајде.

Грците се морони, но и нашиве политичари не помагаат баш.
Што мислиш ти воинот на коњот го направи грчкиот народ се повеќе да се противи за македонскиот народ, не викам дека не беше искра за да се запали огинот, но што уште ќе се лижеме ? се лижеме веќе доста долго време и тоа на сите им се лижеме и што добивме со тоа ? Треба да сфатиш дека и со коњ и без коњ сме приморани за да го смениме името за да влеземе во ЕУ...И што сакаш да ти помогне политичарите коа е иста приказна и со ВМРО и со СДСМ под притисок се од ЕУ и од Америка...Како ни диктираат така играме навикни се ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom