Не знам кога ќе се формира тој пол кој ќе биде предводен од Русија но и јас мислам дека тоа ќе се случи многу побрзо отколку што западот предвидува.и се слагам со тебе дека САД не е во нејзините златни 90-ти години ама сепак по законот на инерција тие се една неверојатна колосална сила која не може да ја сопреш така лесно.Таа има 11 носачи на авиони и 10-тина крстарици и во тактичка локална или регионална војна која е далеку од нивните и руските граници има голема предност во однос на Русија.Русија не е баш како СССР, ама ќе ја врати таа моќ 2025 година.
Ама и САД денес не се како во периодот на златното доба (1989-1994) на секаков план (воен, технолошки, политички). И тешко дека во иднина ќе се врати тој период...
Мислењето дека Русија е пасивна воопшто не е точно,туку точно е дека Русија со капацитетите со кои располага е екстремно активна, но тоа се сегашните можности.
Владимир Путин пред неколку месеци во посета не еден руски гарнизон ја даде најважната изјава на еден руски претседател во последните 20 години а тоа е дека стратегиското повлекување на Русија заврши и од сега рече одиме само напред.
За таа цел е направен најважниот чекор со давање на 65о милијарди долари за вооружување до 2020 година.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 16:13 ---
Би сакал да си ти во право ама не е така штсе однесува за воената моќ на Русија и СССР.Воената моќ на Русија е иста, па и поголема од онаа на СССР, но политиката на Москва е сосем различна од тоа време. Нема борба против капитализмот. Сега гледаат да добијаат што е можно повеќе. Се работи за интереси. Русија ја боли таквото за Иран дали гори или не, се додека има корист.
Армијата на СССР беше опремена со најмодерно вооружување во свое време, имаше неспоредливо повеќе пари за вооружување и воопшто пари за целокупните трошоци.
Ова што Русија сега го има се во 70 и повеќе проценти остаток од Црвента Армија што во денешно време ја прави веќе застарена во однос на САД(не во однос на другите држави).
Најмалку половина од поранешното вооружување на Црвената Армија не можеше да го одржува во (тука не мислам на пушки застарени тенкови и авиони туку на вооружување кое пренесува и може да пренесе армија на далечен поход.
Во таа немаштија и расуло единствено кое го задржа е нуклеарниот потенцијал кој и го обезбедува мирот и безбедноста на Русија и светот.